Ресул Шабани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 72: Ред 72:
[[Категорија:Македонски Албанци]]
[[Категорија:Македонски Албанци]]
[[Категорија:Луѓе од Струга]]
[[Категорија:Луѓе од Струга]]
[[Категорија:Родени во Струшко]]
[[Категорија:Луѓе од Струшко]]
[[Категорија:Калишта]]
[[Категорија:Калишта]]
[[Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“]]
[[Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“]]

Преработка од 09:30, 19 мај 2018

Ресул Шабани
Роден Ресул Шабани
14 октомври 1944
Калишта, Струшко
Занимање албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија.

Ресул Шабани (албански: Resul Shabani) е албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија.

Биографија

Шабани е роден на 14 октомври 1944 година во селото Калишта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа во Скопје[1], како и албанска литература на Универзитетот во Приштина[2]. Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на културната рубрика во Флака, одговорен уредник на списанието Јехона. Бил одговорен уредник на списанието за деца Гезими и член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, како и надворешен советник за издавачка дејност во Министерството за култура[1]. За време и по неговиот ангажман во министерството, Шабани и неговата издавачка куќа Серембе се обвинети од страна на повеќе албански издавачи за наводна привилегирана положба при доделувањето на средства за издавачка дејност.[3]

Шабани е член на македонскиот ПЕН центар (учествува и во Надзорната комисија) и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1976). Исто така, тој учествувал во повеќе жири-комисии за доделување на книжевни награди за детска литература.

Литературно творештво

Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Тој пишува на македонски и на албански јазик, и преведува од двата јазика. Негови позначајни дела се:

  • Езеро (Liqeni, раскази, 1974)
  • Риба (поезија, 1975)
  • Свето (раскази, 1978)
  • Хамлет со црно кече (Hamleti me plis të zi, поезија, 1978)
  • Стариот брод (Anija e vjetër, драма, 1978)
  • Дожд во Уертомонто (драма, 1979, премиера во 1986, Театар на народностите - Скопје, режија: Владимир Милчин)
  • Езерска самовила (Ora e liqenit, поезија, 1983)
  • Љубовта на капетанот (Dashuria e Kapitenit, роман, 1983)
  • Кумова слама (драма, 1983)
  • Сол и вода (драма, 1983)
  • Фани доаѓа сам (Fani vjen vetëm, драма, 1984, премиера во 1988, повторна изведба 2005, Албански театар - Скопје )
  • Млечниот пат (драма, 1985)
  • Водениот ракопис на полето[се бара извор] (поезија, 1987)
  • Монотонија (драма, 1987)
  • Ох, Америка (Oh, Amerika, поезија, 1989)
  • Влажна трепка (раскази, 1994)
  • Измислен грев (Mëkat i trilluar, поезија, 1996)
  • Мис на дуња (1998)
  • Седум драми (1999)
  • Nuse Vale: Tregime (2001)
  • Повторно за жалната врба (Përsëri për shelgun vajtues, поезија, 2004)
  • Мост од вода (2007)

Пет од неговите драми се изведувани на сцената, а неговите дела се преведувани на повеќе европски јазици: англиски, италијански, романски, француски, руски, шпански, српски итн. Од друга страна, пак, Шабани е значаен и како преведувач - на албански јазик има преведувано дела од Блаже Конески, Владо Малески, Димитар Солев, Кочо Рацин, Ефтим Клетников, итн.

Награди


На 6 ноември 2014 година, во Друштвото на писателите на Македонија била организирана средба по повод 50 години од товрештвото на Шабани. За неговиот опус зборувале академикот Али Алиу и писателот Бранко Цветкоски.[5]

Надворешни врски

Наводи

  1. 1,0 1,1 Македонски ПЕН Центар: Био-библиографски белешки за членовите - Ресул Шабани' посетено на 8 март, 2008.
  2. Voix de la Méditerranée - Resul Shabani' посетено на 8 март, 2008.
  3. ЗАИ - Јавно писмо до министерството за култура' посетено на 8 март, 2008.
  4. МТВ: Врачени наградите 11-ти октомври
  5. „Портрет на Ресул Шабани во ДПМ“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 20.