Проект „Математичко родословие“: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
 
(нема разлика)

Последна преработка од 06:33, 18 декември 2017

Проект „Математичко родословие“ (англиски: Mathematics Genealogy Project, MGP) — семрежна база на податоци за академското родословие (генеалогија) на математичарите.[1][2][3] Во септември 2010 г., проектот содржел информации за преку 160.000 математичари кои учествуваат дејствуваат на „истражно ниво“. Записите обично содржат година на дипломирање, алма матер, докторски ментор и докторски аспиранти[1][4]

Цели[уреди | уреди извор]

Опишувајќи ја своитеа цели, проектот се изјаснува: „Кога ги употребуваме зборовите „математика“ или „математичар“ ширум овој проект, нив ги подразбираме во мошне широка смисла. Затоа, кај нас се добредојдени сите релевантни податоци од полето на статистиката, информатиката и оперативното истражување.“[5]

Делокруг[уреди | уреди извор]

Родословните информации на проектот се добиваат од извори како Dissertation Abstracts International („Меѓународни извадоци од дисертации“) и Notices of the American Mathematical Society („Билтен на Американското математичко друштво“), но може да дојдат од било кој учесник на проектниот портал.[3][6] Во базата може да се пребаруваат имињата на математичарите, универзитетите кајшто студирале, годината на доделување на академскиот чин, наслов на дисертацијата, имињата на менторите и вторите ментори, земјата на доделување на чинот (со знаменце), список на докторски аспиранти и бројот на академски потомци.[1] Наведени се и некои историски значајни личности што немале докторат, како што е Жозеф-Луј Лагранж.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Jackson, Allyn (2007), „A labor of love: the Mathematics Genealogy Project“ (PDF), Notices of the American Mathematical Society, 54 (8): 1002–1003.
  2. Carr, Sarah (August 18, 1999), „Retired Mathematician Develops a Family Tree of the Scholars in His Field“, The Chronicle of Higher Education.
  3. 3,0 3,1 Worth, Fred (2006), „A Report on the Mathematics Genealogy Project“ (PDF), MAA FOCUS, 26 (8): 40–41.
  4. „Проект Математичко родословие“ (англиски)
  5. Изјава за целите, Проект „Математичко родословие“ (англиски)
  6. Од каде ви се податоците? — ЧПП на проектот „Математичко родословие“ посет. 28 март 2010 г
  7. Жозеф Лагранж, „Ја покажуваме врската со Ојлер за да укажеме на поврзаноста во нашата интелектуално наследство“. (hbc), Проект „Математичко родословие“ (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]