Национална арена „Тоше Проески“: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31: Ред 31:
== Галерија ==
== Галерија ==
<center>
<center>
<gallery mode=packed heights=100px>
<gallery mode=packed heights=110px>
File:FCRabotnicki-Crusaders2009.JPG|Квалификациски меч во [[Лига Европа|УЕФА Европа лигата]]
File:FCRabotnicki-Crusaders2009.JPG|Квалификациски меч во [[Лига Европа|УЕФА Европа лигата]]
File:National Arena Skopje.jpg| Поглед однадвор
File:National Arena Skopje.jpg| Поглед однадвор
Ред 42: Ред 42:
File:UEFA Super Cup 2017 - Skopje, Macedonia 02.jpg|Церемонијата пред натпреварот на [[УЕФА Супер Куп 2017]] во [[Скопје]]
File:UEFA Super Cup 2017 - Skopje, Macedonia 02.jpg|Церемонијата пред натпреварот на [[УЕФА Супер Куп 2017]] во [[Скопје]]
File:UEFA_Super_Cup_2017_-_Skopje,_Macedonia_10.jpg|Роналдо изведува слободен удар на Филип Втори Арената на [[УЕФА Супер Куп 2017]] во [[Скопје]]
File:UEFA_Super_Cup_2017_-_Skopje,_Macedonia_10.jpg|Роналдо изведува слободен удар на Филип Втори Арената на [[УЕФА Супер Куп 2017]] во [[Скопје]]
File:Philip II Arena-Skopje.jpg|Поглед на Филип Втори Арената]]
File:Philip II Arena-Skopje.jpg|Поглед на Филип Втори Арената
</gallery>
</gallery>
</center>
</center>

Преработка од 14:34, 20 септември 2017

Телеком арена
Градски стадион
Место Градски парк, Скопје, Македонија
Отворен 1947
Проширен 2008-2011
Сопственик Град Скопје
Оператор ФФМ
Подлога трева
Главен изведувач ГП Бетон
Игра ФК Работнички
ФК Вардар
Национален фудбалски тим на Македонија
Гледачи

Телеком арена (поранешни имиња: Национална арена „Филип II Македонски“, Градски стадион) — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови, кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија.

Моменталниот максимален капацитет на арената изнесува над 33.000. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком.[1]

Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

Изградба и реконструкција

Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010[2]. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор. [3] Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.[4]

Настани

Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година.[5][6][7][8] Натпреварот се одиграл на 8 август 2017 година[9] помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, при што тимот на Реал Мадрид забележал победа со резултат од 2-1, а стрелци на головите биле Иско и Касемиро за Реал Мадрид, додека почесниот погодок за црвените ѓаволи го постигнал Лукаку во 62-та минута.

Галерија

Наводи

  1. „Арената „Филип II" се ребрендира во „Телеком арена". Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 4 ноември 2016. Посетено на 5 ноември 2016.
  2. Утрински весник
  3. Сител Телевизија
  4. Build.mk
  5. Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup uefa.com 30 јуни 2015
  6. УЕФА официјално соопшти: Супер купот во 2017 на арената „Филип Втори“! ekipa.mk 30 јуни 2015
  7. Огромно признание за Македонија: Скопје е прв град во регионот со натпревар од ваков ранг! ekipa.mk 30 јуни 2015
  8. 12.000 Македонци ќе можат да купат билети за Суперкупот 2017! - See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/konechno-vrven-fudbal-vo-zhivo-makedoncite-kje-mozhat-da-kupat-12000#sthash.SzcgEr59.dpuf sportmedia.mk 30 јуни 2015
  9. „Скопје и Македонија се покажаа среќни за Реал (М)“. Вечер. Посетено на 2017-08-09.

Координати: 42°0′20.64″N, 21°25′32.13″E