Еркер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
корекција на дефиницијата и дополнување со поопширен опис
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Bitolska kukja 04.jpg|мини|десно|Еркер на куќа во [[Битола]]]]
[[Податотека:Kuca robevci.JPG|мини|десно|Нагорен поглед на традиционални еркери]]
[[Податотека:Kuca robevci.JPG|мини|десно|Нагорен поглед на традиционални еркери]]
[[Податотека:Bitolska kukja 04.jpg|мини|десно|Еркер на куќа во [[Битола]]]]
'''Еркер''' ([[германски јазик|германски]]: ''Erker'') е термин кој во Македонија се однесува на волумен од објектот кој виси односно е издаден над улицата или дворот. Најчесто е централно позициониран, меѓутоа може да биде и бочно или на аголот од објектот.

Преработка од 12:14, 14 април 2018

Нагорен поглед на традиционални еркери
Еркер на куќа во Битола

Еркер (германски: Erker) е термин кој во Македонија се однесува на волумен од објектот кој виси односно е издаден над улицата или дворот. Најчесто е централно позициониран, меѓутоа може да биде и бочно или на аголот од објектот.

Во македонската традиционална архитектура појавата на еркери одн. испусти на првиот кат од куќите најчесто произлегува како одговор на органската уличната мрежа, која на стрмен терен логично се протега долж изохипсите од теренот. Ќуќите во приземјето ја следат правецот и формата на улицата, па така просториите во приземје имаат неправилна форма, меѓутоа на катот со еркерите се постигнува правоаголна форма и поголема површина на собите, како и подобри погледи кон улицата или дворот.

Еркерот може да се изведе на повеќе начини. Кај традиционалната македонска архитектура се изведува со конзолно испуштање на таванските греди од приземјето или катот. Зависно од должината, гредите може да бидат или да не бидат потпрени со косници. Овие пак од своја страна може да бидат видливи или обложени со штички па малтерисани. Во современите начини на градба, еркерот може да биде изведен со конзолно испуштање на армирано бетонски греди и плочи.

Поврзано

Предлошка:Никулец за архитектура