Дебар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 63: Ред 63:
== Историја ==
== Историја ==
[[Податотека:IMARO cheti in Debar 1908.jpg|мини|лево|Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на [[Младотурската револуција]]]]
[[Податотека:IMARO cheti in Debar 1908.jpg|мини|лево|Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на [[Младотурската револуција]]]]
Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е картата на [[Клавдиј Птоломеј]], направена околу средината на [[2 век]] во која се нарекува ''Deborus''. [[Византија|Византискиот]] император [[Василиј II]] знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град ''Dibri'' во [[1502]]. Во времето на [[Османлиската империја]] Дебар бил дел од [[Битолскиот вилает]]. На почетокот на [[19 век]] Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец, Дебар имал 64 продавници и 4.200 жители. На крајот од векот, градот имал 15.500 жители, но после [[Првата светска војна]] овој број се намалил.
Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е картата на [[Клавдиј Птоломеј]], направена околу средината на [[2 век]] во која се нарекува ''Deborus''. [[Византија|Византискиот]] император [[Василиј II]] знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град ''Dibri'' во [[1502]]. Во времето на [[Османлиската империја]] Дебар бил дел од [[Битолскиот вилает]]. На почетокот на [[19 век]] Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец, Дебар имал 64 продавници и 4.200 жители. На крајот од векот, градот имал 15.500 жители, но по завршувањето на[[Првата светска војна]] овој број се намалил.


Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во [[Македонија]], [[Бугарија]], [[Србија]] па дури и во [[Русија]]. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник [[Григор Прличев]], кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.
Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во [[Македонија]], [[Бугарија]], [[Србија]] па дури и во [[Русија]]. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник [[Григор Прличев]], кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.


[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]
[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари, во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.


===Потекло и значење на името Дебар===
===Потекло и значење на името Дебар===

Преработка од 23:26, 20 декември 2017

За други значења на поимот Дебар видете на појаснителната страница
Дебар
Поглед на градот Дебар од селото Рајчица
Поглед на градот Дебар од селото Рајчица

Поглед на градот Дебар од селото Рајчица
Знаме на Дебар
Знаме на Дебар
Грб на Дебар
Грб на Дебар
Mестоположба
Mестоположба на Дебар
Дебар на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Дебар
Поштенски бр.: 1250
Повикувачки бр.: (+389) 046
Автомобилска ознака: DB
Портал: debar.gov.mk
Историја
Управа
Земја: Македонија
Регион: Предлошка:Грбови
Општина: Предлошка:Грбови
Градоначалник: Ружди Љата
Географија
Население
Население: 14.561
Образование:


Дебар — град во западниот дел на Македонија и административен центар на Општина Дебар, која опфаќа уште и 17 села. Според пописот од 2002 година, градот имал население од 14.562 жители. Градот е центар на дебарскиот регион, кој главно е населен со Македонци од муслиманска вероисповед.

Географија и местоположба

Поглед на градот Дебар крај Дебарското Езеро

Градот Дебар се наоѓа во крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се Струга (52 км) и Гостивар (71 км). Дебар лежи во југоисточниот дел на Дебарското Поле во подножјето на планината Дешат (Крчин) на надморска височина од 625 метри. Истотака Дебар е опкружен и со планините Стогово на исток и Јабланица на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области Кичевско и Дримкол во Струшко. Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото Дебарско Езеро, кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во 1969 година на вливот (утоката) на реката Радика во Црн Дрим, непосредно на јужниот крај на градот.

Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземноморската (медитеранската) клима кои се резултат на силното климатско влијание од Јадранското Море кое доаѓа и се чувствува од запад по долината и течението на Црн Дрим. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.

Историја

Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на Младотурската револуција

Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е картата на Клавдиј Птоломеј, направена околу средината на 2 век во која се нарекува Deborus. Византискиот император Василиј II знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град Dibri во 1502. Во времето на Османлиската империја Дебар бил дел од Битолскиот вилает. На почетокот на 19 век Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец, Дебар имал 64 продавници и 4.200 жители. На крајот од векот, градот имал 15.500 жители, но по завршувањето наПрвата светска војна овој број се намалил.

Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во Македонија, Бугарија, Србија па дури и во Русија. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник Григор Прличев, кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.

Споменик на паднатите борци во Дебар

Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари, во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.

Потекло и значење на името Дебар

Бегство на Дебрани од налетот на Балистите во 1942 година
Прослава за 9 мај во Дебар.

Името на градот Дебар е од македонско потекло, односно со потекло и значење од македонскиот, старословенскиот и другите словенските јазици. На старословенски јазик именката дебар (дьбръ) означува долина, котлина[1], што соодветствува со местоположбата и околината во која што се наоѓа градот Дебар. Во Македонија постојат повеќе имиња на села, области, предели и други топоними кои се изведени од именката дебар како што е областа, а воедно и котлина, етнографски предел и општина Дебарца во Охридско, селата Дебреше (Гостиварско), Дебреште (Прилепско), Дебриште (Кавадаречко) (во постари записи и тетовското село Доброште се среќава како Дебреште), месноста Дебревник (Струмичко)[2], со една заедничка карактеристика дека се наоѓаат во долини и котлини, односно подножја на планини каде започнува долинскиот или рамничарскиот дел на котлините. Исто така, македонскиот просветител, преродбеник и учител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во своите записи, патеписи и објавени статии во педесетите години на 19 век, често го употребува зборот дебрина, дебрини за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) дебар е образувано од физичкогеографски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина[3]. Имајќи ја предвид местоположбата на градот Дебар и Дебарското Поле, денес во најголем дел потопоено под вештачкото езеро, како и пошироката област Горни и Долни Дебар, во котлина помеѓу планините Дешат, Стогово и Јабланица, а воедно и предел каде се составуваат долините на реките Радика и Црн Дрим, со сигурност може да се заклучи дека градот го добил своето име од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.

Население

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Дебар, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, градот Дебар има 14.561 жител[4], додека новосоздадената Општина Дебар со новата организација броела 17.952 жители.

Поради тешката економска состојба последните години е зголемено иселувањето од Дебар, чии жители најчесто се иселуваат во САД.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 14.561 жител и спаѓал во групата на средни градови.[5] Етнички гледано, населението е составено од:[4]

Етнички групи[4]
Албанци
  
73,95 %
Турци
  
9,72 %
Роми
  
7,41 %
Македонци
  
7,24 %
други
  
1,50 %
Срби
  
0,15 %
Власи
  
0,01 %
Бошњаци
  
0,01 %
народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 1.054 7,24
Албанци 10.768 73,95
Турци 1.415 9,72
Роми 1.079 7,41
Власи 2 0,01
Срби 22 0,15
Бошњаци 2 0,01
други 219 1,50
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[4]:

Јазици[4]
албански
  
79,05 %
македонски
  
13,40 %
турски
  
6,56 %
други
  
0,52 %
ромски
  
0,34 %
српски
  
0,13 %
бошњачки
  
0,02 %
јазик вкупен број % од вкупното население
македонски 1.950 13,40
албански 11.510 79,05
турски 955 6,56
ромски 49 0,34
српски 19 0,13
бошњачки 2 0,02
други 75 0,52
Вероисповед

Во Дебар се застапени следните религиски групи[4]:

Религија[4]
ислам
  
94,52 %
православие
  
4,72 %
католицизам
  
0,38 %
други
  
0,38 %
религија вкупен број % од вкупното население
православни 688 4,72
муслимани 13.763 94,52
католици 55 0,38
други 55 0,38

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Дебар:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19484.698—    
19535.520+17.5%
19616.323+14.5%
19718.823+39.5%
198112.201+38.3%
19915.911−51.6%
199413.340+125.7%
200214.561+9.2%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 4.698
1953 1.110 4.122 53 83 2 87 63 5.520
1961 1.009 4.507 195 57 555 6.323
1971 1.276 6.681 367 0 105 394 8.823
1981 1.106 8.625 573 1.030 0 37 830 12.201
1991 1.375 1.606 1.149 1.309 0 34 438 5.911
1994 1.431 9.400 1.175 1.103 1 34 196 13.340
2002 1.054 10.768 1.415 1.079 2 22 2 219 14.561

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Македонки од Дебар во почетокот на XX век

Знаменитости на Дебар

Во непосредна близина на Дебар (веднаш после таблата од лева страна) се наоѓа селото Рајчица кое е всушност негово предградие, во кое се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец кој е метох на најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Манастирот е возобновен во 1999 година и денес таму повторно се слави Ѓурѓовден. Во близина на дебарските села Баниште и Долно Косоврасти се наоѓаат познатите Дебарски бањи. Во Дебар сѐ уште може да се најдат некои изумрени занаети како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сѐ уште опстојуваат и во чаршиите во Прилеп и Битола. Истотака познати се и дебарските мајстори-ѕидари и дебарските тапанџии и зурлаџии.

Стопанство

Дебар и принадлежната околина во рамките на Општина Дебар.

Најпознати и најголеми стопански капацитети кои вработуваат голем број работници се рудникот и фабриката за гипс „Радика - КНАУФ“, „Дебарските Бањи Цаpа“ и хидро-централата „Шпилје“. Во Дебар работат и неколку килимари чии килими често се пласираат на странските пазари. Со осамостојувањето на Македонија и отворањето на границата со Албанија во градот голем развој доживеа трговијата и малостопанството, бидејќи се поголем број на жители од пограничните албански села и градови се снабдуваат со производи и услуги на пазарот во Дебар.

Личности

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Станковска, Љубица. Средновековниот топонимски модел во Струмичко. Акта Велјуса - Acta Veljusa - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142
  2. Станковска, Љубица. Средновековниот топонимски модел во Струмичко. Акта Велјуса - Acta Veljusa - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142
  3. Станковска, Љубица. Средновековниот топонимски модел во Струмичко. Акта Велјуса - Acta Veljusa - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Предлошка:Цитирана мрежна страница
  5. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски


Предлошка:Населени места во Општина Дебар