Еретикот од Соана: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-скулптор +вајар)
Ред 6: Ред 6:
Во едно мало село, во близината на [[Луганско Езеро|Луганското Езеро]] се родил Рафале Франческо Вела, кој на возраст од 25 години бил назначен за [[Свештенство|свештеник]] во планинското село Соана. Рафаеле се одликувал со голема побожност и набргу стекнал голема почит од селаните, кои го сметале за еден вид [[светец]]. Една ноќ, него го посетил непознат човек со изглед на дивјак. Утредента, Франческо дознал од претседателот на општината дека се работи за Лукино Скаработа, овчар кој живеел осамен живот на далечното бачило Санта Кроче, заедно со својата сестра и седумте деца за кои се верувало дека се родени од противприродниот блуд меѓу братот и сестрата. Франческо го запознал [[бискуп]]от со случајот на [[семејство]]то Скаработа и добил дозвола да го врати семејството на патот на верата.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 44-52.</ref>

Еден мартовски ден, Франческо отишол во бачилото и разговарал со братот и сестрата, за кои видел дека не знаат ништо за [[Католицизам|католичката вера]], туку дека верувале во [[Паганство|паганските]] идоли. Затоа, тој им закажал миса во капелата Санта Агата, сместена на врвот на истоимениот рид. На враќањето кон селото тој ја сретнал најстарата ќерка на Скаработа, убавата Агата и веднаш почувствувал необична привлечност кон неа. Воопшто, по враќањето во Соана, Франческо почувствувал голема промена кај него: од една страна, тој почнал да ја забележува големата убавина на [[природа]]та, исполнета со постојано раѓање и промени; од друга страна, во него се врежала сликата на убавата Агата и за првпат му се појавиле еротски мисли. Стравувајќи дека е обземен од [[Демон|демоните]], Франческо започнал интензивно да се моли и му се исповедал на еден стар свештеник во неговото родно село, Лигорнето. Таму, ја посетил родната куќа на неговиот стрико, познат скулптор, каде го направил својот прв грев, милувајќи ја скулптурата на три голи девојки.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 52-78.</ref>
Еден мартовски ден, Франческо отишол во бачилото и разговарал со братот и сестрата, за кои видел дека не знаат ништо за [[Католицизам|католичката вера]], туку дека верувале во [[Паганство|паганските]] идоли. Затоа, тој им закажал миса во капелата Санта Агата, сместена на врвот на истоимениот рид. На враќањето кон селото тој ја сретнал најстарата ќерка на Скаработа, убавата Агата и веднаш почувствувал необична привлечност кон неа. Воопшто, по враќањето во Соана, Франческо почувствувал голема промена кај него: од една страна, тој почнал да ја забележува големата убавина на [[природа]]та, исполнета со постојано раѓање и промени; од друга страна, во него се врежала сликата на убавата Агата и за првпат му се појавиле еротски мисли. Стравувајќи дека е обземен од [[Демон|демоните]], Франческо започнал интензивно да се моли и му се исповедал на еден стар свештеник во неговото родно село, Лигорнето. Таму, ја посетил родната куќа на неговиот стрико, познат вајар, каде го направил својот прв грев, милувајќи ја скулптурата на три голи девојки.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 52-78.</ref>

По тој настан, Франческо се исплашил уште повеќе и започнал да се сомнева во католичките догми. Наспроти тоа, во него започнала да се раѓа еден вид нов религиозен систем во кој биле измешани големата побожност со љубовта кон [[природа]]та, а сето тоа проткаено со паганска [[еротика]]. Така, Франческо станал несигурен, го изгубил мирниот [[сон]] и постојано мислел на Агата. На денот кога ја одржал својата служба во капелата [[Света Агата Сицилиска|Санта Агата]], Франческо доживеал голема преобразба, запаѓајќи во голема екстаза во која му се чинело дека станал поголем од [[ангели]]те, светците и [[Апостоли|апостолите]], а Агата ја замислил како олицетворение на младата [[Богородица]]. Нестрплив да ја види Агата, набргу тој закажал уште една миса на која девојката не се појавила. Тоа во него предизвикало големо разочарување, така што по службата тој не се вратил во селото, туку почнал да скита низ планината.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 78-96.</ref>

Преработка од 01:44, 26 септември 2017

Еретикот од Соана (германски: Der Ketzer von Soana) – новела на германскиот писател Герхарт Хауптман.

Содржина

Дејството на новелата се одвива во планинското село Соана, во швајцарскиот кантон Тесино. Таму, еден издавач на книги случајно го здогледува козарот Лудовико, наречен „Еретикот од Соана“ и таа средба му буди голем интерес да го запознае поблиску тој необичен човек. На една од нивните средби, Лудовико започнува да му ги чита на издавачот своите записи:[1]

Во едно мало село, во близината на Луганското Езеро се родил Рафале Франческо Вела, кој на возраст од 25 години бил назначен за свештеник во планинското село Соана. Рафаеле се одликувал со голема побожност и набргу стекнал голема почит од селаните, кои го сметале за еден вид светец. Една ноќ, него го посетил непознат човек со изглед на дивјак. Утредента, Франческо дознал од претседателот на општината дека се работи за Лукино Скаработа, овчар кој живеел осамен живот на далечното бачило Санта Кроче, заедно со својата сестра и седумте деца за кои се верувало дека се родени од противприродниот блуд меѓу братот и сестрата. Франческо го запознал бискупот со случајот на семејството Скаработа и добил дозвола да го врати семејството на патот на верата.[2]

Еден мартовски ден, Франческо отишол во бачилото и разговарал со братот и сестрата, за кои видел дека не знаат ништо за католичката вера, туку дека верувале во паганските идоли. Затоа, тој им закажал миса во капелата Санта Агата, сместена на врвот на истоимениот рид. На враќањето кон селото тој ја сретнал најстарата ќерка на Скаработа, убавата Агата и веднаш почувствувал необична привлечност кон неа. Воопшто, по враќањето во Соана, Франческо почувствувал голема промена кај него: од една страна, тој почнал да ја забележува големата убавина на природата, исполнета со постојано раѓање и промени; од друга страна, во него се врежала сликата на убавата Агата и за првпат му се појавиле еротски мисли. Стравувајќи дека е обземен од демоните, Франческо започнал интензивно да се моли и му се исповедал на еден стар свештеник во неговото родно село, Лигорнето. Таму, ја посетил родната куќа на неговиот стрико, познат вајар, каде го направил својот прв грев, милувајќи ја скулптурата на три голи девојки.[3]

По тој настан, Франческо се исплашил уште повеќе и започнал да се сомнева во католичките догми. Наспроти тоа, во него започнала да се раѓа еден вид нов религиозен систем во кој биле измешани големата побожност со љубовта кон природата, а сето тоа проткаено со паганска еротика. Така, Франческо станал несигурен, го изгубил мирниот сон и постојано мислел на Агата. На денот кога ја одржал својата служба во капелата Санта Агата, Франческо доживеал голема преобразба, запаѓајќи во голема екстаза во која му се чинело дека станал поголем од ангелите, светците и апостолите, а Агата ја замислил како олицетворение на младата Богородица. Нестрплив да ја види Агата, набргу тој закажал уште една миса на која девојката не се појавила. Тоа во него предизвикало големо разочарување, така што по службата тој не се вратил во селото, туку почнал да скита низ планината.[4] Таму, Франческо ја сретнал Агата и ја повикал да дојде кај него во црквата. Кога таа се појавила во селото, сите жители ја навредувале и ја каменувале. Целиот возбуден од нејзиното присуство, Франческо конечно ја загубил присебноста и започнал да ја милува и бакнува. Ноќта, двајцата тајно го напуштиле селото и во едно скришно место во долината воделе љубов. Утредента, Франческо се вратил во црквата, но веќе му било јасно дека направил голем грев и дека повеќе не може да ја врши свештеничката работа.[5]

На тоа место, Лудовико го прекинува раскажувањето, наспроти упорните барања од слушателот да му соопшти што се случило понатаму со Франческо и Агата. Лудовико само му кажува дека пред шест години селаните го избркале Франческо од селото, дека семејството Скаработа морало да се исели, а Франческо и Агата продолжиле да живеат слободно во планината. Напуштајќи ја колибата на Лудовико, посетителот среќава една убава жена која со себе ја води ќеркичката.[6]

Осврт кон делото

Новелата „Еретикот од Соана“ ги прикажува типичните раскажувачки одлики на Хауптман и неговите прозни преокупации. Во ова дело, тој се држи далеку од натуралистичките теми и се определува за идејата на големото враќање кон природата и непосредниот живот. Новелата е напишана со развиен, богат јазик во кој еротско-паганската аперцепција на природата се спојува со примитивната католичка маска со античка позадина. Притоа, во неа, еден обичен поединечен случај се воздигнува до извонредно широко, вонвременско значење.[7]

Наводи

  1. Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 36-44.
  2. Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 44-52.
  3. Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 52-78.
  4. Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 78-96.
  5. Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 96-123.
  6. Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 123-126.
  7. B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 131.