Кримско Ханство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
|native_name = قريم يورتى
''Qırım Hanlığı''
|native_name = قريم يورتى
''Qırım Hanlığı''
|conventional_long_name = Кримско ханство
|conventional_long_name = Кримско ханство
|common_name = Кримско ханство
|common_name = Кримско Ханство

|continent = Европа
|continent = Европа
Ред 37: Ред 37:
|today = {{flag|Ukraine}}
{{flag|Russia}}
{{flag|Moldova}}
|today = {{flag|Ukraine}}
{{flag|Russia}}
{{flag|Moldova}}

'''Кримското ханство''' била држава на [[Кримски Татари|Кримските Татари]] која постоела во периодот од [[1449]] до [[1783]] година.
'''Кримско Ханство''' држава на [[Кримски Татари|Кримските Татари]] која постоела во периодот од [[1449]] до [[1783]] година.

Државата била основана од страна на [[Бату хан]] - внук на [[Џингис Кан]]. Земјата се простирала на [[Кримски полуостров|Кримскиот полуостров]], териториите помеѓу [[Дунав]], Днепар и голем дел од денешниот [[Краснодарски крај]] на [[Русија]]. Од [[1478]] година официјално станала вазална држава на [[Отоманската империја]] до потпишувањето на [[Ќучуккајнарџиски договор|Ќучуккајнарџискиот договор]] во [[1774]] година, кога добила фиктивна независност. Во [[1783]] година била анексирана од [[Руската империја]].
Државата била основана од страна на [[Бату хан]] - внук на [[Џингис Кан]]. Земјата се простирала на [[Кримски полуостров|Кримскиот полуостров]], териториите помеѓу [[Дунав]], Днепар и голем дел од денешниот [[Краснодарски крај]] на [[Русија]]. Од [[1478]] година официјално станала вазална држава на [[Отоманската империја]] до потпишувањето на [[Ќучуккајнарџиски договор|Ќучуккајнарџискиот договор]] во [[1774]] година, кога добила фиктивна независност. Во [[1783]] година била анексирана од [[Руската империја]].

Преработка од 02:39, 1 август 2018

Кримско ханство
قريم يورتى
Qırım Hanlığı
Вазал на Османлиската Империја (1478–1774)

1449 – 1783

Грб

Местоположба на Кримско Ханство
Земјата во 1600
Главен град Бахчисарај
Јазици Кримскотатарски, отомански
Вероисповед ислам
Уредување наследна монархија
Хан
-  1449-1466 Хаџи I Гирај (прв)
-  1777–1783 Шахин Гирај (последен)
Историја
-  Основана 1449
-  анексирана од Русија 1783
Денес во  Украина
Русија
Молдавија

Кримско Ханство — држава на Кримските Татари која постоела во периодот од 1449 до 1783 година.

Државата била основана од страна на Бату хан - внук на Џингис Кан. Земјата се простирала на Кримскиот полуостров, териториите помеѓу Дунав, Днепар и голем дел од денешниот Краснодарски крај на Русија. Од 1478 година официјално станала вазална држава на Отоманската империја до потпишувањето на Ќучуккајнарџискиот договор во 1774 година, кога добила фиктивна независност. Во 1783 година била анексирана од Руската империја.

Во времето по смртта на Хаџи Гирај, земјата била воведена во граѓанска војна од страна на неговите синови кои се бореле за власта. Ова најмногу го искористиле османлиските власти кои го поставиле Менгли Гирај за хан. Неговата ќерка Ајше Хафса султан подоцна била омажена за Селим I. Во 1475 година, Османлиите на чело со Гедик Ахмед паша го освоиле грчкото кнежество Теодоро како и џеновските колонии, по кое земјата во тоа време станала протекторат на империјата.

Османлискиот султан го уживал правото на вето при избор на ханот од Крим. Во 1475 година Османлиите го затвориле Менгли Гирај поради откажувањето да се вклучи во воен поход, а по враќањето од заробеништво од Истанбул тој ги прифатил сите наложени услови од султанот. Сепак, хановите продолжиле да имаа независна надворешна политика од Османлиите, а освен тоа тие не биле обврзани да плаќааат данок и ги споменувале султаните во нивните петочни молитви.

Османлиите на Крим плаќале за квалификација на нивната коњаница, но ова се одржало до 1523 година кога на чело на земјата бил Мехмед I Гирај. По неговата смрт следните ханови биле избирани под силно влијание на султанот. Кримските сили учествувале во голем дел од европските и азиските освојувања на Османлиите. Освен тоа постојано тргувале и со робови, па според проценките околу 3 милиони луѓе биле продадени од кримските пазари за робиви кон османлиските земји. Како еден од најпознатите такви робови била и идната сопруга на Сулејман, Рокселана.

Незадоволството во земјата во односите со Османлиите станале ладни во времето кога империјата започнала со своите порази во Европа. Така, војниците се враќале без плен, а кримската коњаница имала голем број на жртви главно поради силните европски топови. Кон крајот на 17 век, Русија станала стабилна земја и по крајот на војните со Османлиите земјата станала најпрвин независна а подоцна паднала во границите на Русија.