Вихрен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
rv
Ред 13: Ред 13:
| map_size = 260
| map_size = 260
| label_position =
| label_position =
| location = [[Благоевградска област]], [[Бугарија]]
| location = [[Пиринска Македонија]]<br>(денес [[Благоевградска област]], [[Бугарија]]
| range = [[Пирин]]
| range = [[Пирин]]
| lat_d = 41 | lat_m = 46 | lat_s = 04 | lat_NS = N
| lat_d = 41 | lat_m = 46 | lat_s = 04 | lat_NS = N
Ред 24: Ред 24:
}}
}}


'''Вихрен''' — највисокиот врв на [[Пирин]] во [[Бугарија]]. Со своите 2.914&nbsp;м е втор по височина во денешна Бугарија по [[Мусала]] на [[Рила]] и трет на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] по [[Олимп]] во [[Грција]].
'''Вихрен''' — највисокиот врв на [[Пирин]] во [[Пиринска Македонија]], денес во [[Бугарија]]. Со своите 2.914&nbsp;м е втор по височина во денешна Бугарија по [[Мусала]] на [[Рила]] и трет на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] по [[Олимп]] во [[Егејска Македонија]] и [[Грција]].


==Местоположба==
==Местоположба==

Преработка од 08:55, 21 јуни 2017

Вихрен
Поглед на Вихрен од север
Највисока точка
Надм. вис.2914 м [1]
Истакнатост1783 м [1]
Географија
Вихрен на карта

Карта

МестоПиринска Македонија
(денес Благоевградска област, Бугарија
Матичен венецПирин

Вихрен — највисокиот врв на Пирин во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Со своите 2.914 м е втор по височина во денешна Бугарија по Мусала на Рила и трет на Балканскиот Полуостров по Олимп во Егејска Македонија и Грција.

Местоположба

Врвот се наоѓа во северниот дел на масивот Пирин, на главното било меѓу врвот Кутело (на северозапад) и Овинати Врв (на југоисток). Со овие два врва го поврзуваат седлата Премката (2610 м) на север и Кабата (2535 м) на југ.

Име

Сè до 1942 г. врвот се нарекувал Елтепе („врв на бурите“). Денес тоа име го носи мало засолниште во подножјето на врвот, поставено за проучување на малиот ледник кој се наоѓа таму.

Географија

Гледан од Банско, Вихрен личи на пресечена пирамида, а од југ потсетува на на четиристрана пирамида. Карактеристично за врвот е тоа што изгледа многу поразлично, зависно од која страна се гледа. Карпите кои го образуваат Вихрен се мермерни и не задржуваат вода, па затоа целото околно подрачје нема реки и езера. Најблиски езера се Влахините на југозапад. Растителноста по падините на Вихрен е оскудна — преовладуваат тревите и лишаите. Животинскиот свет е побогат — застапени се птиците и ситните глодари, но највеќе дивокозите, кои живеат во месноста Казаните во подножјето на врвот. По околниот раб на карпите Џамџиеви Скали изобилува цвеќето рунолист.

Клима

Вихрен има просечни годишни врнежи од 1.150 мм, а снежната покривка достигнува 3 м. Температурата се движи од 25° и -21°С во зима до 15° и 23°С во лето.


Поглед на Вихрен

Поврзано

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 "Europe Ultra-Prominences" Listed here as "Vikhren". Peaklist.org. посет. 20 февруари 2012 г.

Надворешни врски