Македонски парламентарни избори (1990): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 19:50, 14 јануари 2017

Македонски парламентарни избори, 1990
СР Македонија
- ←
11 ноември и 25 ноември 1990 → 1994

120 мандати во Собранието
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Партија ВМРО-ДПМНЕ СКМ-ПДП ПДП
Последни избори - - -
Освоени места 38 (1 прв круг и 37 втор круг) 31 (4 прв круг и 17 втор круг) 17 (13 прв круг и 4 втор круг)
Промена во местата 38 31 17
Добиени гласови 154,101 (прв круг)
238,367 (втор круг)
234.369 (прв круг)
220.748 (втор круг)
165.388 (прв круг)
58.046 (втор круг)
Удел 14,3% (прв круг)
29,9% (втор круг)
21,8% (прв круг)
27,7% (втор круг)
15,4% (прв круг)
7,3% (втор круг)

  Четврта партија Петта партија
 
Партија СРС СПМ
Последни избори - -
Освоени места 11 (1 прв круг и 10 втор круг) 4 (1 прв круг и 3 втор круг)
Промена во местата 11 4
Добиени гласови 142.564 (прв круг)
128.449 (втор круг)
77.123 (прв круг)
38.893 (втор круг)
Удел 13,3% (прв круг)
16,1% (втор круг)
7,2% (прв круг)
4,9% (втор круг)

Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг најмногу гласови освои дотогаш единствената и владејачка партија СКМ-ПДП, додека во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, која севкупно освои и најмногу мандати - 38.

Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември. Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.[1]

Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во југословенската федерација и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.

Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници.

Партија Прв круг Втор круг Вкупно мандати
Гласови % Мандати Гласови % Мандати
СКМ-ПДП 234.369 21,8 4 220.748 27,7 27 31
Партија за демократски просперитет 165.388 15,4 13 58.046 7,3 4 17
ВМРО-ДПМНЕ 154.101 14,3 1 238.367 29,9 37 38
Сојуз на реформски сили 142.564 13,3 1 128.449 16,1 10 11
Социјалистичка партија на Македонија 77.123 7,2 1 38.893 4,9 3 4
Партија за демократски просперитет / Народна демократска партија 62.628 5,8 4 13.326 1,7 1 5
МААК 42.926 4,0 0 8.803 1,1 0 0
Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка 32.799 3,0 0 31.236 3,9 6 6
Работничка партија 31.591 2,9 0 2.923 0,4 0 0
Македонска народна партија 26.151 2,4 0 4.829 0,6 0 0
Социјалдемократска партија на Македонија 16.972 1,6 0 1.656 0,2 0 0
Странка на Југословените 16.898 1,6 0 13.331 1,7 2 2
Демократски сојуз - Партија на земјоделците 13.230 1,2 0 4.829 0,6 0 0
Лига за демократија 13.097 1,2 0 2.707 0,3 0 0
Социјалистичка партија на Македонија / Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка 5.960 0,6 0 7.061 0,9 1 1
Народна демократска партија 4.597 0,4 0 4.105 0,5 1 1
Партија за целосна еманципација на Ромите / СПМ 3.757 0,3 0 3.961 0,4 1 1
Демократски сојуз на Турците 3.384 0,3 0 / / / 0
Демохристијанска партија на Македонија 2.779 0,3 0 / / / 0
Партија за целосна еманципација на Ромите 2.359 0,2 0 / / / 0
Работничко земјоделска партија на Македонија 1.896 0,2 0 726 0,1 0 0
МААК / ВМРО-ДПМНЕ 1.698 0,2 0 / / / 0
Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка / Социјалдемократска партија на Македонија 732 0,1 0 / / / 0
Сојуз на пензионерите на општина Битола 428 0,0 0 / / / 0
Независни пратеници 18.157 1,7 0 12.769 1,6 3 3
Неважечки гласови 60.144 5,3 34.476 4,1
Вкупно 1.135.728 100 24 831.218 100 96 120
Регистрирани гласачи/одзив[2] 1.452.072 77,2

Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година.

Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави влада, која на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.

Наводи

  1. Републичка изборна комисија: Конечни резултати од Изборите 1990, 1 стр.
  2. Во бројот на регистрирани гласачи се вклучени и 113.051 гласачи кои гласале со лични карти и други документи. Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 20 стр.

Надворешни врски