Исцелител (филм): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
надополнување на инфокутија
+ синедејс
Ред 11: Ред 11:
| cinematography = [[Дејан Димески]]
| cinematography = [[Дејан Димески]]
| distributor = Wide
| distributor = Wide
| released = 9 ноември 2017
| released = 9 ноември 2017 (Солунски филмски фестивал)<br /> 19 ноември 2017 ([[Синедејс]])<br />
| country = {{МАК}}<br />{{ГРЦ}}
| country = {{МАК}}<br />{{ГРЦ}}
| runtime = 104 мин.
| runtime = 104 мин.

Преработка од 18:10, 10 февруари 2018

„Исцелител“
Македонски плакат за филмот
РежисерЃорче Ставрески
ПродуцентЃорче Ставрески
СценаристЃорче Ставрески
Главни улогиБлагој Веселинов
Анастас Тановски
Жанркомедија, драма
МузикаГоце Јованоски
Бранислав Николов
Пеце Трајковски Брада
КинематографијаДејан Димески
ДистрибутерWide
Премиера9 ноември 2017 (Солунски филмски фестивал)
19 ноември 2017 (Синедејс)
Времетраење104 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
 Грција
ЈазикМакедонски


Исцелител (англиски назив: Secret Ingredient, Тајната состојка) — македонски филм, во режија на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. За меѓународната дистрибуција на филмот била задолжена француската агенција Wide.[1] Главните улоги ги играат: Благој Веселинов и Анастас Тановски.[2]

Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.[1]

Според зборовите на режисерот Ставрески, филмот бил создаден во долг временски период: од првите напишани зборови во сценариото па до премиерата на филмот поминале дури седум години. Првите три верзии на сценариото биле напишани како семејна драма.[1]

Премиерата на филмот била одржана на Солунскиот филмски фестивал, каде освоил награда од публиката. Престижното списание „Вараети“ (Variety) објавило рецензија на филмот, оценувајќи го како прекрасен филм кој „не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија...“[1]

Содржина

Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо (Анастас Тановски) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.[3]

Улоги

Некои од останатите улоги ги толкуваат: Игор Ангелов, Атанас Атанасовски, Симеон Дамевски - Мони, Катарина Илиевска, Бобан Кулески, Лазе Манасков, Јордан Симонов, Горан Стојановски, Наталија Теодосиева, Горан Трифуновски, Сенко Велинов, Лиле Велјанова и други.[2]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јаневски, Ѓорѓи (2017/2018). „„Исцелител - Одблиску со Ѓорче Ставрески"“. Економија и бизнис (234/235): 104–105. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Предлошка:Цитирана веб страница