Споменик на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°26′18.02″N 22°38′28.06″E / 41.4383389° СГШ; 22.6411278° ИГД / 41.4383389; 22.6411278
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситна поправка, дополнување
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-== Видете исто така == +== Поврзано ==)
Ред 29: Ред 29:
Споменикот се базира на христијанската и народната традиција. Главното својство на споменикот се четири птици кои ги симболизираат душите на четворицата загинати во пожарот. Според Потоцки темелите на споменикот се јазиците на огнот како рака која вреска и од пламенот нагоре полетуваат четирите птици. Нозете на птиците стануваат сè потенки, се издолжуваат и птиците полетуваат во небото како четири крста<ref name="а1он">{{наведена мрежна страница|url=http://a1on.mk/archives/26985|title=Незаборав за 4-те трагично загинати струмичани|date=13 август 2012|work=А1он|language=македонски|accessdate=5 јануари 2018}}</ref>.
Споменикот се базира на христијанската и народната традиција. Главното својство на споменикот се четири птици кои ги симболизираат душите на четворицата загинати во пожарот. Според Потоцки темелите на споменикот се јазиците на огнот како рака која вреска и од пламенот нагоре полетуваат четирите птици. Нозете на птиците стануваат сè потенки, се издолжуваат и птиците полетуваат во небото како четири крста<ref name="а1он">{{наведена мрежна страница|url=http://a1on.mk/archives/26985|title=Незаборав за 4-те трагично загинати струмичани|date=13 август 2012|work=А1он|language=македонски|accessdate=5 јануари 2018}}</ref>.


== Поврзано ==
== Видете исто така ==
* [[Шумски пожар над Струмица (2012)]]
* [[Шумски пожар над Струмица (2012)]]



Преработка од 03:37, 24 мај 2018

Споменик на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година
Споменикот свечено украсен по повод негово откривање
Координати41°26′18.02″N 22°38′28.06″E / 41.4383389° СГШ; 22.6411278° ИГД / 41.4383389; 22.6411278
МестоБулевар „Маршал Тито“, Струмица, Македонија Македонија
ПроектантГригориј Потоцки
Посветен наЗагинатите во Шумскиот пожар над Струмица
Нарачател: Општина Струмица
Градоначалникот Заев дава говор по повод откривањето на споменикот.

Споменикот на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година е споменик кој се наоѓа на главниот булевар „Маршал Тито“ во строгиот центар на Струмица, Македонија. Тој е посветен на четворица струмичани кои загинале во Шумскиот пожар над Струмица кој се случил во месец јули 2012 година.

Позадина

На 23 јули 2012 година избувнал шумски пожар на планината Еленица која се наоѓа над градот Струмица[1]. Во борба со пожарот истиот ден со тешки изгореници се здобиле 18 лица, меѓу кои Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов кои подлегнале на повредите[2]. Локалната власт уште на почетокот се ангажирала за памет на загинатите, при што во среда, 25 јули 2012 година во Општина Струмица бил прогласен ден на жалоста[3].

По неполн месец од кобниот ден за четирите жртви на пожарот, во Струмица пристигнал Григориј Потоцки, светски номиниран скулптор и сликар од Русија и автор на споменикот Македонија[4]. Тој се сретнал со тогашниот градоначалник Зоран Заев каде што по претходно барање на градоначалникот ја претставил финалната идеја за изглед на споменик за загинатите во пожарот[5].

Симболика

Споменикот се базира на христијанската и народната традиција. Главното својство на споменикот се четири птици кои ги симболизираат душите на четворицата загинати во пожарот. Според Потоцки темелите на споменикот се јазиците на огнот како рака која вреска и од пламенот нагоре полетуваат четирите птици. Нозете на птиците стануваат сè потенки, се издолжуваат и птиците полетуваат во небото како четири крста[6].

Поврзано

Наводи

  1. „Голем шумски пожар гори над Струмица“. Weather 4 All. 23 јули 2012. Посетено на 4 јануари 2018.
  2. „Четврта жртва од пожарот во Струмичко“. 24 Вести. 5 август 2012. Посетено на 4 јануари 2018.
  3. „Службен гласник на Општина Струмица“ (PDF). 25 јули 2012. Посетено на 3 јануари 2018.
  4. „Потоцки ќе го работи споменикот на жртвите во пожарот кај Струмица“. Денешен. 15 август 2012. Посетено на 4 јануари 2018.
  5. „Во Струмица ќе се гради споменик за четирите жртви од пожарот“. Фама. 13 август 2012. Посетено на 4 јануари 2018.
  6. „Незаборав за 4-те трагично загинати струмичани“. А1он. 13 август 2012. Посетено на 5 јануари 2018.

Надворешни врски