Ерта Але: Разлика помеѓу преработките

Координати: 13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД / 13.600; 40.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 49: Ред 49:

=== Лавински езера ===
=== Лавински езера ===
[[Податотека:Erta Ale-Lac de lave (4).jpg|мини|Лавинско езеро во кратерот на Ерта Але]]
[[Податотека:ET Afar asv2018-01 img103 Ertale.jpg|мини|Лавинско езеро во кратерот на Ерта Але]]
Лавинските езера во вулканот датираат одамна, веројатно најмалку во последните 100 години<ref>Oppenheimer and Francis, 1998</ref> Постојат и докази за поексплозивни ерупции (VEI 2) во последните 150 години од Ерта Але, но нема доволно докази поради тешко пристапната локација<ref>{{Наведени вести|url=http://bigthink.com/eruptions/volcano-profile-erta-ale|title=Volcano Profile: Erta Ale|last=Klemetti|first=Erik|work=Big Think|access-date=2017-12-16}}</ref>. Немало други набљудувања до ноември [[1992|1992 година]] освен некои антенски истражувања и сателитските набљудувања. Колапс на ѕидовите на северниот кратер го закопал лавинското езеро. Нивото на централното езеро, кое било од 40 до 70 метри, паднало на сто метри.

Во 2001 година, [[Еритрејско-етиопски конфликт|војната со Еритреја]] завршила и тимови на научници можеле да направат мерења. Езерото тогаш изнесувало 80 до 100 метри, сместено на длабочина од 80 метри и редовно испуштало лавински фонтани високи од пет до десет метри. Од овој датум, вулканот редовно се посетува. Набљудувањето на лавинското езеро покажува чести промени на нивото и на активноста.

[[Лавинските езера]] покажуваат интензивна активност<span> </span>: се формира кора од изладена [[лава]], но таа е пробушена од лавински фонтани придружени со испуштањето вулкански гасови. По краток период кога езерото се стврднува но потоа, повторно се појавува. Нивото на лавинското езеро варира од месец до месец. Кога се спушта, остава стврднати тераси од базалт кои повторно се покриваат со новото накачување на езерото.

== Туристичка дестинација ==
== Туристичка дестинација ==

Преработка од 20:46, 17 април 2018

Ерта Але
Ерта Але во мај 2008
Највисока точка
Надм. вис.613 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Етиопија
Координати13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД / 13.600; 40.667[2]
Географија
Ерта Але на карта

Карта

Геологија
ВидШтитест вулкан
Последен избув1967 до денес[2]

Ерта Але е  вулкан во Етиопија кој наоѓа во северниот дел на Големата Раседна Долина, поточно во Афарската Депресија. Ерта Але значи "зачадена планина" на афарски јазик[3].

Географија

Сателитска слика од северот на Афарската Депресија во чиј центар (ЕА), е вулкански систем вклучително и Ерта Але.
Лавинско езеро на Ерта Але во 2001 година.

Локација и топографија

Вулканот Ерта Але, иако не е многу висок (613 метри надморска височина) многу е широк и изнесува триесет километри во дијаметар. Тој е дел од вулкански систем кој ги вклучува, од север кон југ, Гада Але, Алу Дала Фила, Борале Але, Ерта Але, Халји Губ и Але Багу кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на јужно од вулканот Далол.

Ерта Але на врвот има 1 600 метри долга и 700 метри широка купа, свртена во насока север-југ.[4] Во купата лежат два кратера во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавински езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.[5]

Геологијата

Лава која тече повремено од Ерта Але е базалтска и не содржи многу вулкански гасови. Највисоката измерена температура била 1 217 °C.

Измерениот топлински бран бил  30 kW·м-2.

Афарската Депресија каде што се наоѓа вулканот сочинува дел од Големата Раседна Долина која поминува низ Источна Африка од север кон југ, и која доколку нејзиниот развој продолжи би можела да создаде нов океан, исто како Црвеното море.[5]

Историја

Сместен во пустински и не многу лесно пристап регион, вулканот Ерта Але бил откриен во 1906[6] а вулканолозите почнале да го проучуваат дури од доцните 1960-ти и раните 1970-ти.

Во 1968 година, првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. Арун Тазиеф и Џорџо Маринели виделе две лавински езера[7] . Во северниот кратер езерото од сто метри во дијаметар било многу активно а во централниот кратер, имало езеро од 65 метри во дијаметар и тоа било помалку активно. Двете езера се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активни најмалку од 1906 година. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре : во 1971 година, тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот дијаметар а во 1972 година, тие протекле поплавувајќи го подот на купата. Тоа траело до 1974 година.

Ерупции

Вулканот еруптирал во 1873, 1903, 1940, 1960, 1967 и 2005, кога ерупцијата предизвикала угинување на добитокот и илјадници луѓе биле принудени да побегнат. Во 2007 лавата уште еднаш предизвикалаевакуација а двајца се воделе како исчезнати и се претпоставува дека загинале[6].

Ерта Але, вулканска формација

Лавински езера

Лавинско езеро во кратерот на Ерта Але

Лавинските езера во вулканот датираат одамна, веројатно најмалку во последните 100 години[8] Постојат и докази за поексплозивни ерупции (VEI 2) во последните 150 години од Ерта Але, но нема доволно докази поради тешко пристапната локација[9]. Немало други набљудувања до ноември 1992 година освен некои антенски истражувања и сателитските набљудувања. Колапс на ѕидовите на северниот кратер го закопал лавинското езеро. Нивото на централното езеро, кое било од 40 до 70 метри, паднало на сто метри.

Во 2001 година, војната со Еритреја завршила и тимови на научници можеле да направат мерења. Езерото тогаш изнесувало 80 до 100 метри, сместено на длабочина од 80 метри и редовно испуштало лавински фонтани високи од пет до десет метри. Од овој датум, вулканот редовно се посетува. Набљудувањето на лавинското езеро покажува чести промени на нивото и на активноста.

Лавинските езера покажуваат интензивна активност : се формира кора од изладена лава, но таа е пробушена од лавински фонтани придружени со испуштањето вулкански гасови. По краток период кога езерото се стврднува но потоа, повторно се појавува. Нивото на лавинското езеро варира од месец до месец. Кога се спушта, остава стврднати тераси од базалт кои повторно се покриваат со новото накачување на езерото.

Туристичка дестинација

Ерта Але е една од главните атракции во Афарската долина и стана позната туристичка дестинација. На 4 јануари 2012 извршен бил терористички напад врз туристи и научници кои кампувале до кратерот при што неколкумина биле убиени или киднапирани.[10]

Мониторинг

Набљудувањето на вулканот Ерта Але е отежнато заради локацијата и други услови. Така при ерупцијата на Далафила во 2008 година немало никој на местото на настанот за да открие кој вулкан избувнал во опсегот. Повеќето ерупции во областа најпрвин се забележани од нивните сулфурно диоксидни облаци или преку активноста на лавските езера преку сателит, потоа од извештаи од неколкуте локални жители кои живеат во близина на вулканот.[5]

Литература

  • Арун Тазиеф, Мирисот на сулфур. Експедицијата во Афар, Сток, Париз, 1975, 227

Види

Наводи

  1. „Erta Ale, Ethiopia“. Volcano World. Oregon State University. Посетено на 2007-08-08.
  2. 2,0 2,1 „Erta Ale“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2009-02-22. (англиски)
  3. M. C. Lopes, Rosaly (2005). The Volcano Adventure Guide. Cambridge University Press. стр. 14.
  4. „Erta Ale“. www.volcanodiscovery.com. Посетено на 2017-12-16.
  5. 5,0 5,1 5,2 Klemetti, Erik. „Volcano Profile: Erta Ale“. Big Think. Посетено на 2017-12-16.
  6. 6,0 6,1 „Erta Ale“. Atlas Obscura (англиски). Посетено на 2017-12-16.
  7. 1914-1998., Tazieff, Haroun, (1975). L'odeur du soufre : expédition en Afar. Paris: Stock. ISBN 9782234002623. OCLC 2034917.CS1-одржување: излишна интерпункција (link) CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  8. Oppenheimer and Francis, 1998
  9. Klemetti, Erik. „Volcano Profile: Erta Ale“. Big Think. Посетено на 2017-12-16.
  10. Johannesburg, William Davison David Smith in (2012-01-19). „Ethiopia attack: British survivor endures 12-hour ordeal on volcano“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-12-16.

Надворешни врски