Црна Гора: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 665: Ред 665:
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Црна Гора]]
[[Категорија:Црна Гора]]
[[Категорија:Држави во Јужна Европа]]
[[Категорија:Јужна Европа]]
[[Категорија:Држави на Балканскиот Полуостров]]
[[Категорија:Држави на Балканскиот Полуостров]]
[[Категорија:Држави во Европа]]
[[Категорија:Држави во Европа]]

Преработка од 05:55, 8 мај 2018

Црна Гора
Црна Гора
Crna Gora
Знаме Грб
ХимнаOj, svijetla majska zoro
Ој, светла мајска зоро

Местоположбата на  Црна Гора  (зелено) на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Црна Гора  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Црна Гора  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Подгорица1
42°47′N 19°28′E / 42.783° СГШ; 19.467° ИГД / 42.783; 19.467
Службен јазик црногорски
Народности (2011[1])
Демоним Црногорец
Уредување парламентарна република
 •  Претседател Филип Вујановиќ
 •  Премиер Душко Марковиќ
 •  Претседател на Парламент Ранко Кривокапиќ
Основана
 •  Прва независност на Дукља од Византија 854[се бара извор] 
 •  Втора независност на Дукља од Византија 1042 
 •  Независност на Зета од Србија 1360 (де јуре)
1356 (де факто
 •  Независност од Отоманската Империја 1799 (де факто)
1878 (де јуре
 •  Независност од Србија и Црна Гора 2006 
Површина
 •  Вкупна 13,812 км2 (160th)
 •  Вода (%) 1.5
Население
 •  Попис 2011 620.029 
 •  Густина 50 жит/км2 (121-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $6.724 милијарди[2] 
 •  По жител $11,090[2] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $4.017 милијарди[2] 
 •  По жител $6,025 
Џиниев коеф. (2013)26.2[3]
низок · 9та
ИЧР (2014) 0.802[4]
многу висок · 49та
Валута Евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .me
Повик. бр. 382
1 Традиционална престолнина е Цетиње.

Црна Гора (црногорски и српски: Црна Гора / Crna Gora) — независна држава на Балканскиот Полуостров. Земјата на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија.[5] Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град.

Историјата на Црна Гора датира уште од IX век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав ја добил битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин.[6] Од XI век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманската империја, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласа за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.

Според Индексот на човеков развој, Црна Гора е класифицирана како развиена држава. Црна Гора е член на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа и различни меѓународни организации. Црна Гора има поднесено барање за членство во ЕУ.[7] Покрај тоа, Црна Гора е и кандидат за членство во НАТО.[8]

Етимологија

Името Црна Гора за прв пат се користи во 1296 година во прозивот на српскиот крал Стефан Урош II во контекст на регионот околу Скадарско Езеро.[9] Ова име најверојатно потекнува како карактеристика на регионот околу Ловќен кој бил прекриен со густа шума. Неговото значење се наоѓа во старословенскиот топоним за големи и густи гори или црни шумски предели[10].

Горноспоменатиот регион стана познат како "Стара Црна Гора" во XIX век за да се разликува од новоосвоената територија Брда. Црна Гора се зголеми неколку пати до XX век како резултат од војните против Турците, кога Црна Гора ја имаше освоено и Стара Херцеговина и делови од Метохија и јужна Рашка. Државата, територијално, многу малку се промена од тогаш, ја изгуби Метохија, а ја доби Бока Которска.

Во италијанските документи Црна Гора за прв пат се споменува во 1348 година како Cerna Gora, а додека во Дубровачката република во 1379 со назив Cernagora[11].

Името на државата во повеќето западноевропски јазици рефлектира усвојување на италијанско-венецискиот збор monte negro (на модерен италијански тоа е monte nero), што значи "црна гора или планина", којшто датира од ерата на венециската хегемонија во регионот во средниот век. Останатите јазици, посебно блиските, го користат истото име "Црна Гора".

Историја

Антички период

Илирскиот и римски град Доклеа.

Првите забележани жители на територијата на Црна Гора биле Илирите. Во 9 година Римјаните ја освоиле Црна Гора.

Среден век

Во V век и VI век територијата била населена од Словените кои оформиле полу-независна држава Дукља која била во добри односи со Рашка и Византија.

Дукља станала независна од Византија во 1042 година. Во наредните неколку декади Дукља ја проширила својата територија до соседната Рашка и Босна и била призната како кралство. Моќта на Дукља почнала да се намалува во XI век и во 1186 година таа била освоена од српскиот крал Стефан Немања и преименувана во Зета. По падот на српската држава во XIV век. Покасно Црна Гора била владеена од неколку кралски семејства, од кои последни биле Црнојевиќите. Во 1499 година Црна Гора била дел од Отоманската империја.

Современа историја

Кралот Никола I Петровиќ во црногорска народна носија, со неговата сопруга кралицата Милена, синовите, ќерките, внуците и зетовите и снаите.

Под водство на единствениот црногорски крал Никола I Петровиќ се создало Кнежевството Црна Гора кое се здобило со независност од Турција. За време на Покасно Црна Гора била под владеење на Австро-Унгарија, Кралството СХС, СФРЈ, СР Југославија и Србија и Црна Гора. Својата независност ја стекнала на 3 јуни 2006 година.

Географија и клима

Релјефна карта на Црна Гора

Црна Гора се наоѓа на Балканскиот полуостров и се граничи со: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија (Косово) и Албанија. Главен град на Црна Гора е Подгорица, додека историска престолнина е Цетиње. Поголеми градови во Црна Гора се: Никшиќ, Пљевља, Биело Поле, Цетиње, Бар, Будва, Херцег Нови и други.

Поголемиот дел од Црна Гора е планински со високи врвови покрај границите со Србија и Албанија. Мал рамничарски дел има над Подгорица и покрај приморјето. Најниска надморска височина е во долината на реката Зета. Еден од позначајните црногорски врвови е Боботов Кук со висина од 2.522 метри. Највисокиот врв на Црна Гора е Зла Колата (2534 м н.в.) в Проклетие.

Политички систем

Претседателската палата во Цетиње.

Црна Гора е дефинирана како „граѓанска, демократска, еколошка држава со социјална правда базирана на владеењето на правото“. Таа е независна и самостојна република со усвоен устав на 22 октомври 2007 година.

Претседателот на Црна Гора е на чело на државата кој е избран за период од пет години преку регуларни претседателски избори. Тој ја претставува државата како дома, така и во странство. Неговото седиште е во Цетиње. Моментален претседател на Црна Гора е Филип Вујановиќ, заменик-претседател на владеачката Демократска партија на социјалисти на Црна Гора.

Владата на Црна Гора е извршното тело во државата. На чело на владата е премиерот на Црна Гора. Моментален премиер на Црна Гора е Игор Лукшиќ и владата е составена од членови на Коалицијата за европска Црна Гора.

Парламентот на Црна Гора е еднодомна институција која донесува закони, усвојува договори, го назначува премиерот и министрите. Моментален претседател на парламентот на Црна Гора е Ранко Кривокапиќ и парламентот има 81 пратеник.

Административна поделба

Црна Гора е поделена на 21 општина и две градски општини, дел од општина Подгорица:

Општините во Црна Гора.

Демографија

Етнички состав

Етничка карта на Црна Гора според пописот од 2011.

Според пописот од 2011 година, Црна Гора имала население од 620.029 жители и најбројни етнички групи се Црногорците и Србите. 63.23% биле градско население, додека 36.77 било рурално население.[1] Во бројки, населението изгледа вака[1]:

Број %
Вкупно 620.029 100
Црногорци 278.865 44.98
Срби 178.110 28.73
Бошњаци 53.605 8.65
Албанци 30.439 4.91
Муслимани 20.537 3.31
Хрвати 6.021 0.97
Египќани 2.054 0.33
Роми 6.251 1.01
Срби-Црногорци 2.103 0.34
Црногорци-Срби 1.833 0.30
Југословени 1.154 0.19
Руси 946 0.15
Македонци 900 0.15
Босанци 427 0.07
Словенци 354 0.06
Унгарци 337 0.05
Муслимани-Црногорци 257 0.04
Горанци 197 0.03
Муслимани-Бошњаци 183 0.03
Бошњаци-муслимани 181 0.03
Црногорци-муслимани 175 0.03
Италијанци 135 0.02
Германци 131 0.02
Турци 104 0.02
регионална припадност 1.202 0.19
без определба 3.0170 4.87
други 3.358 0.54

Попис од 2003

Етничка карта на Црна Гора според пописот од 2003.

Според пописот во 2003 година, Црна Гора имала 620.145 жители и воглавно населението било составено од Црногорци, Срби, Бошњаци, Хрвати и Албанци. Во бројки, етничкиот состав на населението изгледало вака:

Број %
Вкупно 620.145 100
Црногорци 267,669 43.16
Срби 198,414 31.99
Бошњаци 48,184 7.77
Албанци 45,163 5.03
Муслимани 24,625 3.97
Хрвати 6,811 1.1
Роми 2,601 0.42
Југословени 1,860 0.3
други 38,818 6.26

Вероисповед

Карта на главните религии според пописот од 2011.
Верници во Црна Гора
Православни
  
72,07 %
Муслимани
  
19,11 %
Католици
  
3,44 %
Други
  
5,39 %

Повеќето од жителите на Црна Гора се православни, припадници на Црногорската православна црква и на СПЦ. Според уставот на Црна Гора, религијата е одвоена од државата и Црна Гора ја гарантира слободата за верска припадност. Покрај православната религија, втора по големина е исламската религија. Од вкупното население според пописот од 2011,[1] 75.77% се Христијани, а 19.11 се Муслимани, односно :

Број %
Вкупно 620.029 100
Православна вероисповед 446.858 72.07
Исламска вероисповед/ муслиманска вероисповед 118.477
(99.038 исламска, 19.439 муслиманска)
19.11
(15.97 исламска, 3.14 муслиманска)
Католичка вероисповед 21.299 3.44
Атеисти 7.667 1.24
Христијани 1.460 0.24
Адвентисти 894 0.14
Агностици 451 0.07
Јеховини сведоци 145 0.02
Протестанти 143 0.02
Будисти 118 0.02
без определба 16.180 2.61
други 6.337 1.02
Белешка: Во пописот од 2011 година, има две посебни графи за Исламот, односно исламска вероисповед и муслиманска вероисповед.

Попис од 2003

Податотека:Podgorica, cattedrale della resurrezione di cristo, esterno 01.JPG
Соборната црква Воскресение Христово во Подгорица

Процентуално, религиите според пописот од 2003 се застапени вака:

Број %
Вкупно 620,145 100
Православие 460,383 74.24
Ислам 110,034 17.74
Католицизам 21,972 3.54
други 27,756 4.48

Јазици

Мнозинските јазици во Црна Гора по општини според пописот од 2011.

Поголем дел од црногорското население зборува на српски јазик, поточно на ијекавскиот дијалект. Со независноста на Црна Гора се развила и идејата за посебен црногорски јазик кој сè уште не е кодифициран. Сепак, црногорскиот јазик е прв официјален јазик во Црна Гора, но службени јазици се и: албански јазик, српски јазик, босански јазик и хрватски јазик. Според пописот од 2011, во Црна Гора се зборува на[1]:

Број %
Вкупно 620.029 100
српски 265.895 42.88
црногорски 229.251 36.97
босански 33.077 5.33
албански 32.671 5.27
српскохрватски 12.559 2.03
ромски 5.169 0.83
бошњачки 3.662 0.59
хрватски 2.791 0.45
руски 1.026 0.17
српско-црногорски 618 0.10
македонски 529 0.09
црногорско-српски 369 0.06
унгарски 225 0.04
хрватско-српски 224 0.04
англиски 185 0.03
германски 129 0.02
словенечки 107 0.02
романски 101 0.02
мајчин јазик 3.318 0.54
регионални јазици 458 0.07
без определба 24.748 3.99
други 2.917 0.47


Попис од 2003

Според пописот од 2003 година во Црна Гора се зборува на:

Број %
Вкупно 620,145 100
српски 393,740 63.49
црногорски 136,208 21.96
босански 34,078 5.49
албански 32,603 5.26
хрватски 2,791 0.45
други 20,725 3.34

Градови

Економија

Еден од главните туристички центри, Будва.

Економијата на Црна Гора воглавно е базирана на услугите. Според ММФ, номиналниот БНП на Црна Гора во 2008 бил $4.822 милијарди, додека БНП по глава на жител бил 11.091 долар. Во 2007 година било пресметано дека 72.4% од БНП на Црна Гора потпаѓа под секторот на услуги, 17.6% на индустриското производство и земјоделството со 10%. Од индустријата, Црна Гора произведува алуминиум и челик. Туризмот е значајна стопанска гранка во државата. Во 2007 околу 1 милион туристи ја посетиле Црна Гора и заработила 480 милиони евра. Официјална валута во Црна Гора е еврото.

Култура

Културата на Црна Гора била под влијание на повеќе различни влијанија низ историјата. На таа култура влијаело православието, словенството, европската и исламската култура. Црна Гора има повеќе културни знаменитости од готскиот и барокскиот стил. Брегот на Црна Гора е познат по религиозните објекти од двете христијански религии.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Предлошка:Цитирана мрежна страница
  2. 2,0 2,1 2,2 „Montenegro“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-05-06.
  3. Distribution of family income – Gini index
  4. „2014 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2015. Посетено на 14 December 2015.
  5. „goo - Google Maps“. Maps.google.co.uk. 1970-01-01. Посетено на 2011-10-01.
  6. „Duklja, the first Montenegrin state“. Montenegro.org. Посетено на 2011-10-01.
  7. Vucheva, Elitsa. „Montenegro files EU membership application“. Euobserver.com. Посетено на 2011-10-01.
  8. „Crna Gora u predvorju NATO-a“. Pcnen.com. Посетено на 2011-10-01.
  9. Стара Црна Гора, Јован Ердељановић, 34. стр.
  10. Предлошка:Цитирана книга
  11. Предлошка:Цитирана книга
  12. Завод за статистика, Црна Гора (12 јули 2011). "Popis stanovništva, domaćinstava i stanova u Crnoj Gori 2011. godine" (PDF) (на српско-хрватски, англиски). Соопштение за печат.  посет. 30 март 2011 г

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општи информации
Друго