Скратеници во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 148: Ред 148:
:'''АСНОМ''' - ''Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија''
:'''АСНОМ''' - ''Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија''
:'''НОБ''' - ''Народноослободителна борба''
:'''НОБ''' - ''Народноослободителна борба''
:'''ВМРО''' - ''Внатрешна Македонска Револуционерна Организација''
:'''ВМРО''' - ''Внатрешна македонска револуционерна организација''
:'''РМ''' - ''Република Македонија''
:'''РМ''' - ''Република Македонија''
:'''САД''' - ''Соединети Американски Држави''
:'''САД''' - ''Соединети Американски Држави''
Ред 154: Ред 154:
:'''СРГ''' - ''Сојузна Република Германија''
:'''СРГ''' - ''Сојузна Република Германија''
:'''СРЈ''' - ''Сојузна Република Југославија''
:'''СРЈ''' - ''Сојузна Република Југославија''
:'''ОН''' или '''ООН''' - ''Обединети Нации'' или ''Организација на Обединетите Нации''
:'''ОН''' или '''ООН''' - ''Обединети нации'' или ''Организација на Обединетите нации''
:'''АРМ''' - ''Армија на Република Македонија''
:'''АРМ''' - ''Армија на Република Македонија''
:'''МАНУ''' - ''Македонска Академија на Науки и Уметности''
:'''МАНУ''' - ''Македонска академија на науки и уметности''
:'''МНТ''' - ''Македонски народен театар''
:'''МНТ''' - ''Македонски народен театар''
:'''ДПМ''' - ''Друштво на писателите на Македонија''
:'''ДПМ''' - ''Друштво на писателите на Македонија''

Преработка од 10:11, 20 јуни 2018

Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Скратениците во македонскиот јазик се добиваат со скратување на одделни зборови или со спојување на почетните букви или групи букви од зборовите што влегуваат во состав на сложени називи. Поради подобар преглед, скратениците се поделени во групи според нивните слични особини.

Прва група скратеници

Во оваа група на скратеници влегуваат зборови кои се скратуваат со тоа што се пишуваат само почетните букви наместо целиот збор. Така дел од оваа група се[1]:

в. - види, век, весник
в.д. - вршител на должност
г. - господин
г.г. - господин господин, господа
г. или год. - година
ж.р. - женски род
л. - лице
м.р. - машки род
н.е. - наша ера / нова ера
о.г. - оваа година
о.м. - овој месец
с. - село
с.р. - среден род
т. - точка
т.е. - то ест
т.н. - таканаречен

Вообичаено е некои скратеници да се пишуваат и со големи букви како на пример: В.П. - воена пошта, М.П. - место за печат итн.

Втора група скратеници

Таканаречената втора група на скратеници во македонскиот јазик опфаќа скратеници кои се со латинско потекло или други странски зборови. Скратувањето е исто како и во првата група на скареници. Во оваа група се[1]:

m. - masculinum / машки род
f. - femininum / женски род
n. - neutrum / среден род
l.c. - loco citato / на приведеното место
o.c. - opus citatum / приведеното дело
a.a. - ad acta / во актите
p.s. или P.S. - post scriptum / по напишаното или по писмото

Кога во речениците се означува родот на именките со скратениците м (машки род), m (masculinum), ж (женски род), f (femininum), с (среден род) и n (neutrum) и кога тие скратеници се пишуваат со друг вид букви (најчесто закосени) тогаш не се користи точка до кратенката. Покрај тоа, вообичаено е да се пишуваат некои скратеници и со голема буква како на пример: N.B. - nota bene.

Трета група скратеници

Третата група скратеници се скратеници што се добиваат со скратување на зборовите до првата самогласка или согласка во зборот. Така имаме[1]:

бр. - број
гр. - град
др. - другар
и др. - и друго
и сл. - и слично
кн. - книга
мн. - множина
на пр. - на пример
од н.е. - од нашата ера
пр. н.е. - пред нашата ера
по Хр. - по Христа
пр. Хр. - пред Христа
св. - свети и свеска
сп. - списание и спореди
ср. р. - среден род
стр и с. - страница
ст. ст. - стар стил
чл. - член

Изразот и така натаму се скратува како итн., не и тн., и.т.н. или слично.

Четврта група скратеници

Оваа група опфаќа скратеници што се добиени со скратување на зборот до првиот слог, односно до согласката на вториот слог. Така имаме[1]:

арх. - архитект
бел. или забел. - белешка, забелешка
гимн. - гимназија
ден. - денар
ген. - генитив
год. или г. - година
дем. - деминутив
едн. - еднина
ул. - улица
инж. и Ing. - инженер
проф. - професор
комп. - компаратив
синг. - сингулар
студ. - студент
ак. - акузатив
бот. - ботаника
вок. - вокатив
грам. - граматика
дат. - датив
им. - именка
мат. - математика
ном. - номинатив
прил. - прилог
прид. - придавка
сврз. - сврзник
физ. - физика
хем. - хемија
пр.н. - природни науки

Некои скратеници се добиваат со скратување на зборовите до вториот слог, односно до согласката на третиот слог. Така имаме[1]:

аугм. - аугментатив
геогр. - географија
истор. - историја
литер. - литература
мит. - митологија
неменл. - неменливо
поет. - поетски
зоол. - зоологија
стсл. - старословенски
пф. - перфективен
импф. - имперфективен

Петта група скратеници

За мерките од метричкиот систем и за други мерки и големини се употребуваат следниве скратеници[1]:

м - метар
мм - милиметар
см - центиметар или сантиметар
дм - дециметар или десиметар
км - километар
кг - килограм
дкг - декаграм
дг - дециграм или десиграм
мг - милиграм
г - грам
т - тон
кл - килолитар
хл - хектолитар
дкл - декалитар
л - литар
дл - децилитар или десилитар
хл - хектолитар

Истите овие скратеници можат да се запишат и со соодветните латинични букви според меѓународните стандарди.

Шеста група скратеници

Со поврзувањето на првата и последната буква или последниот слог се добиваат скратеници како[1]:

д-р - доктор
м-р - магистер
г-ѓа - госпоѓа
г-ца - госпоѓица
г-дин - господин

Седма група скратеници

Посебен вид на скратеници се скратеници кои се составени од првите букви на сложени називи:

АСНОМ - Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија
НОБ - Народноослободителна борба
ВМРО - Внатрешна македонска револуционерна организација
РМ - Република Македонија
САД - Соединети Американски Држави
ЗНД - Заедница на независни држави
СРГ - Сојузна Република Германија
СРЈ - Сојузна Република Југославија
ОН или ООН - Обединети нации или Организација на Обединетите нации
АРМ - Армија на Република Македонија
МАНУ - Македонска академија на науки и уметности
МНТ - Македонски народен театар
ДПМ - Друштво на писателите на Македонија
МЖ - Македонски железници
МТВ - Македонска телевизија
РТВ - радио-телевизија
ПТТ - пошта, телеграф, телефон
ЈП - јавно претпријатие
ЗИК - земјоделско-индустриски комбинат
ИК - извршен комитет
ЦО - централен одбор

Покрај овие, во македонскиот јазик се преземени и некои меѓународни скратеници како: ФИФА, УНИЦЕФ, УНРРА, АФП и сл..

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

  • „Опширен список на македонски кратенки и акроними“. Гоце Гаџовски (Џорџ Митревски), Државен универзитет на Охајо.