Зеленград: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 35: Ред 35:


== Демографија ==
== Демографија ==
Пред да ги изнесеме информациите за развојот на населението ќе се задржиме на некои одредници кои, и во историјаата и во демографијата, ќе послужат во надополнувањето на сликата за оваа населба. Имено,таа „празнина„ од информации од неколку векови секако дека не значи и мртвило и ненаселеност на овој простор.Ако се послужиме со паметењто и преданијата и легендите за населението на Зеленград, оваа населба спаѓа во групата новосоздадените села.Според тие легенди и преданија неговите маала се населени во почетокот на 18 век.Првите населеници кои побиле колец,почнуваат со градба на куќа,во запуштеното земјиште, обраснато во шума во маалото „Село„ потекнувале од Горна Пчиња.Покрај нив уште три рода (Јовчевци,Мишеви и Соколови.Нешто пред нив се доселиле Славевци.Сите други,неколку родови се доселени од околните села Ратковица,Шталковица,Градец (Кочанско) и од Луково.
Пред да ги изнесеме информациите за развојот на населението ќе се задржиме на некои одредници кои, и во историјата и во демографијата, ќе послужат во надополнувањето на сликата за оваа населба. Имено, таа „празнина„ од информации од неколку векови секако дека не значи и мртвило и ненаселеност на овој простор. Ако се послужиме со паметењто и преданијата и легендите за населението на Зеленград, оваа населба спаѓа во групата новосоздадени села. Според тие легенди и преданија неговите маала се населени во почетокот на 18 век. Првите населеници кои побиле колец, почнуваат со градба на куќа, во запуштеното земјиште, обраснато во шума во маалото „Село„ потекнувале од Горна Пчиња. Покрај нив уште три рода (Јовчевци, Мишеви и Соколови). Нешто пред нив се доселиле Славевци. Сите други, неколку родови се доселени од околните села Ратковица, Шталковица, Градец (Кочанско) и од Луково.


Самиот факт што голем број доселеници потекнуваат од Козјак,Горна Пчиња и Врањско не само во Зелениград туку и во околните селски населби,подлабоко во планината како што се с.Кнежево,Каврак,Емирица ако се има предвид времето на востанието на Карпош и пост восатничкиот период, кога наездата на Кримските Татари уништува се пред себе, убивајки, палејки,грабејки кога некои свештеници ќе запишат дека тоа е време кога „живите и завидувале на мртвите„, ќе почнат масовни преселби на север пред теророт на Татарите. Секако дека тие преселби среде остра,незапамтена зима, уште повеке во непозната земја,преку Сава,изгледа дека голем од семејствата од овој крај останале длабоко во планините северно и околу Врање.А по неколку години,кога Татарите се вратиле на Крим,опустошените села и земја од овој на Македонија веќе немало кој да ја обработува.И затоа и покрај понудената амнестија враќањето назад на старите опустошени селишта не било брзо.По тие преданија, нашинците кои за време на востанието на Карпош се покажале много „пргави„ заминале на север, оние другите постепено се враќаат на старите огништа.
Самиот факт што голем број доселеници потекнуваат од Козјак, Горна Пчиња и Врањско не само во Зелениград туку и во околните селски населби, подлабоко во планината како што се с.Кнежево, Каврак, Емирица ако се има предвид времето на востанието на Карпош и пост восатничкиот период, кога наездата на Кримските Татари уништува се пред себе, убивајки, палејки, грабејки кога некои свештеници ќе запишат дека тоа е време кога ''живите им завидувале на мртвите'', ќе почнат масовни преселби на север пред теророт на Татарите. Секако дека тие преселби среде остра, незапамтена зима, уште повеке во непозната земја, преку Сава, изгледа дека голем дел од семејствата од овој крај останале длабоко во планините северно и околу Врање. А по неколку години, кога Татарите се вратиле на Крим, опустошените села и земја од овој дел на Македонија веќе немало кој да ја обработува. И затоа и покрај понудената амнестија враќањето назад на старите опустошени селишта не било брзо. По тие преданија, нашинците кои за време на востанието на Карпош се покажале многу „пргави„ заминале на север, оние другите постепено се враќаат на старите огништа.


Инаку,според некои извори во 1900 година,маалото Самари имало 50 жители,а сите маала заедно околу 160 од кои делумно биле чивчии.
Инаку, според некои извори во 1900 година, маалото Самари имало 50 жители, а сите маала заедно околу 160 од кои делумно биле чивчии.


Од послевоените пописи на населението Зелениград 1948 г. има 286 жители,наредниот попис 1953 г.292, а потоа постојано намалување на населението.Во 1961 година има 219, 1971 има 138 житили. За да во наредниот попис населението 1981 г. останат само 19 жители.Во 2002 година ќе останат само 7 жители.Сега во 2012 година веќе нема постојани жители и тоа значи дека селото е изумрено.Ваквата демографска катастрофа е резултат на повеке околности како што се,на пример, уништување на козите,изразито непогоден географски положај, отсуство на релативна пристојна комуникација,трансфер на младото и работоспособно население во индустријата и другите услужни дејности итн.Од оваа населба ќе остане само името:ЗЕЛЕНИГРАД!
Од послевоените пописи на населението Зелениград 1948 г. има 286 жители, наредниот попис 1953 г. 292, а потоа постојано намалување на населението. Во 1961 година има 219, 1971 има 138 житили. За да во наредниот попис на населението 1981 г. останат само 19 жители. Во 2002 година ќе останат само 7 жители. Сега во 2012 година веќе нема постојани жители и тоа значи дека селото е изумрено. Ваквата демографска катастрофа е резултат на повеке околности како што се, на пример, уништување на козите, изразито непогоден географски положај, отсуство на релативна пристојна комуникација, трансфер на младото и работоспособно население во индустријата и другите услужни дејности итн. Од оваа населба ќе остане само името: ЗЕЛЕНИГРАД!


== Општествени институции ==
== Општествени институции ==

Преработка од 19:47, 11 јули 2017

Зеленград
Зеленград во рамките на Македонија
Зеленград
Местоположба на Зеленград во Македонија
Зеленград на карта

Карта

Општина Општина Пробиштип
Шифра на КО 21014
Зеленград на општинската карта

Атарот на Зеленград во рамките на општината

Зеленград е село во Општина Пробиштип.

Географиja и местоположба

Оваа селска населба природно - географски е сместена или подобро речено распослана на стрмите планински висови меѓу Зеленоградска Река од север, Ештерец од југ и Злетовска река од запад. На исток доминира планината Пониква (1.600 м.н.в.).

Зелениград го сочинуваат повеќе маала (село-Зелиниград, Гноиште, Пајаковица, Орлов камен, Чифлик и Самари) и е од типот на раштркани селски населби.

Историja

Ако се разгледа неговото минато, ќе се забележи како тоа има необично „противречен„ историски развој. Самото име ЗЕЛЕНИГРАД несомнено е од словенско потекло и, најверојатно, го добило по тврдината ГРАДИШТЕ која се наоѓа до маалото Самари. Овој локалитет е во суштина рид кој стрмо се издига над левиот брег на Злетовска река. На врвот има остатоци од одбранбен бедем и остатоци од керамика. Судејки по откопаните питоси и монети, евидентно е дека во ова зеленоградско маало во римскиот период постоела населба.

Кога веќе, погоре стана збор за дисконуитетот во исторскиот развој на Зелениград не може, а да не се одбележи следното. Оваа населба не се појавува во средниот век. Ниту во една даровница, повелба на Деспот Оливер кој го дарува манастирот Лесново (додуша на едно место се спомнува Пајаковица но, само како месност, а не и населба или маало) нема ништо за Зелениград. Додека соседните села Ратковица, Шталковица, Јамиште, Мушково, Марена, Бунеш, Глобица итн. се присутни.

Така, на пример, и во турските пописни дефтери од 1573 година Зелениград не се појавува како населба. Ако имало некаков живот на ова село, турските попишувачи не би го испуштиле од предвид. Селото Луково од другата, десна страна на Злетовска река во овој попис е зафатено и окваликувано како “ненаселено“.

Ако се знае дека во тој период потесниот и поширокиот атар на Зелениград е покриен со густа шума, ( и 300 год. подоцна и Ѓорче Петров за ова село ќе забележи дека има 16 куќи кои се обични колиби) не е тешко да се претпостави дека населението кое, главно, се занимава со сточарство, од повеке причини, даноци, грабежи, насилија многу лесно го менуваат местото на живеење и подоцна се враќат на истото место. Меѓу другото, таа принудна изолација, во тие несигурни периоди им овозможува, на некој начин, и добри услови за егзистенција.

Економија

Зелниград е изразито планинска населба која лежи на планински огранок со надморска висина од 1200 -1400 метри. Пасиштата и шумите заземаат 4/5 од неговиот атар. Од тие причини неговите жители, сега веќе не, зошто ги нема, се занимавале со сточарство и со експлоатација на шумите. Поради отсуството на погодни комуникации, постоеле а постојат и сега единствени коњски патеки, искористувањето на дрвената маса било ткн. ситно дрварство.

Од расположивите статистички извори гледаме, на пример, дека во 1931 година 37 домаќинства колку што имало селото располагале со сточен фонд од 687 кози, 393 овци, 85 говеда, 7 свињи, 17 коњи и мулиња. По 40 години поодоцна, 1971 г. кога селото има 138 жители и 33 домаќинства поради уништувањето на козите расте бројот на овци 621 грло, 68 говеда, 28 свињи и 19 коњи и мулиња. Инаку, поради природно-географски услови поледелството за кое и така нема услови за примена на механизација и агротехнички мерки постепено се деградира. Така, на пример од пописот на земјоделството 1959/1960 година гледаме дека со жита, граор и уров биле посеани 105 хектари, а во 1971 год. овие култури се забележуваат на 12-13 хектари. Поради миграцијата на младото и работно способно население видно се намалува и производството на компири. Единствено гравот како поледелска култура и во двете пописни години го има на 6 ха. Поради климатските услови, Зелениград во целата некогошна Злетовска област има најмногу стебла сливи (џанки) и ореви.

Демографија

Пред да ги изнесеме информациите за развојот на населението ќе се задржиме на некои одредници кои, и во историјата и во демографијата, ќе послужат во надополнувањето на сликата за оваа населба. Имено, таа „празнина„ од информации од неколку векови секако дека не значи и мртвило и ненаселеност на овој простор. Ако се послужиме со паметењто и преданијата и легендите за населението на Зеленград, оваа населба спаѓа во групата новосоздадени села. Според тие легенди и преданија неговите маала се населени во почетокот на 18 век. Првите населеници кои побиле колец, почнуваат со градба на куќа, во запуштеното земјиште, обраснато во шума во маалото „Село„ потекнувале од Горна Пчиња. Покрај нив уште три рода (Јовчевци, Мишеви и Соколови). Нешто пред нив се доселиле Славевци. Сите други, неколку родови се доселени од околните села Ратковица, Шталковица, Градец (Кочанско) и од Луково.

Самиот факт што голем број доселеници потекнуваат од Козјак, Горна Пчиња и Врањско не само во Зелениград туку и во околните селски населби, подлабоко во планината како што се с.Кнежево, Каврак, Емирица ако се има предвид времето на востанието на Карпош и пост восатничкиот период, кога наездата на Кримските Татари уништува се пред себе, убивајки, палејки, грабејки кога некои свештеници ќе запишат дека тоа е време кога живите им завидувале на мртвите, ќе почнат масовни преселби на север пред теророт на Татарите. Секако дека тие преселби среде остра, незапамтена зима, уште повеке во непозната земја, преку Сава, изгледа дека голем дел од семејствата од овој крај останале длабоко во планините северно и околу Врање. А по неколку години, кога Татарите се вратиле на Крим, опустошените села и земја од овој дел на Македонија веќе немало кој да ја обработува. И затоа и покрај понудената амнестија враќањето назад на старите опустошени селишта не било брзо. По тие преданија, нашинците кои за време на востанието на Карпош се покажале многу „пргави„ заминале на север, оние другите постепено се враќаат на старите огништа.

Инаку, според некои извори во 1900 година, маалото Самари имало 50 жители, а сите маала заедно околу 160 од кои делумно биле чивчии.

Од послевоените пописи на населението Зелениград 1948 г. има 286 жители, наредниот попис 1953 г. 292, а потоа постојано намалување на населението. Во 1961 година има 219, 1971 има 138 житили. За да во наредниот попис на населението 1981 г. останат само 19 жители. Во 2002 година ќе останат само 7 жители. Сега во 2012 година веќе нема постојани жители и тоа значи дека селото е изумрено. Ваквата демографска катастрофа е резултат на повеке околности како што се, на пример, уништување на козите, изразито непогоден географски положај, отсуство на релативна пристојна комуникација, трансфер на младото и работоспособно население во индустријата и другите услужни дејности итн. Од оваа населба ќе остане само името: ЗЕЛЕНИГРАД!

Општествени институции

Основното четиригодшно училиште кое се отвори непосредно по војната,некаде во средината на седумдесетите години поради преселба на населението главно во Злетово и нешто во Пробиштип е затворено.

Интересна е една забелешка кај Ѓорче Петров.Тој пишува како четниците од неговата чета кои потекнуваат од Западна Македонија биле вчудоневидени кога на патот од Кустендил за преку Вардар, престојувале во село, и кога селаните и побарале пари за закланите кози и овци.Гласно негодувајки дека не се патриоти и дека кај нив тоа не се случувало и не ќе случило.Меѓутоа, проблемот е на друго место. Ова село е на ВМРО комуникацијата со Бугарија.Ако не секој ден тогаш сигурно секој трет ден тие пречекуваат и испраќаат комити и од и за Македонија.А таквите дочеци и испраќања се во економска смисла исцрпувачки.И притоа да не заборавиме и на другите арамолебци,што вели нашиот народ, од властите и турски, и српски, и бугарски и на оние одметнати од законот.

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Користена литература

  • Петров Ѓорче, Спомени, Скопје, 1950.
  • Група автори, Злетовска област, 1974.
  • Стеван Симиќ, Историја кратовске области, Белград, 1914.
  • Пописи на население, Сојузен завод за статистика. Белград 1981
  • Попис на населението на Македонија, Републички завод за статистика, Скопје.