Пеле: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 24: Ред 24:
[[Категорија:Фудбалери на ФК Њујорк Космос]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Њујорк Космос]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Сантос]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Сантос]]
[[Категорија:ФИФА 100]]

Преработка од 11:24, 28 септември 2017

Пеле

Едсон Арантес до Наскименто (23 октомври 1940, близу Тре Коракоес, Бразил), подобро познат како Пеле, бил бразилски фудбалер, кој во негово време, најверојатно, бил најславниот спортист во светот.

Биографија

Во ноември 2014 год., на возраст од 74 години, Пеле бил задржан во една болница во Сао Паоло, поради болки во стомакот. Поради тоа била откажана промоцијата на неговата книга, што требало да се одржи во неговиот роден град, Сантос.[1]

Клупска кариера

Пеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 год. и го предводел тимот до светското клубско првенство во 1962 год. Во 1969 год. за време на неговиот 909 натпревар, тој го постигнал својот 1.000 гол. Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи. Во 1975 год. Пеле станал член на „Космос“ од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Тој се повлекол од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977 год. Во 1978 год., Пеле ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980 год. бил прогласен за спортист на векот.[2]

Репрезентативни настапи

Пеле бил дел од три бразилски национални репрезентации, кои станале светски шампиони (1958, 1962 и 1970).

Наводи

  1. „Пеле превентивно заврши во болница“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 24.
  2. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 151.