Константин Миладинов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 46.16.193.70 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n
Ред 63: Ред 63:


== Поетски текстови ==
== Поетски текстови ==
[[File:Taga za Jug.jpg|thumb|250px|Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од Константин Миладинов]]

* [[:s:Автор:Константин Миладинов/ Бисера|Бисера]] <ref><small>„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.</small></ref>
* [[:s:Автор:Константин Миладинов/ Бисера|Бисера]] <ref><small>„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.</small></ref>
* [[:s:Автор:Константин Миладинов/ Желание|Желание]] <ref><small>„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.</small></ref>
* [[:s:Автор:Константин Миладинов/ Желание|Желание]] <ref><small>„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.</small></ref>

Преработка од 09:54, 13 април 2017

Поврзано Браќа Миладиновци.
Константин Миладинов
Роден/а1830
Струга, Македонија
Починат/а23 јануари 1862
Цариград, Отоманска Империја
Занимањеславист, поет и преродбеник
ОбразованиеОсновно училиште во Струга, а подоцна гимназија во Јанина, Грција, словенска филологија на Филозофскиот факултет при императорскиот универзитет во Москва
Период19 век
ЖанрПреродба
Предметпреродбеник и собирач на народни умотворби
Книжевно движењеРомантизам
Значајни делаТ'га за југ

Константин Миладинов (Струга, 1830Цариград, денешен Истанбул, 18 јануари 1862) бил македонски собирач на народни умотворби и поет.[1][2] Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

Биографија

Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.

По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, битолско.

По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувала во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“.

Константин Миладинов во Москва, долу десно

Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.

Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).

Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови.

Генеалогија

 
 
 
 
 
 
Ристе Миладинов
 
Султана Миладинова
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитрија Миладинов
 
Тане Миладинов
 
Наум Миладинов
 
Мате Миладинов
 
Апостол Миладинов
 
Константин Миладинов
 
Ана Миладинова
 
Крста Миладинова

Поетски текстови

Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од Константин Миладинов

Наводи

  1. Македониум, антологија на македонската национално-политичка мисла, стр. 9 и 10, Скопје, 2003.
  2. Писмо на Константин Миладинов до Георги С. Раковски, 8 јануари 1859, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историја, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 131-133.
  3. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  4. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  5. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  6. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  7. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  8. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  9. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 19.
  10. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 24.
  11. „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
  12. „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
  13. „Братски труд“, 1860, кн. 1.
  14. „Братски труд“, 1860, кн. 1.
  15. „Братски труд“, 1860, кн. 3.
  16. „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.
  17. „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.

Надворешни врски

Предлошка:МакЛит