Именка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени во текстот и вратена преработката 3640264 на Инокентиј
Ред 16: Ред 16:
Традиционално, именките се делат на:
Традиционално, именките се делат на:


'''[[Општи именки]]'''
'''1. [[Општи именки]]'''
* означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле,
* означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река)
* го означуваат материјалот или составот (материјални) ([[железо]], [[вода]], [[сол]], [[шеќер]])
* го означуваат материјалот или составот (материјални) ([[железо]], [[вода]], [[сол]], [[шеќер]])
* означуваат множество еднородни предмети кои претставуваат целина (збирни). Иако означуваат множина тие се во еднинска форма ([[народ]], население, мебел)
* означуваат множество еднородни предмети кои претставуваат целина (збирни). Иако означуваат множина тие се во еднинска форма ([[народ]], население, мебел)

Преработка од 20:56, 16 ноември 2017

Примери
  • Мачката се качи на масата.
  • Пишувам со сино пенкало на бела хартија.
  • Во градината имаше прекрасни лалиња и рози.
  • Киро Глигоров е првиот претседател на Република Македонија.

Во лингвистиката, именките се менливи зборови кои го содржат белегот опредметност, кои можат да се јават како подмет, предмет, прилошка определба, именски дел од прирокот, а вршат и атрибутска служба во реченицата.[1]

Синтаксичките правила за именките се разликуваат од јазик на јазик. Во Македонскиот јазик, именките се зборови кои како што е погоре споменато опишуваат предмети или појави или пак одделни имиња на некои предмети или појави, според тоа тие се делат на општи и сопствени именки, кои се разбира се делат на подгрупи.

Историја

Зборот доаѓа од латинскиот збор nomen кој значи „име“. Зборовните групи како именките за првпат биле објаснети од Санскритскиот граматичар Панини и античките Грци како Дионисиос Тракс. Тие биле дефинирани со изрази од нивните тогашни морфолошки знаења. На пример, во Античка Грција, именките ги споредувале со падежите, како датив и акузатив

Видови именки

Традиционално, именките се делат на:

1. Општи именки

  • означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река)
  • го означуваат материјалот или составот (материјални) (железо, вода, сол, шеќер)
  • означуваат множество еднородни предмети кои претставуваат целина (збирни). Иако означуваат множина тие се во еднинска форма (народ, население, мебел)

2. Сопствени именки

Сопствените именки се пишуваат со голема буква.

Според тоа, дали можеме да ги допреме предметите, односно појавите, разликуваме: 1. Конкретни именки - означуваат материјални предмети (маса, камен, дете, планина, чаша, вода итн.) 2. Апстрактни именки - означуваат неметеријални предмети (љубов, воздух, среќа, тага, омраза, ден, вторник, лето итн.)

Род на именките

Секоја именка во македонскиот јазик си има свој род: машки, женски или среден. Родот е содржан во именката и тој не може да се промени.

На пр.: човек - машки род; жена - женски род; дете - среден род.

Родот го има само во еднинската форма на именката.

На пр.: клупа (именка од женски род - таа клупа), но: клупи (не може да го определиме родот, па затоа го определуваме според еднинската форма).

Именките најлесно се определуваат според непроменливоста на родот.

На пр.: ако не сме сигурни каков вид е зборот работливост - ќе му го провериме родот. Тој збор е од женски род (таа работливост). Ако се обидеме да го промениме родот - нема да успееме, односно не можеме да го направиме од машки или среден род, како што тоа можеме да го направиме кај придавките (работлив, работлива, работливо).

Бројот на именките

Кај именките разликуваме два броја: еднина и множина.

Со еднина се означува еден предмет (суштество, појава), а со множина - повеќе од именуваните предмети.

Најчесто, именките (општите конкретни и дел од апстрактните) имаат и еднина и множина.

Но, има именки што се јавуваат само во еднинска форма и такви што се јавуваат само во множинска. Само во еднина ги среќаваме:

Само во множина ги среќаваме именките: панталони, очила, гаќи, ножици итн.

Видови множина

Во македонскиот јазик разликуваме три вида множина: обична, избројана и збирна.

1. Обичната множина означува дека имаме повеќе (множество) од именуваните предмети. На пр.: маж - мажи; маса - маси; село - села.

2. Избројаната множина се однесува на точно избројани предмети. Пред ваквата множина секогаш стои број или прилог за количество.

На пр.: 2 молива, 5 снопа, 3 листа, неколку часа, итн.

3. Збирна множина - означува колективно единство од повеќе предмети ( ја прават именки од машки род).

На пр.: снопје, лисје, ридје/ридишта, краишта.

Определеност кај именките (член)

Карактеристично за македонскиот јазик е членувањето (определувањето) на именките со наставки. Кога една општа иманка членуваме значи дека конкретниот предмет сме го издвоиле од мноштвото такви истородни предмети.

На пр.: Читам книга. Именката „книга“ е нечленувана и неопределена. (Читам некоја книга.) Но : Ја читам книгата.

Во овој пример членуваната именка „книгата“ означува издвоен, точно определен предмет. Соговорникот точно знае за која книга станува збор.

Именките што не се членувани се неопределени.

За определување се користат следните членски морфеми:

  • от, - та, - то, -те;
  • ов, - ва, -во, - ве;
  • он, - на, - но, - не.

Која од претходните наставки ќе ја употребиме зависи од родот, завршетокот и бројот на именката.

Освен со значење на општо определување, членот го употребуваме и со пространствено значење:

  • членот: -от, -та, -то; -те; се користи за означување на предмети кои се блиску до лицето со кое се зборува.

На пр.: Дај ми го моливот. (Моливот е во близина на соговорникот).

- членот: -ов, -ва, -во; -ве; се употребува за предмети кои се блиску до лицето кое зборува.

На пр.: Земи го моливов. (Моливот е во близина на тој што зборува).

- членот: -он, -на, -но; -не; се употребува за предмет оддалечен од двајцата соговорници.

На пр.: Земи го моливон. (Моливот е оддалечен и од двајцата соговорници).

Форми на обраќање кај именките

Во сите словенски јазици, освен македонскиот и бугарскиот, за означување на разни односи на зборовите во реченицата се употребуваат падежните форми на именските зборови. Но, во нашиот јазик, падежите се загубиле, а таквите односи се прикажуваат со други средства, најчесто со предлози.

Сепак, остатоци од падежите среќаваме кај некои зборови и во македонскиот јазик.

(На пример, кај именките - вокативот, кај заменките - дативот и акузативот.

На пример, кај заменките, номинативната форма е ЈАС, но за означување на поинакви односи, останале и формите МЕНЕ МЕ (акузатив) и МЕНЕ МИ (датив). Поради тенденцијата за опишување на односите со предлози, многу често неправилно се употребува НА МЕНЕ МИ, бидејќи предлогот НА ја презел функцијата на некогашниот датив.)

Падежната форма за обраќање е вокатив. Од оваа форма имаме остатоци во македонскиот јазик најчесто кај именките кои означуваат човечко суштество.

На пр.: жено, господине и сл.

1. Кај именките од машки род формата за обраќање се образува со наставките: -у и -е. Првата (-у), почесто ја среќаваме кај едносложните, а -е кај повеќесложните зборови, а некои именки ги среќаваме со двете наставки.

На пр.: маж - мажу, вол - волу, коњ - коњу; професор - професоре, господин - господине; овчар - овчаре, овчару, итн.

Личните имиња што завршуваат на самогласка немаат вокативна форма, а оние што завршуваат на согласка се прават со наставката - е (Зоране, Горане, Стојане).

2. Кај именките од женски род формата за обраќање се образува со наставките: -е и -о. Наставката -е, почесто се употребува кај повеќесложните именки на -ица или -ка (Милице, директорке); додека другите прават со наставката -о (ќерко, вештерко, сестро).

3. Именките од среден род немаат вакви форми.

Образување на именките

Во македонскиот јазик имаме многу продуктивни наставки од кои се изведуваат нови именки и на тој начин се збогатува речникот. Се разбира, голем е бројот на основните (неизведените) именки, но тука ќе ги разгледаме именките кои се образувани од други видови зборови. Именките се образуваат на повеќе начини: без суфикси (жал), со суфикси (жалба), со префикси (натпревар), со префикски и суфикси (изградба) и сложени од два збора (вратоврска).

Именки образувани од глаголи

Именките може да се образуваат од глаголи бессуфиксно: чекор, збор, настан, помин. Н ајчести наставки (суфикси) се:

  • ец : борец, ловец, стрелец;
  • ик, -ник : галеник, затвореник;
  • тел : родител, учител, пријател, писател;
  • ње : викање, одење, стоење; (глаголска именка)
  • ба : изградба, состојба, молба, приредба;
  • ач : купувач, водач, тепач;
  • еж : грабеж, палеж, грмеж, метеж;
  • а : работа, смеа, врева, игра, покана, мака;

Именки образувани од придавки

На основата од придавката се додаваат следните суфикси:

  • ец : старец, убавец, слепец;
  • ство : богатство, мајчинство;
  • ина : широчина, височина, тежина, светлина;
  • ост : милост, старост, гордост;
  • отија : самотија, тешкотија, глувотија.

Именки образувани од броеви

И од броевите може да се образуваат именки, и тоа со:

  • ица : единица, десетица;
  • ка : петка, двојка, тројка, шеска, седумка;
  • ина : половина, третина.

Именки образувани од именки

Од една именка со додавање на суфикси може да образуваме други именки:

  • ник : патник, љубовник, правник, зелник;
  • ар : чевлар, овчар, рибар;
  • ка : ѕверка, овошка, ногалка;
  • ец, - анец, - анин, -чанец (припадници на народности или населени места): Македонец, скопјанец, битолчанец, римјанин.

Именките во реченицата

Именката врши најразлични служби во реченицата, стапува во различни односи, а тоа не наоѓа свој надворешен израз, односно нема никаква промена на формата на именката, туку тоа се изразува преку нејзиното место во реченицата.

1. Именката е најчесто подмет во реченицата.

На пр.: Детето спие. Човекот работи.

2. Се јавува како составен дел на прирокот - именски прирок.

На пр.: Петре е овчар. Ти си ученик.

3. Се јавува како дополнение:

а) Предмет (дополнение на глаголот).

На пр.: Го видов овчарот.

б) Атрибут (дополнение на именката).

На пр.: сила работа, домаќин човек, ручек време.

Извори

Македонски јазик и литература - втора година реформирано гимназиско образование

Наводи

  1. Loos, Eugene E., et al. 2003. Glossary of linguistic terms: What is a noun?