Кичевија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с нов подреден клуч за Категорија:Кичевија: „ “ користејќи го HotCat
Ред 24: Ред 24:


==Куќа, двор и покуќница==
==Куќа, двор и покуќница==
[[Податотека:Cer 105.JPG|мини|лево|220п|Куќа во [[Цер]]]]
[[Податотека:Cer 105.JPG|мини|десно|220п|Куќа во [[Цер]].]]
* Примитивната куќа во оваа котилина се викала ''изба''. Во избата живеела цела група. Денес тие места каде што се избите се викаат ''избишта''. Избата најчесто била изградена од камен, била во правоаголен облик и приземна. Во средината било огништето, и чадот излегувал низ кровот. Денес сеуште можат да се видат изби во Латово, Дујани, Рбетино и во други села кои не изгореле до темел во 1903 година.
* Примитивната куќа во оваа котилина се викала ''изба''. Во избата живеела цела група. Денес тие места каде што се избите се викаат ''избишта''. Избата најчесто била изградена од камен, била во правоаголен облик и приземна. Во средината било огништето, и чадот излегувал низ кровот. Денес сеуште можат да се видат изби во Латово, Дујани, Рбетино и во други села кои не изгореле до темел во 1903 година.
Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај ''избиште'', се нарекува и ''стара куќа'' или ''куќишта''.
Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај ''избиште'', се нарекува и ''стара куќа'' или ''куќишта''.
Ред 30: Ред 30:
* ''Куќа на клет (подрум)''. Од старата куќа се развила куќа на клед, со тоа што добила подрум, кој служел за ситна стока и за чување на разни работи од домаќинството. Сега оваа куќа добила и прегради. Преграден дел за стоката или ''пондила'', и дел во кој е огништето и во кој живеат луѓето или
* ''Куќа на клет (подрум)''. Од старата куќа се развила куќа на клед, со тоа што добила подрум, кој служел за ситна стока и за чување на разни работи од домаќинството. Сега оваа куќа добила и прегради. Преграден дел за стоката или ''пондила'', и дел во кој е огништето и во кој живеат луѓето или
''куќа''. Оваа куќа има и чардак, кој е широк, со отворени прозорци. Под подот на чардакот стоел кош за ставање на жито. Кај некои куќи до пондилата имало и ''одајче за на зима''. Под кровот на куќата имало ''ател'' за кокошки. Кровот бил покриен со слама или плоча, а додека кај старите куќи кровот бил само сламеница. Овие куќи ги имало се до 1903 година, кога многу села биле запалени. Денес ги има во ретки примери.
''куќа''. Оваа куќа има и чардак, кој е широк, со отворени прозорци. Под подот на чардакот стоел кош за ставање на жито. Кај некои куќи до пондилата имало и ''одајче за на зима''. Под кровот на куќата имало ''ател'' за кокошки. Кровот бил покриен со слама или плоча, а додека кај старите куќи кровот бил само сламеница. Овие куќи ги имало се до 1903 година, кога многу села биле запалени. Денес ги има во ретки примери.
[[Податотека:Белица во јуни 2013 (13).JPG|мини|десно|Куќа во [[Белица]]]]
[[Податотека:Белица во јуни 2013 (13).JPG|мини|десно|Куќа во [[Белица]].]]
* ''Куќа на диреци''. Оваа куќа е иста како и куќата на подрум, само што делот од подрумот не е заѕидан од три страни, туку влезот е слободен. Вакви куќи особено има во Горно Рабетино, Дупјани, Патеец и Орланци.
* ''Куќа на диреци''. Оваа куќа е иста како и куќата на подрум, само што делот од подрумот не е заѕидан од три страни, туку влезот е слободен. Вакви куќи особено има во Горно Рабетино, Дупјани, Патеец и Орланци.

Преработка од 14:20, 21 декември 2017

Кичевија — историско-географска област која ја опфаќа Кичевската Котлина, западна Македонија. Кон Полог граница е планината Буковик (1.518 м); кон Мијаците планината Бистра (2.100 м); кон Дебарската Котлина и Дримкол планината Стогово (2.242 м); кон Дебарца планината Голак (1.468 м), па Беличко-пространската планина (1.500-1.600 м); кон Демир Хисар (Железник) границата е на изворот на Црна река, па на планината Лубен (1.762 м) и Стрмол (1.762 м); кон Крушево планината Венец (1.738 м); кон Прилеп планината Бушава (1.702 м); кон Порече планината Песјак (1.744 м), па Челоица (1.896 м) и Добра Вода (2.082 м).

Покраини

Во Кичевијата се распознаваат помалечки покраини кои имаат свои имиња:

  • Краста или Горни Железник — го опфаќа пределот под планината Лубен. Краста е поврзана за Кичевската Котлина со долината на Беличка Река и превојот на планината Турла.

Типови села

На дното на котлината постојат населби кои се настанати од големите поседи во средновековието, турски наречени „чифлици“. Селата по речните долини и на високите предели се од типот на земјоделски и сточарски села. Се забележува дека многу села на речните долини зафаќаат неплоден крај. Овие села се повлечени од плодното земјиште за да остане што повеќе плодна земја за обработка. Селата по речните долини се тешко пристапни и скриени, а исто така се скриени и по долините и селата во Краста. Селата биле скриени од причина што селаните пробувале да се заштитат од разните војски кои го напаѓале македонскиот народ. Во врска со сточарството и земјоделството, се создавале и привремени населби, во кои се чувала стоката, сточната храна, и земјоделските алати. Тие привремени населби биле во близина на селата.

Во Кичевската Котлина разликуваме разни типови на села. На дното на котлината и таму каде што биле големите поседи на агите и беговите селата се од чифлигарски тип. Тие биле збиени до кулата од агата или бегот, со високи огради и ѕидови, кои го издвојуваат имотот од соседната куќа, а измеѓу оградите имало „сокаци“ — криви селски улици. Околу куќите постоеле големи градини со овошје. Од улицата во дворот се влегувало на голема капија. Во дворот се забележувале згради за живеење, за стоката, за сено, кошеви за пченка, амбари и земјоделски алати. Единечните куќи давале изглед на мали тврдини, особено во Горно Кичево. Во дворот имало бунар и покрај него големо корито. Кога навечер ќе се затвореле капиите, пристапот бил скоро невозможен од лошите песови. Во главно од овој тип е и Кичево, како и селата; Црвивци, Србица, Арангел, Туин, Поповјани, Јагол Доленци, Зајас, Длапкин Дол, Трапчин Дол, Колибари, Србјани, Челопеци, Лисичани, Миокази, Пласница, Преглово, Вранештица и Другово.

Селата од езерско потекло (Кичевската Котлина порано ја исполнувало езеро, во кое се влевале реките од планинските предели. Тоа езеро истекло создавајќи ја долината на реката Треска, кон реката Вардар) се исто така збиени, но така што терасата им останувала слободна. Над селата постоеле „шумјаци“ за стоката. Оградите на куќите најчесто биле плотови, а поретко ѕидови. Такви села се: Раштани, Осој, Ериновци, Стрелци, Шутово, Премка, Осломеј, Горно и Долно Строгомиште, Мидинци, Колари, Карбуница, Бигор Доленци, Атишта, Челопеци, Дворци, Орланци, Речани.

Селата на речните долини и извори се средно збиени и скоро улица не се појавува. Селата се врзуваат со стрмни патеки и врвици, и се доста непристапни. Тие се на раб помеѓу шумата и продуктивното земјиште. Со исклучок на Зајас, овие села останале чисти во поглед на верската и етничката припадност. Такви села се: Кнежино, Лешница, Речани, Бачишта, Тајмиште, Бериково, Папрадиште, Ново Село, Крушица, Светораче, Патец, Дупјани, Рабетино, Ижишта, Ореовец, Русјаци, Латово, Кладник, Горно и Долно Добреноец, Јаворец, Лавчани, Душогубица, Ехловец, Кленовец, Иванчишта, Малкоец, Попоец, Подвис, Пополжани, Видрани, Брждани, Јудово, Белица, Козица, Цер, Мало и Големо Црско, Прострање и Велмеј.

Куќа, двор и покуќница

Куќа во Цер.
  • Примитивната куќа во оваа котилина се викала изба. Во избата живеела цела група. Денес тие места каде што се избите се викаат избишта. Избата најчесто била изградена од камен, била во правоаголен облик и приземна. Во средината било огништето, и чадот излегувал низ кровот. Денес сеуште можат да се видат изби во Латово, Дујани, Рбетино и во други села кои не изгореле до темел во 1903 година.

Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај избиште, се нарекува и стара куќа или куќишта.

  • Куќа на клет (подрум). Од старата куќа се развила куќа на клед, со тоа што добила подрум, кој служел за ситна стока и за чување на разни работи од домаќинството. Сега оваа куќа добила и прегради. Преграден дел за стоката или пондила, и дел во кој е огништето и во кој живеат луѓето или

куќа. Оваа куќа има и чардак, кој е широк, со отворени прозорци. Под подот на чардакот стоел кош за ставање на жито. Кај некои куќи до пондилата имало и одајче за на зима. Под кровот на куќата имало ател за кокошки. Кровот бил покриен со слама или плоча, а додека кај старите куќи кровот бил само сламеница. Овие куќи ги имало се до 1903 година, кога многу села биле запалени. Денес ги има во ретки примери.

Куќа во Белица.
  • Куќа на диреци. Оваа куќа е иста како и куќата на подрум, само што делот од подрумот не е заѕидан од три страни, туку влезот е слободен. Вакви куќи особено има во Горно Рабетино, Дупјани, Патеец и Орланци.
  • Нова куќа. Куќите од овој тип се ѕидани после 1903 година. Ѕидани се од камен и се доста пространи. Има нови куќи кои навидум, како да ги замениле беговските куќи и наликуваат на градски. Особено убави нови куќи има во Цер, Дворци, Атишта, Поповјани, и Зајас.

Како градители се познати мијачките ѕидари, а потоа оние од Копачка и Железнец. Материјалот во главно бил камен и кал. Во поново време се пече и цигла, а куќите се покриваат со цреп.

Градби во поле и планина

Селата во Кичевско имаат и свои привремени населби. Покрај селата се т.н гумништа или племништа, каде се врши житото. За преработка на млеко, кон планините се изградени бачилишта.

  • Кошара. Изгледа како буквата П. Кровот и зидовите се обвиткани со слама. Тука овчарите спиеле со стоката на зима, па и на лето. Кај некои покрај кошарата се сретнувале и мали зградички во форма на кружен шатор, цел од слама. Служел за одгледување на пчели.
  • Бачилиште. Мала колиба од гранки и стебла. Во неа летото го поминувал некој член на семејството со млечната стока, и произведувал млечни производи.
  • Гумништа. Места во близина на селата, со плевни за сено, слама или ченканица, и шушлупки од пченки.
  • Кош. Засолниште за собраната пченка. Кошот најчесто стои покрај куќата или некаде во дворот.
  • Амбар. Најчесто стои покрај куќата, на чардакот, или пак издвоен е во дворот. Кога е издвоен, личи на мала кула и има мал дел за престојување, и тоа секогаш горе. Ако амбарот е покрај куќата, истакнат е заради промаја, односно претставува еден вид на балкон.

Народни носии - Кичевија

Носии од Кичевијата

Помеѓу регионите на Кичевијата, се согледуваат мали разлики, и затоа се обработуваат како едно исто.

Носиите припаѓаат на етниграфско подрачје на носии од Кичевија, Порече и Железник. Носијата е составена од следниве делови:

  • кошула
  • клашеник
  • скутина
  • грлинка
  • чорапи
  • појас
  • ќурдија
  • калци сокај
  • тулбен
  • убрус
  • гајтан
  • накит

Стари гробишта

Во Кичевијата се распознаваат старите гробишта (од пред XIX век) од новите. Старите гробишта се најчесто напуштени. Во близина на село Туин постои гроб, т.н. Попов Гроб, кој е исто така стар. Кај него доаѓаат болни жени и неродилки на поклонување, и христијанки и муслиманки. Во Челопеци е прикажуван еден стар гроб во кој е погребан последниот член на некое семејство, кој цел имот го оставил на црквата во име на тоа за Велигден цело село да му се собере на гробот и да испие товар вино. Старите гробишта се во близина на денешните села. Тие се групирани по некогашните краеви. Најголемите стари гробишта се наоѓаат под село Тајмиште, на местото Старо Село кај Цер, на местото Голем Камен и на патот измеѓу Србица и Ново Село.

Во Кичевијата се распознаваат три типа стари гробишта.

  • Во Горно Кичево тие се одликуваат по тоа што на нив ретко се гледаат украси и на нив не се забележуваат натписи. Таму надгробните плочи се огромни; долги се до 3 м. и широки 1,50 м. Таму се скоро сите крстови искршени од страна на муслиманите кои напаѓале по селата. Најтипични стари гробишта од овој тип можат да се забележат во село Осломеј, во близина на новата црква.
  • Вториот тип на стари гробишта се забележува во Горна Копачка. Таму крстовите и надгробните плочи се исто во големи размери и се разликуваат во материјалот од оние во Горно Кичево. Слични се старите гробишта и во Долно Кичево и Долна Копачка, само што таму се забележува употреба на олово за затворање на гробовите.
  • Третиот тип стари гробишта е со натписи и украси и ги има во Горно и Долно Рабетино. Во Орланци стојат уште неколку крстови од мермер на старите гробишта на семејствата Чупчевци, Коколовци и Мијовци.

Нови гробишта

И во Кичево христијанските гробишта биле покрај црквата. Подоцна гробиштата се иселени и уредени се нови гробишта кај местото Палатишта. Поновите гробишта ги имаат истите одлики како и старите. На новите се гледаат и натписи. Пред неколку години се уредени нови гробишта на излезот на Кичево, непосредно покрај магистралниот пат Кичево-Охрид.

Муслиманските гробишта имаат општoпознати одлики. Секогаш се покрај патот, на влезот на селото или градот, или на излезот. Муслиманските гробишта во Кичево се исто така иселени. Останати се уште старите гробишта во градот, кај џамијта и теќето.

Поврзано

Наводи

Користена литература

  • Т. Смиљаниќ: „Кичевија“, Скопје, 1931