Расејување: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Дифузија на Расејување
(нема разлика)

Преработка од 06:28, 4 октомври 2017

Шематски приказ на ефектите од расејувањето низ клеточната мембрана.

Расејување или дифузија — процес на движење на молекули и јони од област со повисока концентрација кон област со пониска концентрација сè додека не се изедначат концентрациите од двете области (средини). Најчесто се среќаваме со расејување на два раствори, иако има и расејување меѓу гасови. При расејувањето меѓу раствори, се расејуваат и молекулите и јоните на растворената материја и оние на растворувачот.

Во биологијата

Во биологијата, процеси кои се одвиваат со расејување се: преносот на O2 и CO2 меѓу алвеолите и капиларите (во системот за дишење), транспортот на истите материи меѓу клетката и капиларите и др. Ако расејувањето на честичките се врши низ клеточната мембрана, тогаш станува збор за осмоза.