Гора (област): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62: Ред 62:
Етимологијата на зборот „Гора“ е старословенска со значење „планина, планински“.
Етимологијата на зборот „Гора“ е старословенска со значење „планина, планински“.


Прв пат Гора се спомнува во [[1348]] година во указ на царот [[Стефан Душан]] како [[жупа]] во [[Српската империја]], кога седум села ги подарил на манастирот [[св.Архангел]] кај [[Призрен]]<ref>Хрисовуља Цара Стефана Душана, Гласник душа српске свовености, Београд, 1862, стр. 282</ref>. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 во турски дефтери како „нахија Гора“ во [[Османската империја]]. По Балканските војни припаѓа на Србија, а по Првата Светска војна, со формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во 1925 е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.
Прв пат Гора се спомнува во [[1348]] година во указ на царот [[Стефан Душан]] како [[жупа]] во Српската Империја, кога седум села ги подарил на манастирот Св. Архангел кај [[Призрен]]<ref>Хрисовуља Цара Стефана Душана, Гласник душа српске свовености, Београд, 1862, стр. 282</ref>. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 во турски дефтери како „нахија Гора“ во [[Османската империја]]. По Балканските војни припаѓа на Србија, а по Првата Светска војна, со формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во 1925 е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.


[[Ислам]]от прв пат се појавува во Гора во 1690 година. Првото село што целосно се исламизирало, било селото [[Крстец]], а последното село било селото Брод. Последната христијанка, Божана, умрела во селото Брод во 1856 година.
[[Ислам]]от прв пат се појавува во Гора во 1690 година. Првото село што целосно се исламизирало, било селото [[Крстец]], а последното село било селото Брод. Последната христијанка, Божана, умрела во селото Брод во 1856 година.

Преработка од 22:49, 31 март 2018

Карта на регионот Гора

Гора — географски регион кој се наоѓа помеѓу Лјума и Полог. Од планините Коритник на север, на југ од мостот Торбешки. Во крајниот југозападен дел на Косово има околу 18 села распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 9 села. Регионот е планински со густи зимзелени шуми (гори) и низ него протекува реката Бел Дрим, а во делот под Косово се наоѓа изворот на реката Црн Камен (притока на Радика).

Географија

Гора

Планинска ообласт што се наоѓа помеѓу планините Шара, Кораб и Коритник, во горниот тек на реката Љума, лева притока на реката Бел Дрим. Површината изнесува 433км². Од нив во Србија (Призренска Гора) се 385,6км². Најголем простор е покриен со пасишта - 303км², што овозможило да се развие сточарството, главно овчарство.

Население

Горанците се посебен народ. Сепак, многумина од нив се самосознаваат како Македонци од муслиманска вера. Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25.000 жители во најголемо мнозинство (околу 82%, според тврдењата на здружението на Македонците од Гора во Албанија) Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци кои говорат македонски јазик. Други тврдат дека зборуваат српски јазик, а третата да зборуваат бугарски.

Поради тешко пристапниот предел населението на Гора (особено во Косово) константно се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15.000 жители. Горани (Горанци) од Гора често мигрираат во Република Македонија, а 10.000 од нив имаат и македонски државјанства.

Потеклото на населението е словенско. Во поголем дел е староседелско. Подоцна имало и мали доселувања на Власи.

Села во Гора

Села во Гора (Косово) се:

Села во Гора (Албанија) се:

Горанци живеат и во две села во Тетовско - Урвич и Јеловјане.

Актуелни состојби

Македонците што живеат во делот на Гора што припаѓа на Албанија се организирани во свое македонско здружение кое е во најтесна соработка со здруженијата на Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо и преку заеднички активности се залагаат за поголеми малцински права на Македонците во Албанија. Во 2005 година здружението на Македонците од пределот Гора во Албанија достави барање до албанската влада за воведување на македонскиот јазик во училиштата во селата во Гора.

Состојбата со Македонците од делот на Гора што припаѓа на Косово е многу тешка бидејќи тие се под секојдневен голем притисок на претставниците на Србите и Бошњаците (а во последно време се почесто и од Албанците) од Косово, да се изјаснат како Срби или Бошњаци. Врз Горанците се поголеми притисоци вршат и Бугарите кои имаат за цел да прикажат дека во Косово живеат и Бугари со муслиманска веросиповед.

Актуелна е состојбата на изградбата на граничниот премин Стрезимир - Рестелица помеѓу Македонија и Косово, за кои Горанците сметаат дека ќе им се овозможи поголеми врски и контакти и полесен пристап до нивната матична земја.

Историја

Етимологијата на зборот „Гора“ е старословенска со значење „планина, планински“.

Прв пат Гора се спомнува во 1348 година во указ на царот Стефан Душан како жупа во Српската Империја, кога седум села ги подарил на манастирот Св. Архангел кај Призрен[1]. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 во турски дефтери како „нахија Гора“ во Османската империја. По Балканските војни припаѓа на Србија, а по Првата Светска војна, со формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во 1925 е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.

Исламот прв пат се појавува во Гора во 1690 година. Првото село што целосно се исламизирало, било селото Крстец, а последното село било селото Брод. Последната христијанка, Божана, умрела во селото Брод во 1856 година.

Наводи

  1. Хрисовуља Цара Стефана Душана, Гласник душа српске свовености, Београд, 1862, стр. 282