Истибања: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 145: Ред 145:


== Култура и спорт ==
== Култура и спорт ==
Селото Истибања има многу културни традиции како старите песни и ора, а воедно и споменици како старите џамии и куќи во селото. Во селото опстојува културниот уметнички ансамбл „Китка“, а се одржува и фестивалот ''Здравоживо''.<ref>[http://www.radiokocani.com/index.php?option=com_content&view=article&id=703:--15--------&catid=42:2011-01-24-08-40-08&Itemid=95| Истибањско Здравоживо]</ref>
Селото Истибања има многу културни традиции како старите песни и ора, а воедно и споменици како старите џамии и куќи во селото. Во селото опстојува културниот уметнички ансамбл „Китка“, а се одржува и фестивалот ''Здравоживо''. Во селото имало активна фудбласка екипа ФК ЛИЛЈАК која играла во општинската лига на Виница , името го носела по селската задруга<ref>[http://www.radiokocani.com/index.php?option=com_content&view=article&id=703:--15--------&catid=42:2011-01-24-08-40-08&Itemid=95| Истибањско Здравоживо]</ref>
*[[Црква „Св. Петка“ - Истибања|Црква „Св. Петка“]] - главната селска црква;
*[[Црква „Св. Петка“ - Истибања|Црква „Св. Петка“]] - главната селска црква;
*[[Црква „Св. Стефан“ - Истибања|Црква „Св. Стефан“]] - камен темелник поставен во 2008 година;
*[[Црква „Св. Стефан“ - Истибања|Црква „Св. Стефан“]] - камен темелник поставен во 2008 година;

Преработка од 19:52, 27 април 2018

Истибања
Истибања во рамките на Македонија
Истибања
Местоположба на Истибања во Македонија
Истибања на карта

Карта

Координати 41°55′20″N 22°30′40″E / 41.92222° СГШ; 22.51111° ИГД / 41.92222; 22.51111Координати: 41°55′20″N 22°30′40″E / 41.92222° СГШ; 22.51111° ИГД / 41.92222; 22.51111
Регион Источен
Општина Виница
Пошт. бр. 2312
Повик. бр. +33
Шифра на КО 05007
Надм. вис. 373 м
Истибања на општинската карта

Атарот на Истибања во рамките на општината

Истибањасело во Општина Виница, во околината на градот Виница.

Географиja и местоположба

Селото Истибања се наоѓа во Виничко-Кочанската Котлина, недалеку од Истибањската Клисура, на регионалниот пат Кочани - Делчево. Сместено е помеѓу коритото на реката Брегалница, на 7 километри североисточно од Виница и 10,5 километри источно од Кочани. Се смета за рамничарска населба, на надморска височина од 380 метри. Познато е по термалните води кои извираат во близина, како и по многуте лековити билки во околината. .

Историja

Според легендата, селото Истибања го добило своето име по еден Турчин од Бугарија, кој бил дојден на неколку дена во селото и бил пречекан многу добро од селаните. Тој ги прашувал сите како се вика селото, а сите одговориле со различни имиња. Кога тој прашал по што е познато селото и што е убаво таму, сите рекле дека тоа се двете бањи. Така тој ги нарекол бањите „истибања“ (еднакви) и тоа станало име на селото.

Културни и природни знаменитости

Во селото има две цркви, посветени на Св. Петка и Св. Стефан. Голема туристичка дестинација се лековитите геотермални бањи. Низ селото тече реката Брегалница, а над селото се наоѓа Истбањската брана и кањонот на реката Брегалница со Калиманската брана. Во Истибања има и два археолошки локалитет - населба од римскиот период Бадем баир и Раклеви бавчи.[1]

Редовни настани

Секоја година во третата седмица од месецот септември во селото се одржува фоклорниот фестивал „Здравоживо“ на кој земаат учество неколку групи од Македонија и светот.[2]

Население

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Истибања живееле 970 жители, од кои 750 Турци, 150 Македонци и 70 Роми.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Истибања имало 200 Македонци, егзархисти.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Истибаши имало 424 жители, од кои 308 Турци и 116 Македонци.[5]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 1.476 жители, од кои 1.475 Македонци и 1 Србин.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 958
1953 538 215 1 97 ... 2 853
1961 899 18 ... ... 1 ... 112 1.030
1971 1.239 ... ... 10 1.249
1981 1.404 32 ... 6 1.442
1991 1.467 15 1 1.483
1994 1.402 15 1 1.418
2002 1.475 1 1.476

Култура и спорт

Селото Истибања има многу културни традиции како старите песни и ора, а воедно и споменици како старите џамии и куќи во селото. Во селото опстојува културниот уметнички ансамбл „Китка“, а се одржува и фестивалот Здравоживо. Во селото имало активна фудбласка екипа ФК ЛИЛЈАК која играла во општинската лига на Виница , името го носела по селската задруга[8]

Иселеништво

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Музеј Виница
  2. Истибањско Здравоживо
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Истибањско Здравоживо

Надворешни врски


Предлошка:Населени места во општина Виница