Никола Димитров (дипломат): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 32: Ред 32:


{{МинистриНадворешниРМ}}
{{МинистриНадворешниРМ}}
{{Влада на Македонија (2017-2021)}}
{{Влада на Македонија (2017)}}


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Димитров, Никола}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Димитров, Никола}}

Преработка од 11:54, 1 јуни 2017

Никола Димитров
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
1 јуни 2017 – во служба
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Зоран Заев
Претходник Никола Попоски
Лични податоци
Роден(а) 30 септември 1972(1972-09-30)(51 г.)
Скопје, СР Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ (1996–2014)
Независен (2014–сѐ уште)
Установа Св. Кирил и Методиј
Кембрички универзитет

Никола Димитров (30 септември 1972 во Скопје) — македонски дипломат, поранешен заменик министер за надворешни работи и амбасадор на Македонија во САД и Холандија. Во 2014 го одбил амбасадорското место во Русија и привремено се повлекол од дипломатијата.

Кариера

Димитров својата професионална кариера ја започнал во 1996 во министерството за надворешни работи како советник од областа меѓународно право за правата на човекот. Бил назначен за заменик министер во 2000, а бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Во 2002 бил именуван за македонски амбасадор во САД доаѓајќи на местото на Љубица Ацевска. Со 32 години бил најмладиот амбасадор во САД, а за време на неговиот престој во 2004 САД ја признале Македонија под уставното име.[1]

Димитров бил македонски претставник во преговорите околу спорот за името помеѓу Македонија и Грција, а бил и правен застапник на Македонија при тужбата пред меѓународниот суд за правда во Хаг против Грција за прекршување на привремената спогодба.[2] Во 2009 Димитров станал македонски амбасадор во Холандија.[3] По завршување на неговиот мандат во 2013 требало да замине како амбасадор во Германија, но на негово место бил назначен Никола Колев. Во 2014 ја одбил задачата да биде македонски амбасадор во Русија и кариерата ја продолжил во Хашкиот институт за глобална правда.[4]

Личен живот

Никола Димитров е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, истакнати функционери и основачи на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Никола дипломирал меѓународно право на универзитетите во Скопје и Кембриџ. Тој е оженет и има три деца.[5]

Наводи

  1. „Никола Димитров“. Утрински. 2008-03-26. Посетено на 2017-05-28.
  2. „Никола Димитров, амбасадор во Хаг!“. Вечер. 2009-04-03. Посетено на 2017-05-28.
  3. „Macedonian ex-negotiator Nikola Dimitrov is starting his term as Macedonian Ambassador to Holland“. Highbeam Business. 2009-10-08. Посетено на 2014-02-24.
  4. Geteva, Katerina (2014-02-24). „Никола Димитров одбил да биде амбасадор во Москва“. PlusInfo. Посетено на 2014-02-25.
  5. Luxner, Larry (December 2004). „Macedonia's Nikola Dimitrov: No more FYROM“. The Washington Diplomat. Посетено на 2014-02-24.

Надворешни врски