Перо Ивановски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9: Ред 9:
Во април [[1942]] Ивановски е уапсен од бугарската агентура кај селото [[Голозинци]], Велешко. При апсењето се обидел да се самоубие, но не му успеало. Осуден е на 15 години робија. На [[20 јуни]] [[1944]] година, заедно со [[Васил Ивановски]], [[Димитрија Алексовски - Пекар]] и [[Никола Димитровски - Грчето]], успева да избега од затворот „Идризово“<ref>Стојан Илиќ - Каталенац „Никола Димитровски - Грчето“, Скопје, 1997, 87 стр.</ref> и веднаш се приклучува во [[Трета македонска бригада|Третата македонска (кумановска) бригада]]. Потоа, до [[25 септември]] 1944 година е политички комесар на 11 бригада,<ref>[http://ororm.org/backend/DataFiles/vesnik%20Oficer%20br7%20za%20e-mail%202.pdf „Офицер“, бр. 7, 2011, 7 стр.]</ref> па на 42 бригада завршно со [[48. Дивизија на НОВЈ|48 дивизија на НОВ и ПОМ]].<ref>{{цитирана книга|title=Zbornik dokumenata i podataka o narodno-oslobodilačkom ratu jugoslovenskih naroda: knj. 1-[4 ]. Borbe u Makedoniji 1941-1944|publisher=Vojno-istoriski institut Jugoslovenske armije|date=1954}}</ref> Пишувал за органот на [[НОФ]] за [[Македонија]], „[[Илинденски пат]]“.

=== По ослободувањето ===
По Ослободувањето работел во [[ОЗНА]], а потоа раководел крупни стопански организации (директор
По Ослободувањето работел во [[ОЗНА]], а потоа раководел крупни стопански организации (директор
на [[ФАС Санос|ФАС „11 Октомври“]] и на Железарницата во Скопје).<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 590 стр.</ref> Од [[1967]] до [[1973]] година бил претседател на Извршниот одбор на [[Комерцијална банка - Скопје|Комерцијална банка]].<ref>[http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=30&type=r „50 години Комерцијална банка“, 62 стр.]</ref>

Преработка од 20:11, 2 јули 2018

Перо Ивановски - Тиквар (Прилеп, 28 април 1920 - 28 јуни 2018) — македонски комунист, учесник во НОВ.[1] Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ.

Биографија

Млади години

Ивановски е роден 1920 година во Прилеп. Уште како млад кожарски, па потоа и тутунарски работник ја почувствувал експлоатацијата и се вклучил во револуционерните раздвижувања на работништвото во кралска Југославија. Во 1936 година станал член на СКОЈ, а во 1938 година на КПЈ. По 1938 година станал секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп. Од септември 1940 до август 1941 година е организациски секретар на ПК КПЈ за Македонија. Во октомври 1940 година бил делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во 1940 е сменет од ПК од страна на Методија Шаторов - Шарло, но кон крајот на истата година бил вклучен е во работата на МК КПЈ за Скопје, а набргу по расчистувањето со Шарло врши должности и во МК на ПШ на НОВ и ПОЈ за Македонија.

Во НОБ

Во април 1942 Ивановски е уапсен од бугарската агентура кај селото Голозинци, Велешко. При апсењето се обидел да се самоубие, но не му успеало. Осуден е на 15 години робија. На 20 јуни 1944 година, заедно со Васил Ивановски, Димитрија Алексовски - Пекар и Никола Димитровски - Грчето, успева да избега од затворот „Идризово“[2] и веднаш се приклучува во Третата македонска (кумановска) бригада. Потоа, до 25 септември 1944 година е политички комесар на 11 бригада,[3] па на 42 бригада завршно со 48 дивизија на НОВ и ПОМ.[4] Пишувал за органот на НОФ за Македонија, „Илинденски пат“.

По ослободувањето

По Ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел крупни стопански организации (директор на ФАС „11 Октомври“ и на Железарницата во Скопје).[5] Од 1967 до 1973 година бил претседател на Извршниот одбор на Комерцијална банка.[6]

На 10 окотомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликува Перо Ивановски - Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“, а поради „неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава.“[1] Претседателот Иванов истакна дека „учесниците на Првото заседание на АСНОМ се основоположниците на македонската државност. Пред 70 години беа шеесетмина, а денес остана само еден. Денес имаме чест да му се заблагодариме на последниот учесник на АСНОМ кој е меѓу нас и еден од основоположниците на Македонија, Петар Иваноски – Тиквар".

Примајќи го високото одликување, Ивановски - Тиквар истакна:

„На утрешниот ден [11 Октомври] во 1941 година се сврте македонскиот народ и му викна на окупаторот не ве сакаме. Од тој ден, од тоа не ве сакаме поминаа многу тешки денови, месеци и години дури не се создадоа услови да дојде денот да се свика Собранието на АСНОМ на кое се донесе решение за државност. Сите очекувавме дека Панко Брашнаров сериозно ќе го отоври Собранието и ќе зборува за тешките и мачни одлуки кои треба да се донесат. Но, тој имаше визија за Македонија и ни кажуваше каква ќе биде во иднина. На тој начин помогна полесно да се усвојат решенијата кои беа приготвени за да го добиеме тоа што другите го имаа, а ние го немавме – државноста.“[2]

Починал на 28 јуни 2018 година.[7]

Наводи

Надворешни врски