Радомир (врв): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Elkost (разговор | придонеси)
с додадена Категорија:Планински врвови користејќи го HotCat
Ред 58: Ред 58:
[[Категорија:Општина Петрич]]
[[Категорија:Општина Петрич]]
[[Категорија:Синтика]]
[[Категорија:Синтика]]
[[Категорија:Планински врвови]]

Преработка од 19:23, 25 декември 2017

Радомир
Калабак
Поглед на Радомир од североисток
Највисока точка
Надм. вис.2.029 м [1]
Координати41°19′17″N 23°7′14″E / 41.32139° СГШ; 23.12056° ИГД / 41.32139; 23.12056Координати: 41°19′17″N 23°7′14″E / 41.32139° СГШ; 23.12056° ИГД / 41.32139; 23.12056
Друго имеКалабак
Географија
Радомир is located in Пиринска Македонија
Радомир
Радомир
Местоположба на Радомир во рамките на Пиринска Македонија
Радомир на карта

Карта

МестоПетричко и Демирхисарско
(денес во Бугарија и Грција)
ОбластПиринска / Егејска Македонија
Матичен венецБеласица
Поглед на Радомир во есен.

Радомир (старо: Калабак[2]; бугарски: Радомир, грчки: Καλαμπάκα, Калабака) — највисок врв на планината Беласица. Висок е 2.029 м[1] и се наоѓа во Петричко, на самата границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија.

Местоположба

Врвот е сместен 9 км југозападно од градот Петрич. Се издига на главното планинско било, западно од врвот Дебело Брдо и источно од врвот Лозен. Има пирамидален облик со многу стрмни падини на запад и југ. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвите околу него се планинско-ливадски и кафеави планински, а покриен е со подалпската тревна растителност. По билото поминува државната граница меѓу денешна Бугарија и Грција. Обележан е со граничната пирамида бр. 24.

Име

Сè до 29 јуни 1942 г. врвот го носел името Калабак, кое и денес се користи меѓу мештаните. Новото име му е дадено во чест на македонскиот цар Гаврил Радомир.

Патеки

Главни пристапи за искачување на планината се градот Петрич (6 часа), селото Димидово (денес Самуилово, 5 часа), и планинарските домови „Лопово“ (2 часа), „Конгур“ (3 часа) и „Беласица“ (4,5 часа) од бугарска страна, както и селото Мандраџик (6 часа) од грчка страна.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Беласица“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 107. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 179. ISBN 978-954-398-401-5.

Надворешни врски