Олтар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
сНема опис на уредувањето
Ред 33: Ред 33:
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Православие]]
[[Категорија:Црковна архитектура]]
[[Категорија:Црковна архитектура]]
[[Категорија:Богослужба]]

Преработка од 08:38, 22 март 2018

Олтар – место на кое се извршува жртвен обред. Во христијанството, во олтарскиот простор се наоѓа „чесната трпеза“, местото каде свештеникот му ја принесува жртвата на божеството. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии.

Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. Во православните храмови олтарот се наоѓа на источната страна, додека кај католичките цркви олтарот е на западната страна (има исклучоци, на пример во битолската католичка црква олтарот се наоѓа на исток).


Олтарски простор во христијанските цркви

Олтар во црквата Св. Атанасиј во Радиовце

Олтарот е најсветиот и најважниот дел на христијанската црква. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од храмот и од средишниот дел (наосот) е одвоен со иконостас. Зборот олтар е од латинско потекло, од зборот altare и значи жртвеник, светилиште.

Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крштевање, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, одежда за служба...


Олтарот симболично го претставува небото каде престојува Бог. Се смета за најсвето место во храмот, па во него може да влегуваат само лица посветени на црковната служба.[1]


Галерија

Наводи

  1. Љиљана Стошиќ, „Речник црквених појмова“, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд

Надворешни врски