Јужен Поларник: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 3: | Ред 3: | ||
[[Податотека:Antarctic circle.svg|мини|350п|Карта на [[Антарктик]]от со јужниот поларен круг (сино).]] |
[[Податотека:Antarctic circle.svg|мини|350п|Карта на [[Антарктик]]от со јужниот поларен круг (сино).]] |
||
}} |
}} |
||
''' |
'''Јужен поларен круг''' (или '''антарктички круг''') — еден од петте главни [[напоредник|напоредници]] на картата на [[Земја|светот]]. Ова е замислениот обрач што минува на [[географска ширина]] од 66° 33′ 44″ (или 66,5622°) јужно од [[екватор]]от.<ref>податок за 2011 г.</ref><ref>[http://bbs.keyhole.com/ubb/ubbthreads.php?ubb=showflat&Number=1157795&site_id=1#import Повратник во движење] {{es}}</ref> |
||
== Опис == |
== Опис == |
Преработка од 07:42, 14 февруари 2017
Јужен поларен круг (или антарктички круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географска ширина од 66° 33′ 44″ (или 66,5622°) јужно од екваторот.[1][2]
Опис
Подрачјето јужно од јужниот поларен круг се нарекува Антарктик, а подрачјето веднаш на север е јужниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува северен поларен круг (арктички круг).
Секое место јужно од јужниот поларен круг има барем по еден ден во годината со 24-часовна дневна светлина и уште еден со 24-часовна ноќ. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларниот круг ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот сонцестој. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 степени во однос на еклиптиката (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на јужниот зимски сонцестој, јужната полутопка е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При јужниот летен сонцестој, јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.
Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, привиденијата и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.
Поларниот круг полека се поместува поради постепената промена на наклонетоста на Земјината оска.
Места
Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, јужниот поларен круг минува низ:
Поврзано
Наводи
- ↑ податок за 2011 г.
- ↑ Повратник во движење (шпански)
Надворешни врски
- Јужен поларен круг - официјална страница (англиски)