Данте Алигиери: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Биографија: дополнување
Ред 13: Ред 13:


== Биографија ==
== Биографија ==
Данте Алигиери е роден во [[Фиренца]] во [[јуни]] [[1265]] година, а потекнува од старо аристократско семејство. Неговата мајка умрела во неговото детство, а татко му умрел кога Данте имал 18 години. Најбитниот настан од неговата младост била средбата со Беатриче во [[1274]] година, која најпрвин ја опеал во својата книга „[[Нов живот]]“, а подоцна и во неговото најголемо дело „[[Божествена комедија]]“.
Данте Алигиери е роден во [[Фиренца]] во [[јуни]] [[1265]] година, а потекнува од старо, но осиромашено, аристократско семејство. Неговата мајка умрела во неговото детство, а татко му умрел кога Данте имал 18 години. Најбитниот настан од неговата младост била средбата со Беатриче во [[1274]] година, која најпрвин ја опеал во својата книга „[[Нов живот]]“, а подоцна и во неговото најголемо дело „[[Божествена комедија]]“.

И покрај скромната општествена положба, Данте учел кај најдобрите учители во тоа време. Во младоста се оженил со Џема Донати со која имал имал барем три деца.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 223-224.</ref>


Малку се знае за образованието на Данте, неговите дела објавуваа нечитаност. Тој бил многу потпивнат од делата на Фиренцискиот философ и реторичар [[Брунето Латини]] (Brunetto Latini),кој претставува важна фигура во делото [[Божествена комедија]].
Познато е дека Данте многу читал, а во делото „Convivio“ самиот тој кажува дека од преголемото читање се здобил со заболување на очите.<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 14.</ref> Се знае дека Данте не го имал читано [[Хомер]], но добро го познавал творештвото на [[Хорациј]], [[Овидиј]] и [[Лукијан]], како и делата на [[Сенека]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 25-26.</ref> Исто така, тој ги познавал некои записи на лекарот [[Гален]] од [[Пергам]], а ги читал и коментарите на [[Авицена]] и [[Авероес]] на делата на [[Аристотел]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 26.</ref>
Познато е дека Данте многу читал, а во делото „Convivio“ самиот тој кажува дека од преголемото читање се здобил со заболување на очите.<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 14.</ref> Се знае дека Данте не го имал читано [[Хомер]], но добро го познавал творештвото на [[Хорациј]], [[Овидиј]] и [[Лукијан]], како и делата на [[Сенека]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 25-26.</ref> Исто така, тој ги познавал некои записи на лекарот [[Гален]] од [[Пергам]], а ги читал и коментарите на [[Авицена]] и [[Авероес]] на делата на [[Аристотел]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 26.</ref>



Преработка од 17:28, 16 август 2017

Данте Алигиери
Портрет
Роден/а1265
Фиренца, Италија
Починат/а13/14 септември 1321
Равена
Занимањеиталијански државник и поет

Данте Алигиери (италијански: Dante Alighieri) (1265 — 13/14 септември 1321) е италијански поет, еден од најголемите ликови во светската литература, славен поради неговите длабоки верски видувања и неговата длабока интелектуалност.[1] Неговата „Божествена комедија“ е најзначајното литературно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јазик.

Биографија

Данте Алигиери е роден во Фиренца во јуни 1265 година, а потекнува од старо, но осиромашено, аристократско семејство. Неговата мајка умрела во неговото детство, а татко му умрел кога Данте имал 18 години. Најбитниот настан од неговата младост била средбата со Беатриче во 1274 година, која најпрвин ја опеал во својата книга „Нов живот“, а подоцна и во неговото најголемо дело „Божествена комедија“.

И покрај скромната општествена положба, Данте учел кај најдобрите учители во тоа време. Во младоста се оженил со Џема Донати со која имал имал барем три деца.[2]

Познато е дека Данте многу читал, а во делото „Convivio“ самиот тој кажува дека од преголемото читање се здобил со заболување на очите.[3] Се знае дека Данте не го имал читано Хомер, но добро го познавал творештвото на Хорациј, Овидиј и Лукијан, како и делата на Сенека.[4] Исто така, тој ги познавал некои записи на лекарот Гален од Пергам, а ги читал и коментарите на Авицена и Авероес на делата на Аристотел.[5]

Познато е дека Данте во Болоња отприлика во 1285 година, и тој таму можеби студирал на унверзитет. За време на политичките битки во Италија во тоа време тој отпрвин ги подржувал Гвелфовите и се борел против Гибелините.

Го интересирало сликарството, музиката, но најголемо значење ѝ придавал на поезијата. Ја читал латинската поезија со посебен интерес, најмногу Вергилиј кого го сметал за свој учител.

Се знае дека учествувал на забави, ловови, свечености, и во таквиот монденски живот на тогашната Фиренца се родила и се развила неговата љубов кон една фирентинска девојка која ќе биде одредница на неговите дела и животниот пат. Беатриче, како што ја нарекувал Данте, се омажила млада, но според сфаќањата од средниот век, бракот не бил препрека за чистата љубов кон друг човек.

Политичкиот живот на Данте

Данте Алигери

Со политички живот Данте почнал да се занимава многу рано. Тој бил „Гвелф“ (тоа се приврзници на римскиот папа) и се борел против Гибелините. Извесно време бил во градскиот совет, а на дваесет и пет годишна возраст бил избран за член на колекиумот од шест члена, кој управувал со Фиренца. Кога партијата на Гвелфовите се поделила на „бели“ и „црни“ тој им пристапил на белите кои се бореле против папската курија. Во судирот меѓу овие две фракции победиле белите и ја презеле власта во Фиренца. Римскиот папа Бонифациј VIII се замешал во тој судир и со помош на францускиот принц Шарл Валоа влегол во Фиренца и тогаш власта над Фиренца ја презеле „Црните“ а „Белите“ биле протерувани од Фиренца.Тоа го доживеал и Данте.Тој бил принуден да ја напушти Фиренца и да живее во прогонство се до крајот на животот. Потоа тој бил молен да се врати во Фиренца,но не се вратил.

Во раните години од прогонството тој напишал две важни дела на латински јазик. De Vulgari Eloquentia (За народниот говор 1304- 1305).Во ова дело тој го дефинира домашниот јазик како литературен медиум и се обидува да воведе критериум за користење на пишуван италијански јазик и италијанска поезија. Незаврашеното дело Convivio (Гозба 1304-1307) било наменето да биде приказ, во 15 книги, на целото знаење во тоа време. Од ова дело биле завршени само првите 4 книги. Политичките надежи на Данте биле силно разбудени од доаѓањето во Италија на Хенри VII,кралот наГерманија и римски император. Намерата на Хенри VII била да ја одведе Италија во независна држава и да ги обедини италијанските градови. По пет годишно залагање Хенри VII не успеал да ги отргне од власт ``црните``Гвелфи и данте никогаш не се вратил во родниот град-Фиренца.Смртта на Хенри VII во Сиена во 1313 година надежите на Данте завршија многу брзо.Латинскиот трактат De Monarchia (За монархијата) е напишана за време на присуството на Хенри VII во Италија. Таму Данте ги изложил своите политички погледи дури и потребата на религиозена римска империја и одвојување од црквата и државата.

Творештво

Важно дело на Данте Алигиери е „Нов живот“ (La vita nuova), кое го напишал непосредно по смртта на Беатриче. Делото се состои од сонети и канцони (љубовни поеми), проткаени со прозни објаснувања. Во него се раскажува за љубовта на Данте кон Беатриче, како и неговото претчувство за нејзината смрт. Делото е едно од најголемите и најубавите примери на љубовна поезија во европската литература.

Во делото „De Monarchia“, напишано на латински јазик, Данте ги изложил своите политички сфаќања за поделба меѓу верската и политичката власт, од кои првата треба да И припадне на црквата, а втората на владетелот. Своите целосни философски и книжевни идеи ги изложил во делото „Гозба“, напишано на народен јазик, додека во делото „De vulgari eloquentia“ го разработил проблемот на новиот народен италијански јазик. Исто така, тој напишал и неколку други помали дела, како што е „Epistolae“.[6]

Сепак, централно место во творештвото на Данте има неговата поезија. Притоа, делото „Рими“ не излегува од рамките на тогашната љубовна поезија, но во него може да се најдат и неколку поетски бисери. Делото „Нов живот“ претставува еден вид автобиографски љубовен роман во кој стиховите напишани во чест на неговата љубов Беатриче се надополнети со прозни текстови во кои се опишува душевната состојба во која се составени тие стихови. Инаку, поетската личност Беатриче ја претставува девојката Биче ди Фолко Портинари, која Данте ја видел уште како дете и во која се вљубил во 1289 година, а набргу таа умрела млада. Во согласност со учењето на поетската школа „Dolce stil nuovo“ на која И припаѓал Данте, во своите стихови Данте ја претставил Беатриче како идеализиран лик на жена која е слична на ангел и која претставува идеал на љубов и возвишена чистота. Притоа, во последната глава на „Нов живот“, Данте ја изразува надежта дека за Беатриче ќе го испее „она што никогаш не е речено ниту за една друга жена“.[7]


Надворешни врски

Наводи

  1. Poetika humanizma i renesanse. Beograd: Prosveta, 1963, стр. 35.
  2. Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 223-224.
  3. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 14.
  4. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 25-26.
  5. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 26.
  6. Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 225.
  7. Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 225.