Западносибирска Низина: Разлика помеѓу преработките

Координати: 62°00′N 76°00′E / 62.000° СГШ; 76.000° ИГД / 62.000; 76.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Податотека:Siberian plain.jpg|мини|десно|300п|Поглед на Западносибирската Низина од [[Трансс...
(нема разлика)

Преработка од 03:16, 17 септември 2017

Поглед на Западносибирската Низина од Транссибирската железница кај Татарск.
Опфат на Западносибирска Низина во рамките на Северна Азија.

Западносибирска Низина (руски: Западно-Сибирская низменность) или Западносибирска Рамница (Западно-Сибирская равнина) — голема рамница која го зазема западниот дел на Сибир, помеѓу венецот Урал на запад, реката Енисеј на исток и Алтајските Планини на југоисток. Голем дел од низината се одликува со слаб исцед и затоа ги содржи најголемите мочуришта и плавни рамници на светот. Поважни градови во неа се Омск, Новосибирск, Томск и Челјабинск. Над половина од нејзината површина има надморска височина помала од 100 метри[1]

Географија

Низината е сместена источно од Урал, претежно на територијата на Русија. Се смета за најголемата непрекината низина во светот, со површина од 2,6–2,7 милиони квадратни километри, или една третина од Сибир[2]. Долга е 2.400 км во правец север-југ, од Северниот Леден Океан до подножјето на Алтајските Планини, а широка е 1.900 км во правец исток-запад, од Урал до реката Енисеј.

Западносибирката Низина има осум растителни области: тундра, шумовита тундра, северна тајга, средна тајга, јужна тајга, поттајгова шума, шумовита степа и степа. Животинскиот свет е присутен со голем број видови: од 107 во тундрата до 278 или повеќе во шумовитата степа. Долгата река Енисеј тече во приближно јужно-северен правец во должина 3.530 км сè до Северниот Леден Океан, каде се влева со над 20 милиони литри во секунда. Заедно со нејзината притока Ангара, течението е долго дури 5.530 км. Долината на Енисеј има улога на граница помеѓу Западносибирската Низина и Средносибирската Висорамнина. Ледничките наноси се протегаат на југ сè до спојот на реките Об и Иртиш, наместа образувајќи ниски ридови и сртови; но, со исклучок на нив, низината е многу рамна и еднолична.

Зимите во низината се долги и сурови. Климата е подарктичка или континентална. Два поголеми града на ова подрачјхе се Сургут и Нижневартовск.

Геоологија

Западносибирската Низина претежно се состои од кенозоички нанос, што ја прави многу ниска и рамномерна. Кога морското ниво би се накачило за 50 метри, би се поплавило сето земјиште помеѓу Северниот Леден Океан и Новосибирск. Ова е подрачје на Земјината кора со исклучително долго минато на слегнување, чии хоризонтални наслаги стари до 65 милиони години. Многу од наносите во низината се настанати со ледени брани, кои како препреки ги пресвртиле водите на реките Об и Енисеј наназад, пренасочувајќи ги во Каспиското Море, а можеби и во Аралското Езеро. Подрачјето е многу мочурливо и почвите се претежно тресетни хистосоли а, во бездрвниот северен дел — хистели.

Со своите издигнати тресетишта, низината е меѓу најголемите тресетни површини во светот. Се смета дека Васјуганското Мочуриште е најголемото издигнато блато на светот, со површина од 51.600 км2.

Во јужниот дел на низината виреат богати тревишта поради отсуството на траен мраз. Оваа растителност потекнува од продолжетокот на Казашката Степа, но речиси сета е отстранета до почетокот на XXI век.

Напролет големи површини се поплавуваат, а мочуриштата оневозможуваат било каква обработка на земјата. Најзначајни реки во Западносибирската Низина Об, Иртиш и Енисеј. Има многу езера и големи бари, како и големи резерви на нафта и земен гас.[2]

Поврзано

Наводи

  1. „Russia“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2006-10-24.
  2. 2,0 2,1 „Western Siberian Plain“. Columbia Encyclopedia. Посетено на 2006-10-24.

Надворешни врски

62°00′N 76°00′E / 62.000° СГШ; 76.000° ИГД / 62.000; 76.000