Брза храна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35: Ред 35:
Се смета дека Соединетите Американски Држави ја имаат најголемата индустрија за брза храна во светот, а американските ресторани за брза храна имаат свои претставништва во преку 100 земји низ светот. Приближно 4,7 милиони работници во Соединетите Американски Држави се вработени во индустријата за подготовка на храна и служење на храната, вклучувајќи ја брзата храна.<ref name="bls.gov">{{cite web | url=http://www.bls.gov/ooh/food-preparation-and-serving/food-and-beverage-serving-and-related-workers.htm | title=BLS.gov: Food and Beverage Serving and Related Workers | date=December 17, 2015 | accessdate=April 6, 2016}}</ref>
Се смета дека Соединетите Американски Држави ја имаат најголемата индустрија за брза храна во светот, а американските ресторани за брза храна имаат свои претставништва во преку 100 земји низ светот. Приближно 4,7 милиони работници во Соединетите Американски Држави се вработени во индустријата за подготовка на храна и служење на храната, вклучувајќи ја брзата храна.<ref name="bls.gov">{{cite web | url=http://www.bls.gov/ooh/food-preparation-and-serving/food-and-beverage-serving-and-related-workers.htm | title=BLS.gov: Food and Beverage Serving and Related Workers | date=December 17, 2015 | accessdate=April 6, 2016}}</ref>


==Храна за носење==
==Во продолжение==
[[File:20070509 Rock 26 Roll McDonalds from 7th fl of Sports Authority.jpg|thumb|Мек Доналдс во Чикаго]]
[[File:20070509 Rock 26 Roll McDonalds from 7th fl of Sports Authority.jpg|thumb|Мек Доналдс во Чикаго]]
Продавниците за брза храна им овозможуваат на потрошувачите да си ја земат храната со себе, а често таа услуга им овозможува да нарачаат и да ја подигнат храната без да излезат од своите автомобили. Денес, продавниците за брза храна имаат по неколку маси (надвор и внатре) каде може да се изеде храната на лице место.


Брзата храна станала популарна поради тоа што не бил потребен традиционален прибор за јадење. Најчесто, менито за брза храна вклучуваЧ [[риба и чипс]], [[сендвич]]и, [[пита|пити]], [[хамбургер]]и, пилешко, [[помфрит]], [[пилешки прсти]], [[такос]], [[пица]], [[хот дог]] и [[сладолед]], a некои ресторани за брза храна нудат и чили, пире од компири и салати.
Во продавниците за брза храна се наоѓаат снабдувачи за носење на храната, често со услуга која им овозможува на купувачите да си нарачаат и да си ја подигнат од своите автомобили, но исто така мора да има област во која што купувачите ќе може да ја јадат својата храна на соодветно место.


Брза храна може да се купи и на бензиските пумпи, кои најчесто продаваат спакувани сендвичи, крофни и друг вид храна.
Рано од својот почеток, брзата храна беше создадена со цел да се изеде на брзина, начин во кој не се бара за употреба традиционален прибор за јадење, и е изедена само со прсти.
Познатото мени за брза храна во продавниците ги вклучува прженото компирче и пржената риба, сендвичи, пити, хамбургери, пилешко, помфрит, пилешки прсти, такос, пица, хот дог и сладолед, иако многи ресторани за брза храна нудат “побавна” храна како што е чили, пире од компири и салати.


„Уличната храна“ е достапна насекаде низ светот, и обично се продава од количка, тезга, скара или моторно возило. Во некои култури, типично за уличните продавачи е да ги извикуваат цените, да пеат или да пуштаат музика.
===Бензинки пумпи===

Многу станици за бензин и гас имаат драгстори (отворени продавници нонстоп) кои што продаваат спакувани сендвичи, крофни и друга топла храна. Исто така, многу други бензински пумпи во Соединетите Американски Држави продаваат замрзната храна, а воедно имаат и микробранови печки за да можт да ја подготват и загреат храната.

===Улични продавачи и намалување===

Традиционалната улична хрна е достапна насекаде низ светот, обично со мали работници и продавачи кои што работат од количка, тезга, пренослива скара или моторно возило. Познати примери кои ги вклучуваат овие примери се продавачи на тестенини, продавање хот дог од количка во Њујорк и приколки за тако. Ваквиот начин на продавање е сличен на филипинскиот живот. Вообичаено, уличните продавачи обезбедуваат живописен и разновиден опсег на опции создаден за брзо реагирање на минувачите и привлекување на нивнто внимание што е можно повеќе.
Зависно од локалот, многубројните улични продавачи можат да специјализираат во одредени карактеристики на храната на дадена култура или етничка традиција. Во некои култури, типично за уличните продавачи е да ги извикуваат цените , да пеат или да се повикуваат на продажни цени, да пуштаат музика, или да се впуштат во претворање на “улични театралци” се со цел да се здобијат со перспективни купувачи. Во некои случаи, ова може да складира повеќе внимание отколку самата храна, затоа некои други продавачи претставуваат друга форма на туристичка атракција.


==Кујна==
==Кујна==

Преработка од 05:47, 2 јануари 2017

Типичен оброк во САД
Гиро
Податотека:Wall Food 10056 (15825288372).jpg
Пица

Брза храна e термин за храната која што може да биде подготвена и сервирана за многу брзо време. Додека еден оброк со кратко време на подготовка може да се смета за брза храна, својствено терминот соодветствува на храна продадена во ресторан или во продавница, со состојки претходно загреани или претходно приготвени и на тој начин сервирани на купувачот во спакувана форма за носење. Терминот „брза храна“ (Fast Food) постои во речникот на Мериам Вебстер од 1951 година.

Продажните места на брза храна може да бидат на плажа или да се во вид на трафики, каде што може да нема обезбедено покрив над глава за купувачите, или пак места за седење.[1] Овде спаѓаат и рестораните за брза храна. Синџирите на ресторани стандардизираа прехранбени производи испорачани до секој ресторан од централните локации, што претставува брза храна.[2]

Брзата храна често се конзумира како замена за готвена домашна храна. Брзата храна е богата со мрснотии, шеќери, сол и калории.[3] Ако често се конзумира брза храна, може да се појават сериозни заболувања, како на пример, покачен холестерол.[4][5][6][7]

Историја

Концептот за брзо подготвена храна за продажба е тесно поврзан со урбаниот развој. Во Стар Рим, градовите имале улици каде што се продавале храна и пијалаци.[8] Во Источна Азија, во продавниците за брза храна се продаваат тестенини. Продавници или ресторани за брза храна постојат во градовите од Средниот Исток, во Индија и во Африка.

Европа

Во градовите на античкиот Рим, поголемиот дел од населението живееле во инсули, згради во кои имало повеќе станови. Жителите зависеле од продавачите на храна за поголемиот дел од своите оброци. Наутро јаделе леб потопен во вино како мала ужинка, а зготвен зеленчук и чорби подоцна во текот на денот.[9] Во Среден век, во големите градови и урбаните места како што се Лондон и Париз, постоеле голем број продавачи кои што продавале брза храна, како што се пити, пасти, колач, вафли, палачинки и зготвени меса. Како и во римские градови за време на антиката, овие продавачи ги снабдувале со јадење оние кои што немале средства за готвење на храна, особено луѓето кои живееле сами. За разлика од богатите градски семејства, многумина не можеле да си дозволатда изнајмат дом со кујнска опрема, па јаделе брза храна. Патниците биле исто така чести гости во ваквите ресторани.[10]

Велика Британија

Риба и чипс

Во областите кои имале пристап до крајбрежјето, брзата храна често вклучувала морски плодови или морска храна, како што е остригата, a во Лондон, јагулата. Честопати оваа морска храна би била готвена директно на кејот или во близина.[11] Со развојот на рибарскиот брод кон средината на 19 век, се појавило и омилената брза храна во Велика Британија, риба и чипс.

Британската брза храна има значајна регионална варијација. Понекогаш регионалноста на садовите стануваше дел од културата на својата почитувана област. Содржината на брзата храна варираше, со живина (како што е пилешкото), или пердувест дивеч, најчесто користејќи ги заедно. По Втората светска војна, мисирката почесто се користеше во брзата храна.[12][13]

Денес во Британија постојат повеќе варијанти на брза храна, што вклучува разни видови на сендвичи, печено пилешко, но и храна од другите кујни, како ќебапи и пица.

Соединетите Американски Држави

По Првата светска војна, во Америка се појавиле кино сали и ресторани, каде се влегувало со автомобил. Американската компанија „Бел замок“ (White Castle) од Канзас, во 1921 година била втората продавница за брза храна, и првиот ланец за хамбургери, кој што се продавал по цена од само пет центи.[14] Волтер Андерсон го отворил првиот ресторан „Бел замок“ во Вичита, во 1916 година, воведувајќи ограничено мени, ниски цени, и хамбургер што бил брзо подготвуван.[15] Покрај сите останати иновации, потрошуачите можеле да гледаат како им се подготвува храната.

Домашна достава на храна била воведена во доцните дваесетти години од 19 век, а во 1940-те години доставувачите користеле ролшуи.[16]

Се смета дека Соединетите Американски Држави ја имаат најголемата индустрија за брза храна во светот, а американските ресторани за брза храна имаат свои претставништва во преку 100 земји низ светот. Приближно 4,7 милиони работници во Соединетите Американски Држави се вработени во индустријата за подготовка на храна и служење на храната, вклучувајќи ја брзата храна.[17]

Храна за носење

Мек Доналдс во Чикаго

Продавниците за брза храна им овозможуваат на потрошувачите да си ја земат храната со себе, а често таа услуга им овозможува да нарачаат и да ја подигнат храната без да излезат од своите автомобили. Денес, продавниците за брза храна имаат по неколку маси (надвор и внатре) каде може да се изеде храната на лице место.

Брзата храна станала популарна поради тоа што не бил потребен традиционален прибор за јадење. Најчесто, менито за брза храна вклучуваЧ риба и чипс, сендвичи, пити, хамбургери, пилешко, помфрит, пилешки прсти, такос, пица, хот дог и сладолед, a некои ресторани за брза храна нудат и чили, пире од компири и салати.

Брза храна може да се купи и на бензиските пумпи, кои најчесто продаваат спакувани сендвичи, крофни и друг вид храна.

„Уличната храна“ е достапна насекаде низ светот, и обично се продава од количка, тезга, скара или моторно возило. Во некои култури, типично за уличните продавачи е да ги извикуваат цените, да пеат или да пуштаат музика.

Кујна

Модерната рекламна брза храна најчесто е прозиведена на високо ниво и е поготвена во модерната индустрија, односно на високо ниво со стандардизирани состојки и стандардизирани готвачки и производни методи. Најчесто се пакуваат на брзина во хартии, ќеси или во пластична хартија за пакување, при што се намалува цената. Во најголем број раководења со брзата храна, артиклите во менито генерално се направени од произведени состојки подготвени со главната опрема за состојки и тогаш пренесени до индивидуални продавници каде што се подгреваат, се готват (најчесто со микробранова печка или пржење) или се собираат за мал период на време. Овој процес обезбедува постојано ниво на квалитетен прозивод, а воедно претставува и клуч за способноста да ја пренесуваш нарачката брзо до нарачателот, а со тоа да го елиминираш трошокот за труд и опрема во самостојните продавници.

Поради брзиот нагласок за рекламите, еднаквоста и ниската цена, производите на брзата храна најчесто се направени од состојки формулирани да постигнат одреден вкус и густина, како и да обезбедат свежина.

Варијанти

Иако со брза храна најчесто на ум ни доаѓа традиционалната американска храна како што е хамбургерот и компирчињата, има многу други разни форми на брзата храна кои се широко распространети и популарни на Западот. Кинеските ресторани се значително популарни. Тие најчесто нудат голема разновидност на азиска храна (не секогаш кинеска), што најчесто е помфрит. Најчесто распространети се разни видови на тестенини, ориз или месо. Во некои случаи, храната е претставена како самопослужување. Купувачот ја избира големината на кутијата што сака да ја купи, а потоа е слободен да ја наполни со негов избор на храна. Можно е да искомбинира неколку опции во една кутија, додека некои продавници наплаќаат според тежината, а не според прозиводот.

Разни видови на суши

Многу од овие ресторани нудат бесплатна достава за купувачите доколку направат сума над некоја одредена вредност.

Популарноста на сушито во последно време се чини како да расте. Некаков вид на брза храна создадена во Јапонија го прави сушито да изгледа како ладен леплив и зачинет ориз со сладок оцет, сервирано со некаков гарнир (најчесто риба), или пак, како што е најпопуларно во Кина-виткано во роли и полнето со фил. Овој фил најчесто е со риба, пилешко или кисели краставички.

Најчесто употребувана брза храна во Соединетите Американски Држави е пицата, со синџири како што се Papa Johns, Domino's Pizza, Sbarro and Pizza Hut. Овде менито е по ограничено и стандардизирано за разлика од традиционалните пицерии и пица- доставите. Ќебап е назив за брза храна во рестораните на Средниот Исток, особено во Турција и Лебанон. Месото е сервирано на затоплено лепче со салата, со избор на сос и прелив. Овие ќебапи се разликуваат од шиш ќебапите сервирани на стапчиња. Овие продавници за ќебапи се лоцирани насекаде низ светот, особено во Европа, Нов Зеланд и Австарлија, но се наоѓаат и во С А Д.

Продавниците за пржена риба и пржени компирчиња се вид на брза храна која што најмногу е распространета во Велика Британија, Нов Зеланд и Австралија. Рибата е здробена и потоа сервирана со пржен компир.

Јагнешки ќебап

Германците пак, имаат свои видови на брза храна. Еден оброк брза храна кај нив се состои од една порција пржен компир, со прелив и некој вид на месо. Најчестиот прелив кој што го употребуваат со пржениот компир е мајонезот, а друг вид на прелив може да биде кечап или зачинет кечап или пак сос од кикиритки. Понекогаш пржениот компир е сервиран со различни комбинации на сосови, најчесто тие се: мајонез, (не)зачинет кечап и исецкан кромид ; мајонез со сос од кикиритки (понекогаш и со кечап и исецкан кромид). Месото е некаков вид пржено месо; ова вклучува frikandel (фрикандел- тенко пржено месо со миксиран сос) и крокети (пржено поховано месо).

Во Португалија, има неколку видови на локална брза храна и специјализирани ресторани за ваквиот вид на кујна. Едно од најпопуларното јадење е познатото „франго асадо“ (пилешко на скара претходно маринирано), „еспетада“ (сочна мисирка или свинско месо на две стапчиња) и „бифанас“ (свински котлети со специфичен сос сервирани како сендвич). Ваков вид на храна честопати е сервиран со пржен компир, некои меѓународни синџири почнаа да се појавуваат како специјализирани во некои од типичните португагалски јадења како што е Nando’s (Нандос) .

Бизнис

Само во Соединетите Американски Држави, конзумерите во 2000 година на брза храна потрошија околу 110 милиони американски долари (што пред тоа во 1970 година изнесувало 6 милиони американски долари). Здружението за Национални Ресторани предивиди дека рестораните за брза храна во С А Д, во 2006 година ќе достигнат продажба од 142 милиони американски долари, што е 5 % пораст од 2005 година. Во споредба со нив, рестораните кои што работат со целосна услуга во светската индустрија се очекува да направат продажба од 173 милиони долари. Рестораните за брза храна почнаа да губат дел од пазарот од обичните ресторани, кои што нудат по здрава и скапа кујна.

Глобализација

Во 2006 година, порастот на глобалниот пазар за брза храна порасна за 4,8% и со тоа достигна вредост од 102,4 милиони долари и големина од 80,3 милиони трансакции. Само во Индија, индустријата за брза храна расте за 41% годишно.[18]

McDonald’s (Мек Доналдс) е лоциран во 126 држави и на 6 континенти, а може да се пофали со 31.000 ресторани низ светот.[19]

На 31 јануари 1990 година, Мек Доналдс отвори ресторан во Москва, и со првиот ден го руши рекордот за услужени купувачи. Овој ресторан во Москва е најзафатениот во цел свет. Најголемиот Мек Доналдс ресторан во светот се наоѓа во Пекинг, главниот град на Кина.

Има многу голем број на ресторани за брза храна низ светот. Burger King (Бургер Кинг) има повеќе од 11.000 ресторани во повеќе од 65 држави. KFC е лоциран во повеќе од 25 држави. Subway (Сабвеј) е еден од рестораните кој што најбрзо се развил. Од мај 2009 година, во повеќе од 90 држави се изградени приближно 39.129 ресторани. Pizza Hut(Пица Хат) се наоѓа во над 97 земји, од кои 100 локации се наоѓаат во Кина. Taco Bell (Тако Бел) брои 278 ресторани лоцирани во 14 земји, без Соедиентите Американски Држави.

Критика

Синџирите на брзата храна дојдоа до пресврт од некои групи на потрошувачите, како што е Центарот за наука на Јавниот интерес. Долго време имаше критики во врска со Fast food, како што се калоричните производи и големините на порциите. Во 2001 година, истражувачката работа на Eric Schlosser (Ерик Склозер) – Fast Food Nation, им обезбеди на американците детален поглед на културата на брзата храна од најниско па се до највисоко рангираните. Во 2008 година, Caeser Barber се обиде да тужи голем број на ресторани со брза храна затоа што направиле тој да се здебели. Случајот никогаш не излезе пред суд. Многу научници ја истакнаа значајноста на брзата храна во многу урбани легенди, кои што предвидуваат дека модерните потрошувачи имаат амбивалентни врски со Fast food, особено децата. Оваа вина е предвидена со храна, каде чудни измислици со загадување и невнимателност се крајно поверувани.

Друга загризжувачка работа е порастот на Slow Food, или движењата на локалната храна. Овие движења трагаат по обезбедување на локална кујна и состојки и со тоа директно се спротивставуваат на законите и навиките и го карактеризираат изборот на брзата храна. Застапниците на движењата на Slow food се обидуваат да ги едуцираат потрошувачите за тоа- што нивните членови сметаат дека е богата храна, по различни вкусови на освежителност, локални состојки кои до неодамна биле нажнеани. Во Јапонија, нагласувањето се базира на образованието за исхранувањето и прозиводството, наречено „шокоику“. Владата не учевствува во кампањата против личните одлуки, но убедува дека секој жител разбира од каде доаѓа храната.

Здравствени прашања

Во согласност со Комитетот за Медицинско Здружение за Исхрана во Масачусетс, брзата храна е особено висока во дебела содржина, а некои студии создадоа здруженија помеѓу конзумирањето на брзата храна и здобивањето на тежината. Во 2006 година се направила студија со која се хранат мајмуни со диета која содржи слично ниво на калории како што би изедил човек кој се исхранува со брза храна. Двете диети имаа ист број на калории. Двете произведија знаци на инсулинска издржливост, кое што претставува рана фаза на дијабетис. По 6 години од оваа диета, мајмуните се здобиваат со 7.2% тежина, во споредба со само 1.8% од оние кои беа заситени.

Директорот на програмата за згоеност на детската болница во Бостон, Дејвид Лудвиг тврди дека потрошувачите на брзата храна го зголемија конзумирањето на калориите, промовирајќи зголемена тежина, и огромен ризик за дијабетичарите. Центрите за контрола и спречување на повреди ја рангираа згоеноста на високо место во 2003 година. Претставува втора причина за неспречива смрт во Соединетите Американски Држави и резултира со 400.000 смртни случаи секоја година. Околу 60 000 возрасни американци се класифицирани како дебели, во споредба со 127 000 кои се со прекумерна тежина. Здравствените прашања поврани со економските причини за згоеност исчезнуваат што се однесува до здравствената нега. Според студија во 2003 година во Јужна Каролина, цената на здравствена нега во Америка изнесува 93 милиони долари годишно, главно од два типа на дијабетис и срцева болест, двете поврзани со згоеноста.

Претераните калории се уште еден проблем кој е поврзан со брзата храна. Според B. Lin(Б. Лин) и E. Frazao(Е.Фразао), од Одделот за Земјоделство, тврдат дека процентот на калории во конзумирањето на брзата храна се зголеми од 3% на 12% од вкупните калории конзумирани во С А Д. Редовен оброк во Мек Доналдс се состои од Big Mac (Биг Мек), голем помфрит, голема кока кола, а сето тоа содржи 1.430 калории. Диета која содржи приближно 2 000 калории се смета за здрав диета за еден ден ( кое може да биде различна за секој зависно од неколку фактори како што се возраста, тежината, височината, физичката активност и полот).

Во еден истражувачки експеримент направен од педијатри, 6 212 деца и адолесценти на возраст од 4 до 19 години беа испитувани за да откријат некои информации за брзата храна. По интервјуто со испитаниците за експериментот, беше откриено дека на даден ден, 30.3% од учесниците конзумираат fast food. Конзумирањето на брза храна беше распространето и кај машките и кај женските, кај сите етнички групи, и во сите региони од државата. Децата кои јадат брза храна, споредбено од оние што не јадат, имаат поголема тежина, повеќе јагленохидрати и засладени пијалоци.

Исто така, оние кои конзумираат брза храна, во организмот внесуваат помалку млеко, овошје и зеленчук.

По прегледот на тест резултатите, истражувачите заклучија дека конзумирањето на брза храна од страна на децата се чини дека има негативен ефект на диетата на поединецот, со тоа што може значително да го зголеми ризикот на згоеност. Просечно една третина од децата во Соединетите Американски Држави на возраст од 4 до 19 години јадат брза храна секој ден. Со текот на годините, оваа лоша навика прави децата да се здобиваат со плус 6 килограми годишно.

Контроверзноста на Цезар Барбер

Цезар Барнер (роден во 1945 година) е американец кој стана познат по своите обиди да ги тужи синџирите на McDonalds, Burger King, Wendy's и KFC поради тоа што го направија зависен од нивната храна, а тоа резултираше со прекумерна тежина. За време на судењето, Барбер беше 57 години и имаше 123 килограми. Тој беше медицински згоен, страдаше од дијабетис и имаше два срцеви удари. Живееше во Бронкс. По некој приод тој јадеше брза храна 4 до 5 пати неделно.

“Им ги препишувам сите мои (здравствени проблеми) на McDonalds, Burger King, Wendy's и KFC- немаше брза храна која не ја јадев, а јадев многу често, не поради тоа што бев сам, туку затоа што не сум добар готвач, а и беше многу брзо. Беше потреба, мислам дека ме убиваше, мојот доктор викаше дека ме убива, а јас не сакав да умрам”.

Неговиот адвокат, Samuel Hirsch (Семуел Хирч), се надеваше дека со овој случај ќе го подобри својот статус, а притоа ќе има можност да суди во име на сите со прекумерена тежина во Њујорк. Повеќе од 30% од американците се со прекумерена тежина, 30% од тие се згоени, а повеќе од половината јадат редовно во Мек Доналдс.

Хирч се отповика на тоа да ги прогласи Фирмите на McDonalds, Burger King, Wendy's и KFC за одговорни и виновни во поставувањето на нивните информации за исхраната. Тој кажа дека тие мораат да нудат поздрави опции на нивното мени, и дека тие создаваат фактор на зависност кај нивните потрошувачи, особено кај сиромашните и децата.

“Немаш потреба од никотин или некоја друга дрога за да станеш зависен, ти создаваш желба. Мислам дека ке дознаеме дека индустријата на брзата храна не беше во целост во конфликт со потрошувачите”.

Наводи

  1. Jakle, John (1999). Fast Food: Roadside Restaurants in the Automobile Age. Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-6920-X.; Brueggemann, Walter (1993). Texts Under Negotiation: The Bible and Postmodern Imagination. Fortress Press. ISBN 0-8006-2736-9.
  2. Talwar, Jennifer (2003). Fast Food, Fast Track: Immigrants, Big Business, and the American Dream. Westview Press. ISBN 0-8133-4155-8.
  3. Hellesvig-Gaskell, Karen. „Definition of Fast Foods | LIVESTRONG.COM“. LIVESTRONG.COM. Посетено на May 3, 2016.
  4. Pietrangelo, Ann; Carey, Elea. „13 Effects of Fast Food on the Body“. Healthline. Посетено на March 20, 2016.
  5. „Susan Cohan Colon Cancer Foundation: Prevention: Eating Well/Diet“. coloncancerfoundation.org. Посетено на 2016-08-16.
  6. Publications, Harvard Health. „Red meat and colon cancer - Harvard Health“ (англиски). Посетено на 2016-08-16.
  7. „Snacking on sweets, fast food and fizzy drinks is linked to bowel cancer for the first time“. Посетено на 2016-08-16.
  8. „Ancient Romans preferred fast food“. ABC Science. Посетено на 30 June 2016.
  9. Stambaugh, John E. (1988). The Ancient Roman City. JHU Press. стр. 200, 209. ISBN 978-0-8018-3692-3.
  10. Carling, Martha (2003). Food and Eating in Medieval Europe. Bloomsbury Academic. стр. 27–51. ISBN 978-1852851484.
  11. BBC (2006-08-31). „Eel and pie shop“. BBC. Посетено на November 24, 2007.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Mail.
  13. "Bacon butties, roast dinners and a cuppa: 50 things we love best about Britain show we're a nation of food lovers". Daily Mail. Retrieved 3 November 2016
  14. National Public Radio (2002). „The Hamburger“. NPR. Архивирано од изворникот на September 11, 2002. Посетено на November 23, 2007.
  15. James P Farrell. „The Evolution of the Quick Service Restaurant“. A Management Consultant @ Large. Посетено на February 14, 2008.
  16. Mcginley, Lou Ellen (2004). Honk for Service, a Man, a Tray, and the Glory Days of the Drive-in. Tray Days Publishing. ISBN 978-0615126975.
  17. „BLS.gov: Food and Beverage Serving and Related Workers“. December 17, 2015. Посетено на April 6, 2016.
  18. „Worldwatch Institute“.
  19. „The Fast Food Factory“.

Надворешни врски