Тефра: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 55: Ред 55:
*[http://facweb.bhc.edu/academics/science/harwoodr/GEOL101/Labs/VolcanicMaterials/ Идентификација на вулкански материјали] на {{en}}
*[http://facweb.bhc.edu/academics/science/harwoodr/GEOL101/Labs/VolcanicMaterials/ Идентификација на вулкански материјали] на {{en}}


{{нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Вулкани]]
[[Категорија:Вулкани]]
[[Категорија:Вулканологија]]
[[Категорија:Вулканологија]]

Преработка од 15:38, 15 декември 2017

Тефра
Вулканска тефра од Браун Блаф, Антартик (2016 година)
Класификација
Димензии
Вулкански пепелод 2 мм (0,08 инчи) во дијаметар
Лапилипомеѓу 2 и 64 мм (0,08 и 2,5 инчи) во дијаметар
Вулкански блокови и бомбипоголеми од 64 мм (2,5 инчи) во дијаметар
Централен дел на Исланд. Дебелиот и светло обоен слој на центарот на фотографијата е риолитска тефра од Хекла.
Пламен од ерупцијата на вулканот Етна кој исфрлува вулкански пепел, вулкански бомби и пемза.
Вулкански камења од Бишоповиот туф, некомпресирани со пемза лево; компресирани со фиами десно.
Тефра е заедничко име за сите видови и големини на вулкански материјал исфрлен од вулкан или наталожен од воздухот, без обзир на состав или големина. Вклучува вулкански пепел, лапили, вулкаснки блокови и бомби, скорија, пемза и вулканско стакло.[1] Вулканолозите сметаат дека откако ќе паднат пирокластичните материјали на земјата, остануваат на неа како тефра, освен ако не се доволно топли за да се спојат заедно и да оформат пирокластична карпа или туф.[2]

Општо

Најголемите парчиња тефра (поголеми од 64 мм) се нарекуваат вулкаснки блокови и бомби. Блоковите и бомбите, вообичаено се испукуваат балистички од вулканот. Бидејќи овие фрагменти се толку големи, обично паѓаат во близина на нивниот извор. Можат да бидат тешки од 8 до 30 тони и можат да одлетаат најдалеку до 1 км од нивниот извор. Малите блокови и бомби од лава можат да одлетаат од 20 до 80 км во далечина со брзина од 75 до 200 м/с. Помалите исфрлени објекти како што се лапилите (2-64 мм) и пепелта (<2 мм) кои се конвектирани нагоре од топлината која настанува при процесот на ерупција, паѓаат на поголема далечина од вулканот. Повеќето честички кои се поголеми од милиметар паѓааат во интервал од 30 мин по исфрлувањето. Најмалите честички, помали од 0,01 мм, можат да останат во атмосферата и до две или три години по вулканската ерупција.[2] Кога големи количества на тефра се акумулираат во атмосферата од масивни вулкански ерупции (или од мноштво помали ерупции кои се случуваат истовремено), тогаш тие можат да ја рефлектираат светлината и топлината од сонцето назад низ атмосферата, во некои случаи предизвикувајќи температурата да се намали, што резултира со таканаречената „вулканска зима“.[3] Тефра измешана со дожд може да предизвика кисели врнежи и снег.[3] Некои научници сметаат дека овие честички придонесуваат за глобалното затоплување.[2]

Класификација

Тефра фрагменти класифицирани по димензија:

Етимологија

Зборот „тефра“ доаѓа од грчкиот збор (грчки: τέφρα) што значи „пепел“, додека зборот „пирокластичен“ е изведен збор од грчките зборови „пир“ (грчки: πῦρ) што значи „оган“, и „кластос“ (грчки: κλαστός) што значи „скршен на парчиња“.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Camp, Dr. Vic (10-ти октомври 2000). „Tephra and pyroclastic rocks“. How Volcanoes Work. Department of Geological Sciences, San Diego State University. Посетено на 15-ти декември 2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Riley, C. M. „Tephra“. mtu.edu/geo/. Michigan Technological University. Посетено на 15-ти декември 2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. 3,0 3,1 Langmann, Baerbel (26-ти мај 2013). „Volcanic Ash versus Mineral Dust: Atmospheric Processing and Environmental and Climate Impacts“. ISRN Atmospheric Sciences. 2013: 17. doi:10.1155/2013/245076. Посетено на 15-ти декември 2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)

Надворешни врски