Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 51: Ред 51:
::Е па ај некој нека го контактира по мејл да каже дали уште планира да го одржува. Ако не, нека каже лозинка и корисничко име па некој друг нека постира содржини. Поздрав.--[[User:Retrohead|Retrohead]] <small>([[User talk:Retrohead|разговор]])</small> 09:42, 21 јули 2017 (CEST)
::Е па ај некој нека го контактира по мејл да каже дали уште планира да го одржува. Ако не, нека каже лозинка и корисничко име па некој друг нека постира содржини. Поздрав.--[[User:Retrohead|Retrohead]] <small>([[User talk:Retrohead|разговор]])</small> 09:42, 21 јули 2017 (CEST)


== Напис за Википедија на Пулс24 ==
== Напис за Википедија на македонски јазик на Пулс 24 ==
Почитувани википедијанци, на порталот Пулс 24 денес се појави [http://www.puls24.mk/mk/vesti/dezuren-saren-plukac-gi-vandalizira-statiite-na-vikipedija-dovedena-vo-prasanje-nejzinata-objektivnost напис], во кој на многу невкусен начин се наведува дека некој администратор на Википедија на македонски јазик ја вандализирал статијата „[[Ден на мaкедонската револуционерна борба]]“, а потоа за истото лице се откриваат информации со политичка заднина. Мислам дека ова е јавен напад на интегритетот на администраторите на Википедија на македонски јазик и поради тоа ве повикувам да дадете мислење за тоа на кој начин да реагираме како заедница. Ви благодарам.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 22:32, 9 октомври 2017 (CEST)
Почитувани википедијанци, на порталот Пулс 24 денес се појави [http://www.puls24.mk/mk/vesti/dezuren-saren-plukac-gi-vandalizira-statiite-na-vikipedija-dovedena-vo-prasanje-nejzinata-objektivnost напис], во кој на многу невкусен начин се наведува дека некој администратор на Википедија на македонски јазик ја вандализирал статијата „[[Ден на мaкедонската револуционерна борба]]“, а потоа за истото лице се откриваат информации со политичка заднина. Мислам дека ова е јавен напад на интегритетот на администраторите на Википедија на македонски јазик и поради тоа ве повикувам да дадете мислење за тоа на кој начин да реагираме како заедница. Ви благодарам.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 22:32, 9 октомври 2017 (CEST)

Преработка од 22:33, 9 октомври 2017

Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
↓ Кон содржината ↓       ↓ Кон разговорите ↓
Отворете нова тема или прашање
Византиската чешма во с. Винце, Кумановско
Селска чешма

За да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу, но запомнете:

  • При дискусиите останете смирени, учтиви и културни. Претпоставете добронамерност;
  • Вандализмот бргу се отстранува;
  • Давајте описен наслов на вашиот нов коментар;
  • На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
За што да ја користите оваа страница?
Кратенки:
ВП:СЧ

Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.

Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:

  • Да добиете помош околу користењето на Википедија;
  • Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
  • Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
  • Да ги дискутирате начелата и напатствијата;
  • Да дадете јавни известување и новости;
  • Да дадете предлози и сугестии;
  • Да оставите конструктивна критика за проектот;
  • Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
  • Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
  • Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.

Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на разговорната страница на самата статија.

Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.

Гласање за воведување новини

Ако имате предлози за изменување или воведување начела и напатствија, воведување новини или постапување во врска со одделни прашања, на оваа страница може да започнете гласање за испитување на мислењето на заедницата. Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Во случај да се работи за предлог за избор на едно од повеќе предложени решенија, тогаш секој може да гласа за само еден предлог и притоа е неопходно да го образложи својот глас. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Одлуката за прифаќање на предлогот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.

Do not speak Macedonian?

If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.

Архиви


Политизирање на Википедија

Ова не смее да се дозволи! Како прво ние не сме „меѓународна заедница“, второ секакви неинформирани лица може да не вмешаат во политика и трето ние тука претставуваме факти а фактите во овој случај се матни. Избегнете политизирање, совет за сите уредници на Википедија. Ако се продолжи и понатака, ќе се преземаат соодветни мерки. Благодарам.--Никола Стоіаноски 11:25, 30 април 2017 (CEST)[одговори]

„Ако се продолжи и понатака, ќе се преземаат соодветни мерки“ - освен со оваа реченица, на која не знам што сакаш да кажеш, поддржувам дека треба внимателно да се пристапува на вакви теми, но секако дека не смееме да останеме целосно на страна, односно не може да не ги забележуваме дневните настани. На корисникот Retrohead треба да му се оддаде почит затоа што се нафатил да напише статија, која е неблагодарна задача, а не да му се најавуваат мерки. --Ehrlich91 (разговор) 11:46, 30 април 2017 (CEST)[одговори]
Се согласувам и со Тони и со Никола и со Снежана дека треба да се биде внимателен со вакви теми и да не се предизвика уредувачка војна. Се согласувам и да се почека некој ден да се појасни работата.--Retrohead (разговор) 11:59, 30 април 2017 (CEST)[одговори]
Како администратор треба да ги знаеш соодветните мерки, почнувајќи од заштитување, преку бришење па се до блокирање на корисници кои и понатака инсистираат на политизирање. --Никола Стоіаноски 12:03, 30 април 2017 (CEST)[одговори]
Не сум администратор, но добро ги знам начелата на Википедија. И немам такви овластувања да заклучувам статии и блокирам IP корисници.--Retrohead (разговор) 12:05, 30 април 2017 (CEST)[одговори]
@MacedonianBoy: Да, Никола, се разбира и добро си поставил, деновиве не ни бев толку достапен на Википедија. Воедно, и самиот Игор веќе се согласи со тебе, дека ќе се почека со официјални податоци. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:08, 30 април 2017 (CEST)[одговори]

Релеватни и прифатливи извори за статиите на Википедија

Почитувани колеги, Непосреден повод за поставување на оваа тема е бришењето на моето уредување на статијата Филип Петровски од страна на администраторот Виолетова. Веднаш сакам да кажам дека самото бришење не ме тревожи, т.е. воопшто не ми ја повредува суетата. Напротив, имајќи предвид дека не сум искусен уредувач, секогаш прифаќам кога некој ќе ми укаже на грешките што ги правам. Меѓутоа, овде ми се наметнаа некои дилеми за кои барам помош од искусните администратори. Најпрвин, ќе кажам дека уредувањето е избришано поради тоа што е цитирано списанието „Фокус“, а како оправдание за бришењето Виолетова го наведува тоа што цитираната статијата од „Фокус“ не била достапна на Интернет. Значи, прашањето ми е: Што се смета како релевантен и прифатлив цитат (навод, извор) од страна на македонската Википедија? Ве потсетувам дека списанието „Фокус“ излегува во печатена форма и не знаев дека тоа е спорно. Не знаев дека единствениот критериум за вклучување на некој извор е него да го има на интернет. Всушност, дали ваков критериум воопшто постои? Дали тоа значи дека сите уредувања на Википедија може да се повикуваат САМО на извори кои ги има на Интернет? Со други зборови, цитирањето книги, весници и списанија не се дозволени? Дали статиите на Википедија што цитираат печатени книги, весници и списанија (кои не се достапни на Интернет) треба да се избришат како неверодостојни? На пример, што ако цитирате некоја книга (да речеме, Историја на македонскииот народ, издание од 1969 година), која е во печатена форма, т.е. ја нема на интернет? И во тој случај, уредувањето ќе биде избришано, зашто изворот го нема на интернет? Не сум некој искусен уредувач, ама ова навистина не го разбирам. Понатаму, што ако некој уредувач цитира печатена книга? Ако некој администратор не му верува на цитираниот извор, дали уредувачот е должен да достави копија (скенирана или фотокопија) од цитираниот извор? Најпосле, дали на македонската Википедија постои список на забранети, сомнителни и неприфатливи извори (интернет-страници, списанија, книги итн.)? Мислам дека не е лошо ако поискусните администратори дадат насоки за овие прашања. Ви благодарам.ГП (разговор) 19:54, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Јас прво мислев дека брише оти го смета Фокус за некредибилен. После сфатив дека барала линк од статијата во Фокус која ја нема на интернет. И јас сум збунет.--Retrohead (разговор) 19:59, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
1. Може да се цитираат списијанија, за проверка Универзитетската библиотека чува архива на сите списанија издадени во Македонија.--Никола Стоіаноски 20:05, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Со сета почит, ГП, ама сметам дека се претерани овие реакции, посебно ако се сеќаваш на дискусијата за текстовите од статии за книжевност кои ги избриша без објаснување? Поздрав - Виолетова (разговор) 20:06, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
И што сега, си најде статија за реванш? Едноставно кажи си „не бев во право“, провери ја скенираната верзија и толку.--Retrohead (разговор) 20:09, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Не ти го разбирам коментарот. Каде не сум била во право? - Виолетова (разговор) 20:12, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Во тоа што бришеш верификувана содржина, и кога некој ти го оспорува уредувањето (јас), ревертираш и велиш дека не требало да обезбедиш консензус.--Retrohead (разговор) 20:15, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Дискусијата завршува тука. Секоја промена врз текстот на посочената статија и за важноста на информациите разговорајте на страната за разговор. На 3 места се води едно исто муабет. Правилата се јасни. --Никола Стоіаноски 20:13, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Прошетка низ Музеј за Википедијанци

На 4 јуни 2017 (недела) со почеток во 13:30 часот ќе се одржи Вики прошетка низ Музејот на македонската борба во Скопје. Бесплатната прошетка во траење од еден час е резултат на успешната соработка меѓу Здружението ГЛАМ Македонија од Скопје и Музејот. Добредојдени се сите Википедијанци и поддржувачи.

Проблем со шаблонот за руски јазик

Приметив кај сите кои го додале во Википедија:Вавилон се појавува "Немате внесено јазици. Погледајте го Шаблон:Вавилон/doc за помош." Кај тие кои го додале користејќи друг код не се појавува овој проблем. Briden (разговор) 06:23, 6 јуни 2017 (CEST)[одговори]

Инфокутија

Дали може некој да ми објасни како може да направам инфокутија? Благодарам. Идеологист 18:48, 14 јули 2017 (CEST)

@Идеологист: Обично применуваме веќе направени инфокутии од другите јазични изданија, но може да се направи и целосно нова. Кажи ми за која потреба/тема ти е потребно? --Ehrlich91 (разговор) 20:38, 14 јули 2017 (CEST)[одговори]
@Ehrlich91: Се работи за инфокутија за лидерите на македонската револуционерна организација односно потребно ми е да изгледаат како инфокутиите за претседатели на држава или премиери единствена промена би требало да е името од пример „Претседател на влада“ во „Лидер на ВМРО“ или нешто во тој стил. Идеологист 21:01, 14 јули 2017 (CEST)[одговори]
@Ehrlich91: Најдов инфокутија погодна за тоа од Википедија на англиски јазик (се надевам не пречи), ја искористив на страницата за Христо Татарчев па ќе продолжам и на страниците на останатите водачи на ВМРО, се надевам се од тоа е регуларно, поздрав. Идеологист 20:56, 28 јули 2017 (CEST)[одговори]

Википедија на Твитер

Дали некој го одржува профилот на Твитер? Гледам последната објава е од 2012, така што може да се обнови со некој нов пост.--Retrohead (разговор) 19:26, 20 јули 2017 (CEST)[одговори]

Здраво Игор. Профилот едно време го одржуваше FlavrSavr, така што најдобро е самиот да ни одговори дали сè уште го прави тоа. Јас искрено немам увид во таа работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:13, 21 јули 2017 (CEST)[одговори]
Е па ај некој нека го контактира по мејл да каже дали уште планира да го одржува. Ако не, нека каже лозинка и корисничко име па некој друг нека постира содржини. Поздрав.--Retrohead (разговор) 09:42, 21 јули 2017 (CEST)[одговори]

Напис за Википедија на македонски јазик на Пулс 24

Почитувани википедијанци, на порталот Пулс 24 денес се појави напис, во кој на многу невкусен начин се наведува дека некој администратор на Википедија на македонски јазик ја вандализирал статијата „Ден на мaкедонската револуционерна борба“, а потоа за истото лице се откриваат информации со политичка заднина. Мислам дека ова е јавен напад на интегритетот на администраторите на Википедија на македонски јазик и поради тоа ве повикувам да дадете мислење за тоа на кој начин да реагираме како заедница. Ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:32, 9 октомври 2017 (CEST)[одговори]