Пабло Неруда: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Интервики за избрани статии за sl:Pablo Neruda
с Бот Додава: sq:Pablo neruda
Ред 42: Ред 42:
[[Категорија:Добитници на златен венец на Струшките вечери на поезијата]]
[[Категорија:Добитници на златен венец на Струшките вечери на поезијата]]
[[Категорија:Добитници на Нобелова награда за литература]]
[[Категорија:Добитници на Нобелова награда за литература]]

{{Link FA|sl}}


[[af:Pablo Neruda]]
[[af:Pablo Neruda]]
Ред 91: Ред 93:
[[simple:Pablo Neruda]]
[[simple:Pablo Neruda]]
[[sk:Pablo Neruda]]
[[sk:Pablo Neruda]]
[[sl:Pablo Neruda]] {{Link FA|sl}}
[[sl:Pablo Neruda]]
[[sq:Pablo neruda]]
[[sr:Пабло Неруда]]
[[sr:Пабло Неруда]]
[[sv:Pablo Neruda]]
[[sv:Pablo Neruda]]

Преработка од 11:33, 14 септември 2008

Предлошка:Писател

Пабло Неруда (12 јули 190423 септември 1973) е псевдонимот, а подоцна и официјалното име на чилеанскиот писател и комунист Рикардо Елиесер Нефтали Рејес Басоалто. Неговите дела се преведени на многу јазици, а Пабло Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на 20-тиот век.

Поезијата на Неруда е разгранета во неколку различни стилови и мотиви, почнувајќи од еротските љубовни песни (како "Бели ридови"), надреалистичните поеми, историските епови, како и политичките манифести. Можеби најобожаваните песни на Неруда се "Оди за скршените нешта," собрани во неколку томови. Колумбискиот романсиер Габриел Гарсија Маркез еднаш го нарекува Неруда "најголемиот поет на 20-тиот век на било кој јазик". Во 1971 година, Неруда ја добива Нобеловата награда за литература, а следната година и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Неруда е поетот кој ќе чита пред најмногубројна публика и тоа на два пати. На 15 јули 1945 година на стадионот Пекамбу во Сао Паоло, Бразил, тој чита пред 100,000 луѓе песни во чест на комунистичкиот водач и револуционер Луис Карлос Престес.[1] Откако ја прима Нобеловата награда за литература, на покана од претседателот Салвадор Аљенде, Неруда рецитира делови од својата поезија на Estadio Nacional пред повеќе од 70,000 луѓе.

Во текот на својот живот, Неруда е неколку пати на видни дипломатски позиции, а кратко време е и секретар на Чилеанската Комунистичка Партија. Кога конзервативниот чилеански претседател Габриел Гонзалез Видела ќе спроведе терор врз комунистите во Чиле, издаден е налог за апсење на Неруда. Неговите пријатели со месеци го кријат во подрумот на една куќа во пристанишниот град Валпараисо. Преку планина, во близина на езерото Маихуе, Неруда успева да избега во Аргентина. Подоцна, Неруда ќе биде близок соработник на социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде.

Хоспитализиран е со рак во времето на државниот удар кој го предводи Августо Пиноче и во текот на кој неговиот близок пријател Аљенде ќе го изгуби живоот. Неруда умира од инфаркт дванаесет дена подоцна. Веќе легенда во текот на својот живот, по смртта Неруда ќе стане вистинска митска личност - неговиот погреб ќе прозвучи насекаде низ светот. Имено, по наредба на Пиноче погребот на Неруда не смеел да стане јавен настан, но илјадници чилеанци, со солзи во очите, и покрај смртните закани, ги преплавуваат улиците во чест на големиот поет. Со тоа, погребот на Неруда се претвора во прв голем јавен протест против новововедената диктатура.

Својот псевдоним, Неруда го презема од името на чешкиот писател и поет Јан Неруда; подоцна тоа му станува негово легално и официјално име.

Белешки

  1. Неруда - животот на поетот - хронологија (1944–1953), Fundación Neruda, Чилеански Универзитет.

Надворешни врски

Предлошка:Link FA