Металургија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Металургија}} <div style="text-align:justify; margin-right:250px;>Металургија е наука за металите како и з...
(нема разлика)

Преработка од 16:02, 6 февруари 2018

Металургија

Процес на топење на злато
Гранки
Област
Област
Област
Поделба
Основна
Основна
Според т.п.
Според т.п.
Според т.п.
Подпроцеси
Подпроцеси
Преработка (фото)

Изливање на злато
Металургија е наука за металите како и за процесите на добивање и преработка на металите и нивните соединенија, соли и отпадни материјали. Исто така металургија е една од главните гранки на индустрија. Металургија опфаќа рафинација, производство на легури, обликување, оплеменување, проучување на структура, состав и особина на металите. Според видови на метали кои се произведуваат се дели на црна металургија (добивање на железо и челик) и обоена металургија (добивање на сите останати метали). Постои екстрактивна и преработувачка металургија.

Иако во Земјината кора постои обилна количина на метали, повеќето од нив не се наоѓаат во облик погоден за човечка употреба. Во голем дел тие се наоѓаат во комбинација со атоми на неметали во различни соединенија, како што се, сулфиди, оксиди, карбонати итн. Прв чекор на добивање на метали во употреблив облик е ослободување на металите од нивните соединенија. Со тие процеси се занимава екстрактивна металургија. Дури и после топењето, рафинацијата и легирањето, металите се само делумно обработени за финална употреба.