Општина Кочани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с поправки
→‎Демографија: дополнување
Ред 47: Ред 47:


== Демографија ==
== Демографија ==
Според пописот на населението од 2002 г. во општина Кочани живеат 38 092 жители<ref>Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 г., Државен завод за статистика</ref>, од кои:
Според пописот на населението од 2002 г. во општина Кочани живеат 38.092 жители<ref>Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 г., Државен завод за статистика</ref>, од кои:
* Македонци 35 472 (93,12%)
* Македонци 35.472 (93,12%)
* Роми 1951 (5,12%)
* Роми 1.951 (5,12%)
* Турци 315 (0,83%)
* Турци 315 (0,83%)
* Власи 194 (0,50%)
* Власи 194 (0,50%)
* Срби 63 (0,17%)
* Срби 63 (0,17%)
* останати 97 (0,26%)
* останати 97 (0,26%)

Според проценккте на [[Државен завод за статистика|Државниот завод за статистика]], на крaјот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители. <ref name="ДЗС">{{наведена мрежна страница|url=http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.16.10.pdf|title=Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистичките региони (HTEC 3 - 2007 година)|date=јули 2016|publisher=[[Државен завод за статистика на Република Македонија]]|language=македонски|accessdate=2 декември 2017|location=Скопје}}</ref> Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.


== Општествени институции ==
== Општествени институции ==

Преработка од 17:51, 2 декември 2017

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на општина Кочани со селските атари.
Демографска карта на општина Кочани со селските атари.
Карта на општината.

Општина Кочаниопштина во Источна Македонија. Седиште на општината е градот Кочани.

Географиja

Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, лоцирана на севроисточната страна на Кочанската котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.

Општината се граничи со:

Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски.

Историja

Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80- те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.

Економија

Демографија

Според пописот на населението од 2002 г. во општина Кочани живеат 38.092 жители[1], од кои:

  • Македонци 35.472 (93,12%)
  • Роми 1.951 (5,12%)
  • Турци 315 (0,83%)
  • Власи 194 (0,50%)
  • Срби 63 (0,17%)
  • останати 97 (0,26%)

Според проценккте на Државниот завод за статистика, на крaјот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители. [2] Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.

Општествени институции

Администрација и политика

Административно седиште на Општината е градот Кочани. На локалните избори во октомври 2017 година за градоначалник на Општината е избран Николчо Илијев како натпартиски кандидат предложен од коалицијата што ја предводеше СДСМ. Општинскиот совет брои 19 членови, од кои 10 се од коалицијата на СДСМ, 8 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 1 од Независна листа.

Културни и природни знаменитости

Земјоделство

Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.

Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели, Р-76/6, Сан Андреа, Прима риска, и Монтеса. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции , за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.

За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.

Иселеништво

Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата популација, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 г., Државен завод за статистика
  2. „Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистичките региони (HTEC 3 - 2007 година)“ (PDF). Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија. јули 2016. Посетено на 2 декември 2017.