Црнобуки: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°7′27″N 21°19′23″E / 41.12417° СГШ; 21.32306° ИГД / 41.12417; 21.32306
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 77: Ред 77:


== Култура и спорт ==
== Култура и спорт ==
Фудбалскиот клуб од село Црнобуки се вика "Црно Буки ЗЛ"<ref>[http://macedonianfootball.com/team/29758-2/|title=Crno Buki ZL |date=22 July 2002|access-date=28 June 2018|publisher=MacedonianFootball.com|language=English}}</ref> и во сезоната 2018/19 се натпреварува во третата лига Југозапад.
Фудбалскиот клуб од село Црнобуки се вика "Црно Буки ЗЛ"<ref>{{http://macedonianfootball.com/team/29758-2/|title=Crno Buki ZL |date=22 July 2002|access-date=28 June 2018|publisher=MacedonianFootball.com|language=English}}</ref> и во сезоната 2018/19 се натпреварува во третата лига Југозапад.


==Личности==
==Личности==

Преработка од 19:25, 28 јуни 2018

Црнобуки е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Црнобуки
Црнобуки во рамките на Македонија
Црнобуки
Местоположба на Црнобуки во Македонија
Црнобуки на карта

Карта

Координати 41°7′27″N 21°19′23″E / 41.12417° СГШ; 21.32306° ИГД / 41.12417; 21.32306
Општина Општина Битола
Шифра на КО 02123
Надм. вис. 573 м
Црнобуки на општинската карта

Атарот на Црнобуки во рамките на општината
Црнобуки на Ризницата

Географиja и местоположба

Црнобуки е пелагониско село со четиристотини жители и се наоѓа на стратешка позиција на само неколку километри пред Битола, помеѓу двете патни артерии кон Демир Хисар и Прилеп. До таму води патот за Демир Хисар преку Кукуречани, а веднаш потоа забраздува низ полето се до реката Шемница, околу која се изградени куќите. Селските ниви се распослани кон утробите на Пелагониската котлина до „прилепското џаде“ кај месноста Петилеб, а на другата страна над црквата се ридовите кои од памтивек селаните ги викаат Градиште. Од кај Лисолај, село со најубавото битолско грозје, земјен пат се искачува кон височините. Таму под самиот врв, во сува рида, зад едно големо дрво, од стените извира кладенецот Самовилец, кој никогаш не пресушил. Тука секогаш има оставено крпи, пари и други дарови. Селаните го сметаат за петочна вода. Од секаде доаѓаат жени што немаат пород. Оваа вода со својата мистичност и моќ, испиена во петок, помогнала намерничките да го добијат најпосакуваниот божји дар, породот и мајчинството, велат селските преданија. Оттаму, кон долината на Шемница распослан е големиот рид Стари Град. На самиот врв има две пештери, во кои девет децении никој не влегол. Најстарите од Макаловци, Белокозовци, Брдаровци и другите црнобучки фамилии раскажуваат дека таму биле стационирани војските од Прва светска војна. Во едната пештера бил лазаретот, а друга била магацин со муниција. Долу под селото се пресекувал фронтот и по Шемница течела крв до колена. До денес, овие тајни останаа неразгатнати, а уште помалку тајните од далечните времиња.

Историja

Од памтивек по нивите и селските дворови, селаните од Црнобуки наоѓале разни предмети од античко време: ќупови, амфори, мермерни предмети и монети. Кога се направија колективите во времето на социјалистичките егзалтации и селски мачнини, возрасните биле загрижени за опстанокот на нивните семејства, а децата си играле со тие предмети. Никој не помислувал дека тоа се скриените камчиња на еден голем мозаик, што по половина век и подоцна, ќе ги создаде дилемите, дека тука се крие колевката на последниот македонски цар Персеј и дека во утробите на Стари Град се крие царството Персеида. "Селската чешма, која се напојува со изворска вода близу црквата, ја преместивме малку погоре од патот. Тука го поставивме мермерниот мозаичен камен, кој е пронајден во нивите и е од прастаро време. Сакавме да ја украсиме чешмата и симболично да потсетува за преданијата што со векови се плетат за ова место", велат селаните.

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Црнобуки живееле 460 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Црнобуки имало 360 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црнобуки живеат 406 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[3]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 460[1] 360[2] 696 756 849 803 830 674 444 406

Со миграционите движења кои ја доживеале својата поголема масовност во текот на 80-тите години, селото од големо преминало во средно по големина.

Знаменитости

Цркви[4]
Археолошки локалитети

Култура и спорт

Фудбалскиот клуб од село Црнобуки се вика "Црно Буки ЗЛ"[7] и во сезоната 2018/19 се натпреварува во третата лига Југозапад.

Личности

  • Поп Диме - деец на ВМРО, војвода на четата на Црнобуки за време на Илинденското востание.[8]
  • Христо Котев (1860 - ?) - револуционер на ВМРО

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Предлошка:Цитирана книга
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  6. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  7. Предлошка:Http://macedonianfootball.com/team/29758-2/
  8. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 131.

Надворешни врски