Ораовица: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од Vaskopo123) и ја поврати преработката 3491457 на Ehrlich91
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија за село во Република Македонија|
| слика мапа=
| име=Ораовица
| општина=[[Општина Радовиш]]
| регион=[[југоисточен регион|Југоисточен]]
| популација=1720
| година=2002
| поштенски број=2420
| повикувачки број=032
| надморска височина=360
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=37 | lat_sec=31
| lon_dir=E | lon_deg=22 | lon_min=30 | lon_sec=44
| веб=
}}
'''Ораовица''' е село во [[Општина Радовиш]]. Селото е најголемо во општината со 1720 жители<ref>[http://www.radovis.gov.mk/images/stories/documents/sluzben_glasnik/glasnik%2013-10.pdf Службен гласник на општина Радовиш, Број 13/2010, страна 9]</ref> и е оддалечено 5 км од центарот на [[Радовиш]].
'''Ораовица''' е село во [[Општина Радовиш]]. Селото е најголемо во општината со 1720 жители<ref>[http://www.radovis.gov.mk/images/stories/documents/sluzben_glasnik/glasnik%2013-10.pdf Службен гласник на општина Радовиш, Број 13/2010, страна 9]</ref> и е оддалечено 5 км од центарот на [[Радовиш]].
{{Мак-никулец}}
{{Мак-никулец}}
Ред 76: Ред 62:
* [http://maps.google.com/?ie=UTF8&hq=&hnear=Germany&ll=41.625933,22.512746&spn=0.015302,0.042272&t=h&z=15 Село Ораовица на Google Maps]
* [http://maps.google.com/?ie=UTF8&hq=&hnear=Germany&ll=41.625933,22.512746&spn=0.015302,0.042272&t=h&z=15 Село Ораовица на Google Maps]


'''Туристички места'''


Во Ораовица исто така има едно туристичко место а тоа е манстирот Св Горги
{{Општина Радовиш}}
{{Општина Радовиш}}



Преработка од 09:42, 3 февруари 2017

Ораовица е село во Општина Радовиш. Селото е најголемо во општината со 1720 жители[1] и е оддалечено 5 км од центарот на Радовиш.

Име

Од народните преданија кои се пренесуваат низ генерациите па до денес, за постанокот на името на селото постојат две легенди, кои во много се разликуваат, но и двете даваат некакви претпоставки за постанокот на селото и за добивање на името Ораовица.

Според првата легенда, се претпоставува дека селото го добило името по месноста „Орли-Камен“ која се наоѓа североисточно од селото на оддалеченост од еден км. Тука постојал голем (висок) камен каде што застанувале и се собирале орлите, така по месноста „Орли-Камен“ го добила името „Орливици“, „Орловица“ и на крајот го добила денешното име Ораовица.

Историја

Денешното село Ораовица, според некој остатоци и сознанија се претоставува дека постоело уште пред доаѓањето на турците на балканот, односно пред XV век. Селото во тоа време било малку населено и тоа со Македонско население. Од тој период се сретнуваат фамилиите: Нушови, Петрушови, Најчовци, Цилеви, Алексови и други.

Географиja и местоположба

Ораовица се наоѓа во подножјето на планините Изведен и Плачковица. Селото зафаќа добра местоположба што придонело селото да постане едно од најголемите села во општина Радовиш. Ораовица граничи со селото Подареш и населбата Раклиш.

Територијата на с. Ораовица го зафаќа југоисточниот дел на општина Радовиш. Селото е сместено по течениото на Ораовичка река ,односно се простира на нејзината лева и десна страна. Според ваквите одлики Ораовица има извонредна географска положба, бидејки е поврзана со асфалтен пат до Радовиш. Така, просторната сместеност и дава многу пошироко географско контактирање и посредно спојување со асфалтен пат со селата: Подареш, Јаргулица, Покрајчево и Злеово, како и преку асфалтниот пат преку Радовиш, со Струмица и Штип и останатите градови во Републиката.

Ораовица се наоѓа на 360 метри надморска височина и е одалечено 5 км од центарот на Радовиш.

По средината на селото тече Ораовичка река, лева притока на Радовишка река. Изворот и се наоѓа во месноста Џумаја на планината Плачковица на надморска височина од 1.380 м. со должина од 18 км. и сливна површина од 51 метри квадратни. Вкупниот пад на реката во наддолжниот профил изнесува 1.602 м. Највисокиот водостој и се јавува на месец Март при топењето на снегот во планината Плачковица и обилните дождови. Додека од месец Јуни до Октомври водостојот перманентно се намалува. Нискиот водостој во овој период се должи на сушното лето, кое се манифесира со намалени врнежи и високи температури.Територијата на Ораовица се одликува со различен геолошки состав и сложеа геолошка структур, со разновидни петрографски и минералошки видови.

Ораовица има доста голем и просторен атар, бидејки се наоѓа во Радовишко-Струмичката котлина која е и најплодна во Источна Македонија. Ораовица е населена од збиен тип, куќите се групирани од кои скоро 90% се нови и градени според урбанистичкиот план. Селото е поделено по маали. Уште од порано постоеле, а и денес постојат следните имињана маалите: Долна маала, Џами маала, Краиште, Дере маало, Спротна маала, Горно маало и други.

Економија

Ораовица не е во добра економска состојба. Во селото постојат многу колонијални продавници, неколку супермаркети, но сепак економската слика на Ораовица не е баш најдобра што придонело поголемиот дел од населението во Ораовица да се занимава со земјоделство и еден мал дел со сточарство. Исто така, во Ораовица опстанува фирма која врши делумна обработка на шумски плодови и лековити билки. Фирмата соработува со многу странски компании, со кој фирмата остварува свој личен профит, во која исто така својата егзистенција ја гледаат многу вработени.

Многу од жителите во Ораовица, особено младите работат во странските земји.

Демографија

Според податоците од пописот на населението во 1981 година, во Ораовица живееле 396 домаќинства со 1.666 постојани жители како и 36 на привремена работа во странство. Според тоа,после општинскиот центар радовиш,Ораовица е најголемо населено место во Општината. Додека, според податоците од предходниот попис на населението од 1971 година Ораовица имаше 1.558 жители / податок кој јасно зборува дека бројот на жителите во Ораовица е мошне стабилени постојано расте и успешно се бори против миграцијата село-градкоја,денес во Ораовица постои во мал број. Денес 2012 год Ораовица е село со околу 2.000 жители но за жал е зголемен бројот на на иселеници во Странство

Општествени институции

Цркви

Администрација и политика

Селото се наоѓа во рамките на Општина Радовиш, центар на општината е град Радовиш.

Културни и природни знаменитости

http://www.sveti-georgij.mk/

Редовни настани

  • 15 мај - Селски празник (слава), кој се празнува во црквата Св. Атанасиј Велики

Личности

Култура

Во комплесот на Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица [2] секоја година за време на Велигденските празници традиционално се одржува Фестивалот „Велигденски средби“ на кој фестивал секоја година учествуваат преку дваесетина фолклорни ансамбли од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Турција.

Спорт

Во село Ораовица активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Изведен„ кој се натпреварува во „Општинска фудбалска лига - Радовиш„.

Иселеништво

Многу жители и семејства од с. Ораовица се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во Словенија, Италија, Грција, Германија, Швајцарија и Холандија.

Наводи

  1. Службен гласник на општина Радовиш, Број 13/2010, страна 9
  2. „Ограбени четири цркви и манастир“. Утрински Весник. Посетено на 2010-09-17. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

Туристички места

Во Ораовица исто така има едно туристичко место а тоа е манстирот Св Горги