Планина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 79.126.165.187) и ја поврати преработката 3593133 на ГП
Ред 18: Ред 18:
Планината се јавува како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
Планината се јавува како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
* „Планина“ - песна на арапскиот поет [[Ибн Хефаџа]].<ref>''Arapska poezija''. Beograd: Rad, 1977, стр. 73-74.</ref>
* „Планина“ - песна на арапскиот поет [[Ибн Хефаџа]].<ref>''Arapska poezija''. Beograd: Rad, 1977, стр. 73-74.</ref>
* „[[Волшебниот рид]]“ - [[роман]] на германскиот писател [[Томас Ман]] од 1924 година.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
* „Да одиме во планините“ (''Hajdemo u planine'') - песна на југословенската група „[[Бијело дугме]]“ (''Bijelo Dugme'').<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=CAFE6UZ8DHk YouTube, bijelo dugme-hajdemo u planine (пристапено на 15.1.2017)]</ref>

* „Планини“ (''Mountains'') - песна на американскиот пејач „[[Принс]]“ (''Prince'') од 1986 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=1qZi_B7-IHw YouTube, Prince - Mountains (Lyrics) (пристапено на 15.1.2017)]</ref>

Преработка од 00:47, 26 декември 2017

Врвот K2 на Хималаите
Планината Макинли во Алјаска — највисока во Северна Америка

Планина — возвишување на Земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во Земјината кора.

Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.

Поделба на планините

Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини.

Првите се карактеризираат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината „зарамнета“, а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети.

Орогенеза

Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси (од грчки oros=гора и genesis=создавање). Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.

Планината како тема во уметноста и во популарната култура

Планината се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Планина“ - песна на арапскиот поет Ибн Хефаџа.[1]
  • Волшебниот рид“ - роман на германскиот писател Томас Ман од 1924 година.[2]
  • „Да одиме во планините“ (Hajdemo u planine) - песна на југословенската група „Бијело дугме“ (Bijelo Dugme).[3]
  • „Планини“ (Mountains) - песна на американскиот пејач „Принс“ (Prince) од 1986 година.[4]
  • „Планини од нешта“ (Mountains O' Things) - песна на американската пејачка Трејси Чепмен (Tracy Chapman) од 1988 година.[5]
  • „Можам да поместам планина“ (Move any mountain) - песна на британската група „Шејмен“ (The Sahamen).[6]

Наводи