Демир Хисар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с {{никулец}}->{{мак-никулец}}
Nk (разговор | придонеси)
с +bg
Ред 12: Ред 12:
{{Градови во Македонија}}
{{Градови во Македонија}}


[[bg:Демир Хисар]]
[[sr:Демир Хисар]]
[[sr:Демир Хисар]]

Преработка од 14:42, 4 април 2006

Демир Хисар, или како што во превод го нарекуваат Железна Планина, е област која се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, или северозападно од Пелагониската низина, околу горниот слив на Црна Река со нејзините притоки. Во поголемиот дел релјефот е ридско-планински, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв од 2000 м., кои што ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област. Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Планина. Тоа е името што и денес го носи. Територијата на општина Демир Хисар зафаќа површина од 478 км² и се вбројува во средно големите општини на Р. Македонија, со просечна густина на населението 21,5 жители на км².

Надворешни врски

Официјална веб страница