Палата на Собранието на Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување со мериторни информации.
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 3: Ред 3:
|name = Палата на Собранието
|name = Палата на Собранието
|image = Споменик на Никола Карев и Собрание на РМ.JPG
|image = Споменик на Никола Карев и Собрание на РМ.JPG
|caption = Палата на Собранието на Македонија
|caption = Палата на Собранието на Република Македонија
|map_type =
|map_type =
|latitude =
|latitude =
Ред 22: Ред 22:
}}
}}


'''Палатата на Собранието на Македонија''' е една од најмонументалните градби во [[Република Македонија]], за која во [[1930]] година бил распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект [[Виктор Лукомски]]), а изградена е во [[1938]] година по проект на чешкиот архитект [[Виктор Ј. Худак]]. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во форма на надворешен петоаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасадна декорација е со геометриски содржини, присутни во одделни партии. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирни-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез, со комплетно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата на оваа декорација му била доверена на Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.
'''Палатата на Собранието на Република Македонија''' е една од најмонументалните градби во [[Република Македонија]], за која во [[1930]] година бил распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект [[Виктор Лукомски]]), а изградена е во [[1938]] година по проект на чешкиот архитект [[Виктор Ј. Худак]]. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во форма на надворешен петоаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасадна декорација е со геометриски содржини, присутни во одделни партии. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирни-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез, со комплетно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата на оваа декорација му била доверена на Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.


Зградата е во употреба од [[1939]] година како Управна палата на тогашната локална Управа.
Зградата е во употреба од [[1939]] година како Управна палата на тогашната локална Управа.

Преработка од 18:09, 2 јуни 2018

Палата на Собранието
Палата на Собранието на Република Македонија
Карта
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаРепублика Македонија
Проектирање и изградба
АрхитектВиктор Лукомски

Палатата на Собранието на Република Македонија е една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во 1930 година бил распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект Виктор Лукомски), а изградена е во 1938 година по проект на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во форма на надворешен петоаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасадна декорација е со геометриски содржини, присутни во одделни партии. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирни-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез, со комплетно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата на оваа декорација му била доверена на Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.

Зградата е во употреба од 1939 година како Управна палата на тогашната локална Управа.

По ослободувањето на Скопје 1944 година во зградата е сместена целокупната администрација на македонската народна власт: претседателот на Демократска Федерална Македонија, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд.

Во периодот од 1954-1963 година изградени се Свечената сала и Сала 2, а ентериерно се уредени помалите сали во свечениот дел, Охридска и Струшка соба со дрворез на таваните, ѕидовите и вратите изработени од мајсторите на традиционалната резбарска школа од Охрид, како и гипсана декорација изработена од Дримколските мајстори. Малиот свечен салон, салата на Уставна комисија, рeсторанот, како и кабинетите, ентериерно се уредени со ламперија во интарзија.

Со земјотресот што го зафати Скопје во 1963 година, зградата на Собранието видно беше оштетена, после што беа преземени големи зафати за нејзино санирање и реконструкција.

Во 1966/67 година е реконструирана и ентериерно уредена Парламентарната сала, а изградени се и две нови сали, Сала 3 и Сала 4.

Со осамостојување на Република Македонија во 1991 година, во зградата покрај Собранието на Република Македонија, сѐ до 12 мај 2009 година бил сместен и Кабинетот на претседателот на Републиката. Во 2009 година, во скопската резиденцијална населба Водно била пуштена во употреба Претседателската палата (Вилата „Водно“).

Палатата на Собранието располага со повеќе Сали за седници, Кабинети на претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, на потпретседателите, на претседателите на комисиите, на координаторите на пратеничките групи, на генералниот секретар на Собранието и неговите заменици, како и на раководителите на стручните служби и на секторите.

Надворешни врски