Посејдон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 21: Ред 21:
[[Категорија:Илијада]]
[[Категорија:Илијада]]
[[Категорија:Старогрчка митологија]]
[[Категорија:Старогрчка митологија]]
[[Категорија:Грчки божества]]
[[Категорија:Старогрчки божества]]
[[Категорија:Олимписки богови]]
[[Категорија:Олимписки богови]]

Преработка од 06:00, 5 март 2018

Статуа на Посејдон.

Посејдон (старoгрчки: Ποσειδῶν) бил бог на морето во старогрчката митологија.

Негов пандан во римската митологија е богот Нептун.Посејдон на секоја статуа бил изразен како држи трозаб.

Карактеристики

Бил син на Хрон и Реја, по симнувањето на татка си од тронот, со браќата Зевс иАд, фрлале коцка за поделбата на светот: со небото, морето и подземниот свет, додека со земјата договориле да владеат заедно. Посејдон го добил морето. Според големината Посејдон е еднаков на брата си Зевс, но не и според власта. По природа Посејдон бил господин и кавгаџија, и веднаш по поделбата заминал од Ајгеј, градејќи свој стан во подводниот свет. Во пространите штали чувал бели коњи со бронзени потковици и златни гриви и кочии со кои ги смирувал бурите, а морските чудовишта излегувале на површина покрај нив. Ја посакал Тетида, но кога дознал дека секое дете што ќе се роди со неа ќе биде поголемо од татка си, одустанал. Со помош на Делфин ја освоил Амфитрида, која претходно се гадела од него. Со неа Посејдон изродил три деца Тритин, Род и Бентеским. Посејдон бил љубовник како и неговиот брат Зевс. Бил кавгаџија, се скарал со Атена, понекогаш се светел со поплави, бури бранови, кога Зевс му забранил да создава поплави, тој создал суша.[1]

Наводи

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 56 - 58.