Операција Оверлорд: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Втора светска војна]]
[[Категорија:Битки на Франција во Втората светска војна]]
[[Категорија:Битки на Обединето Кралство во Втората светска војна]]
[[Категорија:Битки на САД во Втората светска војна]]
[[Категорија:Битки на Канада во Втората светска војна]]
[[Категорија:Инвазии во Втората светска војна]]
[[Категорија:Битки на Германија во Втората светска војна]]

Преработка од 23:35, 20 март 2018

Растовар на тенкови и залихи на Денот Д

Денот Д или Операција „Оверлорд“ — нарекува воената инвазија на сојузниците од Англија врз Нормандија, преку каналот Ламанш, која започнала на 6 јуни 1944.

Ова била една од завршните операции од Втората светска војна, со која започнала офанзивата на сојузниците врз силите на Нацистичка Германија од запад, и нивно постепено повлекување кон исток, кон Германија, од претходно окупираните територии на Франција, Бенелукс и Данска. Главницата од сојузничките сили ја сочинувале американски, британски, канадски и француски единици. Целовкупната флота ја чинеле бродови од 8 различни земји, вкупно 6.939 бродови (1.213 воени бродови, 4.126 транспортни бродови и 1.600 бродови за поддршка, вклучувајќи ги и трговските бродови).

Историја

Истоварот на сојузничката војска започнало во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад. Прва на брегот била американската армија на кои што им претстоело да направат мостобран во западната зона на Нормадиското подрачје. Еден час подоцна започнал нападот на британските војници на источната зона. Четвртата американска дивизија на генерал Теодор Рузвелт вршела истовар во секторот Јута. Неколку бродови на кои што се превезувале единиците налетале на мини. Потонал еден од десантните бродови со 4 водоземни тенкови. Изгубен е и еден разурнувач, а во настанатиот метеж првиот бран на трупите биле истоварени 1,5 km јужно од планираното.

Дваесет и пет километри источно од Јута се наоѓал секторот Омаха на којшто се истоварил 5. корпус на Првата американска армија. Овде одбраната ја држела 352. пешадиска елитна дивизија која стигнала неколку недели пред самиот напад. Во текот на десантот таа извршувала одбрана на напад од море, па истата се наоѓала во полна борбена готовност. Тоа во голема мерка овозможило вешто да се амортизираат нападите на сојузничката флота и нападите од воздух. Во општиот хаос набрзина биле спуштени 64 водоземни тенкови, но само половина од нив успеале да дојдат до брегот. Високите бранови потопиле 27 тенка, а пет-шест биле уништени од противничката артилерија. Исто така потонале 28 од вкупно 30 хаубици кои што биле превезувани во десантни чамци. Американскиот корпус претрпел големи загуби а многу војници и оклопни возила биле истоварени на погрешни места со што била изгубена врската со главницата.

Американците и покрај значителните загуби успелае да се прошират правејќи го мостобранот во секторот Омаха. Во тоа значителна помош им пружела артилеријата од воените бродови и доминацијата на небо од нивната авијација. До касно во ноќта на 6 јуни, сојузниците воспоставиле три мостобрана на Нормандискиот брег во должина од 2 до 9 км. Се истовариле 8 дивизии (3 воздушно-десантни и 5 пешадиски) и една оклопна бригада со вкупно 156.000 луѓе.


Предлошка:Никулец од областа на историјата