Луј Арагон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5: Ред 5:
| pseudonym =
| pseudonym =
| birth_name = Луј Андрије
| birth_name = Луј Андрије
| birth_date = {{birth-date|3 October 1897}}
| birth_date = {{birth date|1897|3|10|df=yes}}
| birth_place = Париз
| birth_place = Париз
| death_date = 24 декември 1982 (aged 85)
| death_date = {{death date and age|1982|12|4|1897|3|10|df=yes}}
| death_place = Париз
| death_place = Париз
| occupation =
| occupation =

Преработка од 18:12, 14 јануари 2017

Луј Арагон
Роден/аЛуј Андрије
10 март 1897(1897-03-10)
Париз
Починат/а4 декември 1982(1982-12-04) (возр. 85)
Париз
НационалностФранцузин
Значајни делаLes Lettres françaises, Pour un réalisme socialiste

Луј Арагон (француски: Louis Aragon, роден на 3 октомври 1897 во Париз - починал на 24 декември 1982 во Париз) — француски поет и романсиер, претставник на дадаизмот и надреализмот и член на академијата.

Биографија

Луј Арагон бил роден на 3 октомври 1897 година во Париз, како Луј Андрије. Пораснал со својата мајка и баба, верувајќи дека тие му се сестра и мајка. Татко му на Луј бил женет и 30 години бил постар од мајка му, па така Луј пораснал со убедување дека тој човек му е кум, а не татко. Дури на деветнаесет годишна возраст ја дознал вистината, пред да тргне како војник да се бори во Првата светска војна. Ниту мајка му ниту татко му не верувале дека синот ќе се врати од војната жив. Тоа што татко му никогаш не го признал оставило длабока трага на поезијата на Арагон во годините што следувале.

Од 1919 до 1924 година, Арагон се приклучил на движењето дадаизам, активно дружејќи се со париските дадаисти. Со Андре Бретон во 1924 година станал еден од основачите на надреалистичкото движење, и оттогаш го употребувал своето литературно име Арагон. Ги објавил првите песни и романот „Селанец од Париз“. Во текот на 20-те години заедно со цела група надреалисти се приклучил на Комунистичката партија на Франција. Од 1933 година започнал да пишува и за партискиот весник. Во текот на 1930 година го посетил Советскиот Сојуз и од 1933 година неговата посветеност на партијата го води до раскинување со надреалистите, кое кулминирало со Светскиот конгрес на писатели за одбрана на културата (1935 година), каде што жестоко му се спротивставил на неговиот пријател Андре Бретон. И покрај таквиот настап, Арагон и самиот често го критикувал Советскиот Сојуз. Од 1933 до 1944 Арагон го напишал романот „Реален свет“ во четири тома, каде ја опишал историската перспектива на класната борба. Со соцреализам продолжил да се занимава и во следните дела, а потоа создал три романи што се своевидна биографија поврзана со комунистичкото движење. Покрај тоа пишувал и патриотски песни, кои ги објавувал во текот на Втората светска војна, но и љубовна поезија посветена на својата жена Елза, сестра на Љиља Брик (љубовницата на Мајаковски), со која се оженил во 1939 година. Пред и во текот на Втората светска војна Елза соработувала со него во весниците на левицата, а во текот на окупацијата била во илегала.

За време на војната, Арагон станал член и на Движењето на отпорот, а пишувал и за еден илегален весник. Во последните поеми често се навраќал на сеќавањето од тоа движење. Станал еден од најважните комунистички интелектуалци, а од 1950 година станал и член на централниот комитет на партијата. Покрај новинарските активности, поврзани главно за неговото политичко дејствување, Арагон во текот на 50-те години станал водач на Обединетите француски издавачи, кои објавувале француски и советски автори. Во почетокот на 60-те започнал да објавува и други писатели, Мајаковски, Јевтушенко и Криста Волф.

По смртта на сопругата Елза во 1970, Луј Арагон ја напуштил и издавачката куќа и се вратил кон надреализмот. Во последната деценија од животот објавил уште два романи. Починал на 24 декември 1982 година, а погребен е покрај својата сопруга во паркот на својот имот.