Охос дел Саладо: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 19:00, 8 декември 2017

Невадо Охос дел Саладо — стратовулкан на Андите кој се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Чиле. Охос дел Саладо е највисокиот активен вулкан во светот со 6.893 метри (22.615 стапки). Охос дел Саладо е исто така втора највисока планина во Западната хемисфера и Јужната хемисфера. Се наоѓа на околу 600 километри северно од Аконкагуа, највисока планина во Западната хемисфера на 6.961 метри (22.838 стапки).

Поради својата локација во близина на пустината Атакама, планината има суви услови со снежни покривки кои обично остануваат само на врвот во текот на зимата, иако тешките бури можат да ја покријат околината со неколку метри на снег дури и во лето. И покрај генерално сувите услови, постои постојано кратерско езеро со дијаметар од околу 100 метри (330 стапки) на надморска височина од 6,390 метри (20,960 стапки) на источната страна на планината. Ова е најверојатно највисокото езеро од секаков вид во светот.

„Освојувањето“ на Охос дел Саладо најчесто оди преку качување, освен за последниот дел од врвот што е тежок и што може да бара јажиња. Првото искачување било направено во 1937 година од страна на Јан Алфред Шчепански и Јустин Војснис, членови на полската експедиција во Андите.

Неговото име, што значи „очи на соленото“ на шпански, доаѓа од огромните депозити на сол кои во облик на лагуни кои се појавуваат во неговите глечери.