Пипер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 34: Ред 34:
File:Пиперки-МК 01.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Пиперки-МК 01.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Пиперки-МК 03.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Пиперки-МК 03.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Пипер МК 02.jpg|Пиперки раста на нива во с.[[Миравци]], [[Гевгелиско]]
File:Пипер МК 02.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Миравци]], [[Гевгелиско]]
File:Пипер МК 03.jpg|Пиперки раста на нива во с.[[Миравци]], [[Гевгелиско]]
File:Пипер МК 03.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Миравци]], [[Гевгелиско]]
File:Пипер МК 01.jpg|Пиперки раста на нива во с.[[Миравци]], [[Гевгелиско]]
File:Пипер МК 01.jpg|Пиперки растат на нива во с.[[Миравци]], [[Гевгелиско]]
File:Феферонки-МК 01.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Феферонки-МК 01.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Феферонки-МК 03.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Феферонки-МК 03.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]

Преработка од 09:06, 14 август 2017

Пипер
Зелена пиперка расте на нива во Струмичко, Македонија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Зрнец
Вид: Пипер(ки)
Научен назив
Capsicum annuum
L.
Синоними

Capsicum abyssinicum
Capsicum angulosum[1]

Пипер (науч. Capsicum annuum, разг. „пиперки“) — повеќегодишно зеленчуково растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Може да има благ и лут вкус и се употребува за исхрана на луѓе и животни, во свеж, готвен и преработен (во зачини, ајвар, конзевиран во туршија) облик. Потекнува од јужните делови на Северна Америка, Централна Америка и северните делови на Јужна Америка, од каде што е распространета ширум светот, а особено застапена и во Македонија. Во Македонија во 2010 година се произведени 168.150 тони пиперки[2].

Одлики

Родот на пиперката опфаќа едногодишна билка, во висинa до 1 -{m}-. Листовите на пиперката се јаjцести со шилести врвови. Цветаат во мај, а цветовите и се бели, црвени, светложолти или виоилетови. Плодот е топчест или долгнавест. Мирисот и вкусот на плодовите е (благ, сладок до извонрендо лут) се зависи од сортата и зрелоста. Долж нервите постојат жлезди кои синтетизираат алкалоид , капсаицин („одговорен“ за лутината и лековитост на пиперката). Основниот број на хромозом е x=12[3].

Видови (сорти) на пиперки

Постојат мноштво имиња за плодовите на поединечни сорти на пиперка. Најпознати видови на пиперки се: феферони, бабура, чили, ајварка (куртовска капија), зелена дуга, сиврија. Чили е назив за неколку врсти и сорти на пиперка, кои се одгледуваат на територијата на Мексико уште од 3000. година п. н. е.[4]

Систематизација и географско потекло на родот

Родот -{Capsicum}- опфаќа околу 25 видови. Постои претпоставка дека голем број на сортите е уште поголем и дека со деталните истражување на Неотрописот ќе се опишат и нови видови.[5] Еден од проблемите на класификацијата на сортите внатре родот е прашање на сродноста на три од вкупно четири одгледувани сорти (-{Capsicum annuum, Capsicum frutescens}- и -{Capsicum chinense}-). Поедини автори ги сметаат одвоени со сестринските видови[5], додека -{Pickersgill}-[6] и сметаат дека статусот на посебни видови е нелегитимен.

Употреба во исхраната

Пиперката се користи како зеленчук, зачин и лек. Исто така се користи свежа, конзервирана како (туршија), сува или сува мелена (или „толчена“).

Галерија

Наводи

  1. "Утврдено со молекуларни филогенетски анализи. Погл. Филигенетика на родот зрнец (Solanum) (англиски)
  2. Новковска, Благица (2012). „Регионите во Република Македонија, 2012“ (PDF). регионален годишник. Скопје: Државен завод за статистика. стр. 114. Посетено на 18 декември 2015.
  3. Csilléry, G. Pepper taxonomy and the botanical description of the species. Acta Agronomica Hungarica 54 (2):151-166.
  4. Gil-Jurado, A. T., Il senso del chile e del piccante: dalla traduzione culturale alla rappresentazione visiva in (G. Manetti, ed.), Semiofood: Communication and Culture of Meal, Centro Scientifico Editore, Torino, Italy, 2006:34-58
  5. 5,0 5,1 Eshbaugh, W.H. 1993. Peppers: History and Exploitation of a Serendipitous New Crop Discovery. In: Janick, J. & Simon, J.E. (Ed.) New Crops, pp 132-139. Wiley: New York. Online Version, Приступљено 17. 4. 2013.
  6. Pickersgill, B. 1988. The genus Capsicum: a multidisciplinary approach to the taxonomy of cultivated and wild plants. Biol. Zentralbl. 107 (4): 381-389