Михајло Маневски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49: Ред 49:
{{end box}}
{{end box}}


{{Состав на Владата на Македонија (2006)}}
{{Состав на Владата на Република Македонија}}
{{Состав на Владата на Република Македонија}}
{{Состав на Владата на Македонија (2006)}}

[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006]]
[[Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006]]

Преработка од 00:53, 31 мај 2017

Михајло Маневски
Министер за правда на Македонија
На должноста
26 август 2006 – 28 јули 2011
Премиер Никола Груевски
Претходник Мери Младеновска-Ѓорѓиевска
Наследник Блерим Беџети
Лични податоци
Роден(а) 26 декември 1937
Башино Село, Кралство Југославија
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Михајло Маневски (Башино Село, велешко, 26 декември 1937) е македонски правник. За време на комунизмот бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (од 1986 до 1991), а по осамостојувањето на Македонија бил министер за правда од 2006 до 2011 година.

Биографија

Маневски е роден во велешко Башино Село на 26 декември 1937 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1960 година.

Во Јавното обвинителство на Република Македонија работи повеќе од 28 години. Бил заменик околиски јавен обвинител во Штип, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Велес, а од 1966 до 1976 година бил заменик на Окружниот јавен обвинител во Скопје. Од 1976 до 1984 година е заменик на јавниот обвинител на Македонија. Од 1984 до 1986 година бил претседател на Окружниот суд во Скопје.

Во 1986 година е избран за член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и министер за правосудство и управа.[1] Функцијата ја извршува до 1991 година.

Од 1994 до 2000 година е советник во Владата, а во 2000 година е именуван за заменик на јавниот обвинител на Македонија. Во 2002 година е избран за член на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во декември 2005 година е избран и за нејзин претседател.

По победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите во 2006 година, Маневски е избран за министер за правда во владата на Никола Груевски. Во 2008 година е реизбран на истата функција, на која останува до 2011 година.

Маневски работел на подготвување на голем број законски и подзаконски акти од областа на правосудството, казненото право, финансискиот криминал и корупцијата и во работни тела за изготвување на амандмани на уставни одредби. Учествувал на повеќе меѓународни конференции за прашањата на организираниот криминал, особено финансискиот криминал и корупцијата. Во 2003 година ја издаде книгата Казнено правна заштита на јавните финансии - правни аспекти и практични искуства, а во 2005 година ја издаде втората книга Корупцијата во Република Македонија - Превентивни и казнени мерки за спречување. Објавил и повеќе научни трудови, во стручни списанија и билтени од областа на казненото право и финансискиот криминал и корупцијата.

Наводи

  1. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/1986, 2 стр.
Политички функции
Претходник
Мери Младеновска-Ѓорѓиевска
Министер за правда
2006–2011
Наследник
Блерим Беџети