Ерта Але: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
нова страница |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{во изработка}} |
|||
{{Infobox mountain |
{{Infobox mountain |
||
| name = Ерта Але |
| name = Ерта Але |
Преработка од 20:13, 16 декември 2017
Оваа статија моментално е под поголема промена за краток временски период. Би ве замолиле за учтивост — не уредувајте ја страницата додека стои поракава. Корисникот кој ја ставил оваа ознака ќе биде означен во историјата на страницата. Ако страницата не е уредувана веќе неколку часа, отстранете ја предлошкава. Поракава постои со цел да се избегнат спротивставените уредувања. Отстранете ја меѓу уредувања за да им овозможите и на другите да ја уредуваат страницава. Последното уредување на оваа Оваа статија го направи BlueEagle1 (разг| прид) пред 6 години. (Поднови) |
Ерта Але | |
---|---|
Ерта Але во мај 2008 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 613 м [1] |
Заведена како | Список на вулкани во Етиопија |
Координати | 13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД [2] |
Географија | |
Геологија | |
Вид | Штитест вулкан |
Последен избув | 1967 до денес[2] |
Ерта Але е вулкан во Етиопија кој наоѓа во северниот дел на Големата Раседна Долина, поточно во Афарската Депресија. Ерта Але значи "планина која чади" на афарски јазик.
Географија
Локација и топографија
Ерта Але, иако не е многу висока (613 метри надморска височина), е многу широк вулкан триесет километри во дијаметар. Таа е дел од вулкански систем, вклучувајќи ги, од север кон југ на Гада Але, Алу-Дала Фила, Борале Але, Ерта Але, Hayli GubПредлошка:Lien и Але Багу кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на југ од Далол.
Ерта Але на врвот има купа 1 600 метри долга и 700 метри широка, свртена во насока север-југ. Во купата лежат два кратера во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавински езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.[се бара извор].
Геологијата
Лава истечена од Ерта Але е базалтска, без многу вулкански гасови, а највисоката измерена температура била 1 217 Предлошка:Tmp.
Измерениот топлински бран бил 30 kW·м-2Предлошка:Unité/2.
Афарската депресија каде што се наоѓа вулканот сочинува дел од Големата Раседна Долина која поминува низ источна Африка од север кон југ, и која би можела доколку нејзиниот развој продолжи, да создаде нов океан како Црвеното море.
Историја
Сместена во регион на пустината и малку лесен пристап, Ерта Але почнале да ја проучуваат вулканолозите дури од доцните 1960-ти и раните 1970-ти, но била забележана од страна на Европејците, за прв пат во 1841 и искачена во 1873.
Во 1968 година, првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. Арун Тазиеф и Џорџо Маринели виделе две лавински езера : во северниот кратер Северно езеро од сто метри во дијаметар и многу активен и во централниот кратер езеро од 65 метри во дијаметар и помалку активно, и двете се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активнинајмалку од 1906 година. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре : во 1971 година, тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот дијаметар а во 1972 година, тие протекле поплавувајќи го подот на купата. Тоа траело до 1974 година.
Немало други набљудувања се до ноември 1992 година освен некои антенски истражувања и сателитските набљудувања. Колапс на ѕидовите на северниот кратер го закопал лавинското езеро. Нивото на централното езеро, со димензии биле од 40 до 70 метри, паднало на сто метри.
Во 2001 година, војната со Еритреја завршила и тимови на научници можеле да направат мерења. Езерото изнесувало 80 од 100 метри, сместено на длабочина од 80 метри и редовно испуштало лавински фонтани високи од пет до десет метри. Од овој датум, вулканот редовно се посетува. Набљудувањето на лавинското езеро покажува чести промени на нивото и на активноста.
Лавинските езера покажуваат интензивна активност : се формира кора од изладена лава, но таа е пробушена од лавински фонтани редовни придружени со испуштање вулкански гасови. Освен тоа струи на конвекција постојат во лавинското езеро, кои ја придвижуваат кората. Така можат да се набљудуваат зони на акреција и минијатурни субдукции.
По краток период кога езерото е стврднато, повторно наидува ерупција. Лавинското езеро во југоисточниот кратер повторно постои. Неговото ниво варира од месец до месец. Кога се спушта, остава стврднати тераси од базалт. Тие пак ќе покриени неколку месеци подоцна, кога езерото ќе почне да се накачува.
Прилог
Користена литература:
- Арун Тазиеф, Мирисот на сулфур. Експедицијата во Афар, Сток, Париз, 1975, 227 Предлошка:Nb p. ISBN 978-2234002623
Поврзани статии
- Големата Раседна Долина
- Географија на Етиопија
- Далол (вулкан)
- Афар (регион)
- Афарска депресија
Наводи
- ↑ „Erta Ale, Ethiopia“. Volcano World. Oregon State University. Посетено на 2007-08-08.
- ↑ 2,0 2,1 „Erta Ale“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2009-02-22. (англиски)
Надворешни врски
- (англиски) Ерта Але на веб-страницата на Глобалната вулканска програма
- (француски) Футура науки - Досието за Ерта Але
- (француски) (англиски) - Веб страна на Женевското вулканолошко здружение, швајцарија за Ерта Але