Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките
Ред 53: | Ред 53: | ||
== Напис за Википедија на македонски јазик на Пулс 24 == |
== Напис за Википедија на македонски јазик на Пулс 24 == |
||
Почитувани википедијанци, на порталот Пулс 24 денес се појави [http://www.puls24.mk/mk/vesti/dezuren-saren-plukac-gi-vandalizira-statiite-na-vikipedija-dovedena-vo-prasanje-nejzinata-objektivnost напис], во кој на многу невкусен начин се наведува дека некој администратор на Википедија на македонски јазик ја вандализирал статијата „[[Ден на мaкедонската револуционерна борба]]“, а потоа за истото лице се откриваат информации со политичка заднина. Мислам дека ова е јавен напад на интегритетот на администраторите на Википедија на македонски јазик и поради тоа ве повикувам да дадете мислење за тоа на кој начин да реагираме како заедница. Ви благодарам.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 22:32, 9 октомври 2017 (CEST) |

:Мислам дека треба да се остави да го напише вториот дел од оваа фантастична сторија и да се обелодени „шарениот плукач“. И после да се реагира со напис по медиуми. Не гледам апсолутно ништо спорно околу самата статија и сите уредувања. Ќе се забавувам доколку некако јас сум „дежурниот шарен плукач“ иако моето последно уредување е од 2011. Впрочем може да се види во Историја на статијата, но се сомневам дека во Пулс24 имаат такви напредни познавања. Инаку самиот медиум има нула репутација и читаност. :) --[[User:FlavrSavr|FlavrSavr]] <small>([[User talk:FlavrSavr|разговор]])</small> 22:58, 9 октомври 2017 (CEST) |
Преработка од 22:58, 9 октомври 2017
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
| |||
|
Политизирање на Википедија
Ова не смее да се дозволи! Како прво ние не сме „меѓународна заедница“, второ секакви неинформирани лица може да не вмешаат во политика и трето ние тука претставуваме факти а фактите во овој случај се матни. Избегнете политизирање, совет за сите уредници на Википедија. Ако се продолжи и понатака, ќе се преземаат соодветни мерки. Благодарам.--Никола Стоіаноски 11:25, 30 април 2017 (CEST)
- „Ако се продолжи и понатака, ќе се преземаат соодветни мерки“ - освен со оваа реченица, на која не знам што сакаш да кажеш, поддржувам дека треба внимателно да се пристапува на вакви теми, но секако дека не смееме да останеме целосно на страна, односно не може да не ги забележуваме дневните настани. На корисникот Retrohead треба да му се оддаде почит затоа што се нафатил да напише статија, која е неблагодарна задача, а не да му се најавуваат мерки. --Ehrlich91 (разговор) 11:46, 30 април 2017 (CEST)
- Се согласувам и со Тони и со Никола и со Снежана дека треба да се биде внимателен со вакви теми и да не се предизвика уредувачка војна. Се согласувам и да се почека некој ден да се појасни работата.--Retrohead (разговор) 11:59, 30 април 2017 (CEST)
- Како администратор треба да ги знаеш соодветните мерки, почнувајќи од заштитување, преку бришење па се до блокирање на корисници кои и понатака инсистираат на политизирање. --Никола Стоіаноски 12:03, 30 април 2017 (CEST)
- Не сум администратор, но добро ги знам начелата на Википедија. И немам такви овластувања да заклучувам статии и блокирам IP корисници.--Retrohead (разговор) 12:05, 30 април 2017 (CEST)
- @MacedonianBoy: Да, Никола, се разбира и добро си поставил, деновиве не ни бев толку достапен на Википедија. Воедно, и самиот Игор веќе се согласи со тебе, дека ќе се почека со официјални податоци. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:08, 30 април 2017 (CEST)
- Не сум администратор, но добро ги знам начелата на Википедија. И немам такви овластувања да заклучувам статии и блокирам IP корисници.--Retrohead (разговор) 12:05, 30 април 2017 (CEST)
- Како администратор треба да ги знаеш соодветните мерки, почнувајќи од заштитување, преку бришење па се до блокирање на корисници кои и понатака инсистираат на политизирање. --Никола Стоіаноски 12:03, 30 април 2017 (CEST)
- Се согласувам и со Тони и со Никола и со Снежана дека треба да се биде внимателен со вакви теми и да не се предизвика уредувачка војна. Се согласувам и да се почека некој ден да се појасни работата.--Retrohead (разговор) 11:59, 30 април 2017 (CEST)
Релеватни и прифатливи извори за статиите на Википедија
Почитувани колеги, Непосреден повод за поставување на оваа тема е бришењето на моето уредување на статијата Филип Петровски од страна на администраторот Виолетова. Веднаш сакам да кажам дека самото бришење не ме тревожи, т.е. воопшто не ми ја повредува суетата. Напротив, имајќи предвид дека не сум искусен уредувач, секогаш прифаќам кога некој ќе ми укаже на грешките што ги правам. Меѓутоа, овде ми се наметнаа некои дилеми за кои барам помош од искусните администратори. Најпрвин, ќе кажам дека уредувањето е избришано поради тоа што е цитирано списанието „Фокус“, а како оправдание за бришењето Виолетова го наведува тоа што цитираната статијата од „Фокус“ не била достапна на Интернет. Значи, прашањето ми е: Што се смета како релевантен и прифатлив цитат (навод, извор) од страна на македонската Википедија? Ве потсетувам дека списанието „Фокус“ излегува во печатена форма и не знаев дека тоа е спорно. Не знаев дека единствениот критериум за вклучување на некој извор е него да го има на интернет. Всушност, дали ваков критериум воопшто постои? Дали тоа значи дека сите уредувања на Википедија може да се повикуваат САМО на извори кои ги има на Интернет? Со други зборови, цитирањето книги, весници и списанија не се дозволени? Дали статиите на Википедија што цитираат печатени книги, весници и списанија (кои не се достапни на Интернет) треба да се избришат како неверодостојни? На пример, што ако цитирате некоја книга (да речеме, Историја на македонскииот народ, издание од 1969 година), која е во печатена форма, т.е. ја нема на интернет? И во тој случај, уредувањето ќе биде избришано, зашто изворот го нема на интернет? Не сум некој искусен уредувач, ама ова навистина не го разбирам. Понатаму, што ако некој уредувач цитира печатена книга? Ако некој администратор не му верува на цитираниот извор, дали уредувачот е должен да достави копија (скенирана или фотокопија) од цитираниот извор? Најпосле, дали на македонската Википедија постои список на забранети, сомнителни и неприфатливи извори (интернет-страници, списанија, книги итн.)? Мислам дека не е лошо ако поискусните администратори дадат насоки за овие прашања. Ви благодарам.ГП (разговор) 19:54, 2 мај 2017 (CEST)
- Јас прво мислев дека брише оти го смета Фокус за некредибилен. После сфатив дека барала линк од статијата во Фокус која ја нема на интернет. И јас сум збунет.--Retrohead (разговор) 19:59, 2 мај 2017 (CEST)
- 1. Може да се цитираат списијанија, за проверка Универзитетската библиотека чува архива на сите списанија издадени во Македонија.--Никола Стоіаноски 20:05, 2 мај 2017 (CEST)
- Со сета почит, ГП, ама сметам дека се претерани овие реакции, посебно ако се сеќаваш на дискусијата за текстовите од статии за книжевност кои ги избриша без објаснување? Поздрав - Виолетова (разговор) 20:06, 2 мај 2017 (CEST)
- И што сега, си најде статија за реванш? Едноставно кажи си „не бев во право“, провери ја скенираната верзија и толку.--Retrohead (разговор) 20:09, 2 мај 2017 (CEST)
- Со сета почит, ГП, ама сметам дека се претерани овие реакции, посебно ако се сеќаваш на дискусијата за текстовите од статии за книжевност кои ги избриша без објаснување? Поздрав - Виолетова (разговор) 20:06, 2 мај 2017 (CEST)
- 1. Може да се цитираат списијанија, за проверка Универзитетската библиотека чува архива на сите списанија издадени во Македонија.--Никола Стоіаноски 20:05, 2 мај 2017 (CEST)
- Не ти го разбирам коментарот. Каде не сум била во право? - Виолетова (разговор) 20:12, 2 мај 2017 (CEST)
- Во тоа што бришеш верификувана содржина, и кога некој ти го оспорува уредувањето (јас), ревертираш и велиш дека не требало да обезбедиш консензус.--Retrohead (разговор) 20:15, 2 мај 2017 (CEST)
- Дискусијата завршува тука. Секоја промена врз текстот на посочената статија и за важноста на информациите разговорајте на страната за разговор. На 3 места се води едно исто муабет. Правилата се јасни. --Никола Стоіаноски 20:13, 2 мај 2017 (CEST)
- Во тоа што бришеш верификувана содржина, и кога некој ти го оспорува уредувањето (јас), ревертираш и велиш дека не требало да обезбедиш консензус.--Retrohead (разговор) 20:15, 2 мај 2017 (CEST)
Прошетка низ Музеј за Википедијанци
На 4 јуни 2017 (недела) со почеток во 13:30 часот ќе се одржи Вики прошетка низ Музејот на македонската борба во Скопје. Бесплатната прошетка во траење од еден час е резултат на успешната соработка меѓу Здружението ГЛАМ Македонија од Скопје и Музејот. Добредојдени се сите Википедијанци и поддржувачи.
- Поради тоа што местата се ограничени, потребно е да го најавите своето присуство со порака или на тел: 078 - 416 754. Поздрав - Виолетова (разговор) 13:35, 3 јуни 2017 (CEST)
Проблем со шаблонот за руски јазик
Приметив кај сите кои го додале во Википедија:Вавилон се појавува "Немате внесено јазици. Погледајте го Шаблон:Вавилон/doc за помош." Кај тие кои го додале користејќи друг код не се појавува овој проблем. Briden (разговор) 06:23, 6 јуни 2017 (CEST)
Инфокутија
Дали може некој да ми објасни како може да направам инфокутија? Благодарам. Идеологист 18:48, 14 јули 2017 (CEST)
- @Идеологист: Обично применуваме веќе направени инфокутии од другите јазични изданија, но може да се направи и целосно нова. Кажи ми за која потреба/тема ти е потребно? --Ehrlich91 (разговор) 20:38, 14 јули 2017 (CEST)
- @Ehrlich91: Се работи за инфокутија за лидерите на македонската револуционерна организација односно потребно ми е да изгледаат како инфокутиите за претседатели на држава или премиери единствена промена би требало да е името од пример „Претседател на влада“ во „Лидер на ВМРО“ или нешто во тој стил. Идеологист 21:01, 14 јули 2017 (CEST)
- @Ehrlich91: Најдов инфокутија погодна за тоа од Википедија на англиски јазик (се надевам не пречи), ја искористив на страницата за Христо Татарчев па ќе продолжам и на страниците на останатите водачи на ВМРО, се надевам се од тоа е регуларно, поздрав. Идеологист 20:56, 28 јули 2017 (CEST)
- @Ehrlich91: Се работи за инфокутија за лидерите на македонската револуционерна организација односно потребно ми е да изгледаат како инфокутиите за претседатели на држава или премиери единствена промена би требало да е името од пример „Претседател на влада“ во „Лидер на ВМРО“ или нешто во тој стил. Идеологист 21:01, 14 јули 2017 (CEST)
Википедија на Твитер
Дали некој го одржува профилот на Твитер? Гледам последната објава е од 2012, така што може да се обнови со некој нов пост.--Retrohead (разговор) 19:26, 20 јули 2017 (CEST)
- Здраво Игор. Профилот едно време го одржуваше FlavrSavr, така што најдобро е самиот да ни одговори дали сè уште го прави тоа. Јас искрено немам увид во таа работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:13, 21 јули 2017 (CEST)
- Е па ај некој нека го контактира по мејл да каже дали уште планира да го одржува. Ако не, нека каже лозинка и корисничко име па некој друг нека постира содржини. Поздрав.--Retrohead (разговор) 09:42, 21 јули 2017 (CEST)
Напис за Википедија на македонски јазик на Пулс 24
Почитувани википедијанци, на порталот Пулс 24 денес се појави напис, во кој на многу невкусен начин се наведува дека некој администратор на Википедија на македонски јазик ја вандализирал статијата „Ден на мaкедонската револуционерна борба“, а потоа за истото лице се откриваат информации со политичка заднина. Мислам дека ова е јавен напад на интегритетот на администраторите на Википедија на македонски јазик и поради тоа ве повикувам да дадете мислење за тоа на кој начин да реагираме како заедница. Ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:32, 9 октомври 2017 (CEST)
- Мислам дека треба да се остави да го напише вториот дел од оваа фантастична сторија и да се обелодени „шарениот плукач“. И после да се реагира со напис по медиуми. Не гледам апсолутно ништо спорно околу самата статија и сите уредувања. Ќе се забавувам доколку некако јас сум „дежурниот шарен плукач“ иако моето последно уредување е од 2011. Впрочем може да се види во Историја на статијата, но се сомневам дека во Пулс24 имаат такви напредни познавања. Инаку самиот медиум има нула репутација и читаност. :) --FlavrSavr (разговор) 22:58, 9 октомври 2017 (CEST)