Региони во Нов Зеланд: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 12: | Ред 12: | ||
Податотека:Regions of NZ Numbered.svg|Региони во Нов Зеланд |
Податотека:Regions of NZ Numbered.svg|Региони во Нов Зеланд |
||
poly 190 55 177 64 150 27 153 21 138 4 152 2 151 10 157 16 183 25 190 46 186 49 [[ |
poly 190 55 177 64 150 27 153 21 138 4 152 2 151 10 157 16 183 25 190 46 186 49 [[Нортленд|Нортленд]] |
||
poly 190 55 177 65 190 90 206 85 204 73 195 73 197 60 [[Окленд_(регион)|Окленд]] |
poly 190 55 177 65 190 90 206 85 204 73 195 73 197 60 [[Окленд_(регион)|Окленд]] |
||
rect 148 67 160 82 [[Окленд_(регион)|Окленд]] |
rect 148 67 160 82 [[Окленд_(регион)|Окленд]] |
||
Ред 47: | Ред 47: | ||
! align="right" bgcolor="#f2f2f4" | [[ISO 3166-2:NZ|ISO 3166-2]] |
! align="right" bgcolor="#f2f2f4" | [[ISO 3166-2:NZ|ISO 3166-2]] |
||
|- |
|- |
||
|align="center"|1 || [[ |
|align="center"|1 || [[Нортленд]] || Регионален совет на Нортленд || [[Фангареи]] || [[Северен Остров|Северен]] || align="right"|13.941 || align="right"|{{НЗ население-податоци|Northland Region|y}} || align="right"|<code>NZ-NTL</code> |
||
|- |
|- |
||
|align="center"|2 || [[Окленд (регион)|Окленд]] || Оклендски совет || [[Окленд]] || [[Северен Остров|Северен]] || align="right"|5.600 || align="right"|{{НЗ население-податоци|Auckland Region|y}} || align="right"|<code>NZ-AUK</code> |
|align="center"|2 || [[Окленд (регион)|Окленд]] || Оклендски совет || [[Окленд]] || [[Северен Остров|Северен]] || align="right"|5.600 || align="right"|{{НЗ население-податоци|Auckland Region|y}} || align="right"|<code>NZ-AUK</code> |
Преработка од 13:14, 10 декември 2016
Регион (англ. region) е формален термин за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални власти (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни управи. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од индивидуална територијална власт на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските Острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербери. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните единици, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.
Должности
Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биосигурност или справување со штетници; додека територијалните власти се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат.
Региони
Регион | Регионален совет | Админ. центар | Остров | Површина (км²)[1] | Население[2] | ISO 3166-2 | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Нортленд | Регионален совет на Нортленд | Фангареи | Северен | 13.941 | 179,100 | NZ-NTL
| |
2 | Окленд | Оклендски совет | Окленд | Северен | 5.600 | 1,695,900 | NZ-AUK
| |
3 | Ваикато | Околина Ваикато | Хамилтон | Северен | 25.598 | 468,800 | NZ-WKO
| |
4 | Залив Пленти | Регионален совет на Заливот Пленти | Факатане | Северен | 12.447 | 305,700 | NZ-BOP
| |
5 | Гизборн (1) | Регионален совет на Гизборн | Гизборн | Северен | 8.351 | 49,100 | NZ-GIS
| |
6 | Хоков Залив | Регионален совет на Хоковиот Залив | Непиер | Северен | 14.164 | 165,900 | NZ-HKB
| |
7 | Таранаки | Регионален совет на Таранаки | Стратфорд | Северен | 7.273 | 119,600 | NZ-TKI
| |
8 | Манавату-Вангануи | Регионален совет Хорајзонс | Палмерстон Норт | Северен | 22.215 | 243,700 | NZ-MWT
| |
9 | Велингтон | Регионален совет на Велингтон | Велингтон | Северен | 8.124 | 521,500 | NZ-WGN
| |
10 | Тасман (1) | Окружен совет на Тасман | Ричмонд | Јужен | 9.786 | 52,100 | NZ-TAS
| |
11 | Нелсон (1) | Градски совет на Нелсон | Нелсон | Јужен | 445 | 51,900 | NZ-NSN
| |
12 | Марлборо (1) | Окружен совет на Марлборо | Бленем | Јужен | 12.484 | 46,600 | NZ-MBH
| |
13 | Западно Крајбрежје | Регионален совет на Западното Крајбрежје | Грејмаут | Јужен | 23.336 | 32,600 | NZ-WTC
| |
14 | Кантербери | Регионален совет на Кантербери | Крајстчерч | Јужен | 45.346 | 624,000 | NZ-CAN
| |
15 | Отаго | Регионален совет на Отаго | Данидн | Јужен | 31.990 | 229,200 | NZ-OTA
| |
16 | Саутленд | Регионален совет на Саутленд | Инверкаргил | Јужен | 34.347 | 99,100 | NZ-STL
| |
(1) Овие региони се унитарни управни единици. |
Области вон регионалните граници
Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските Острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадек и субантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.
Раководство
Советите се бираат со јавно гласање секои три години.
Поврзано
- Територијални единици во Нов Зеланд
- Административна поделба на Нов Зеланд
- Список на градови во Нов Зеланд
Наводи
- ↑ Густина на живеење: Табела 1, Статистики за живеалишта, Статистика Нов Зеланд. проверено на 25 јануари 2009 (англиски) Површината се смета според границите утврдени во 2001 г. Не се вбројани водни површини поголеми од 15 хектари.
- ↑ „Проценки на населението во управните единици: Состојба на 30 јуни 2018 г. (провизорно)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018. За градски подрачја, „Проценки на населението во управните единици (UA, AU), по возраст и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-18 г. (по граници од 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018.
Надворешни врски
- Карта (англиски)
- Населенија и зафатнини (англиски)
|
Административна поделба на Нов Зеланд
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Државно ниво | Кралство Нов Зеланд | ||||||||||
Државно ниво | Нов Зеланд | Токелау | Кукови Острови | Ниуе | Росова Зависност | ||||||
Региони | 12 неунитарни региони | 4 унитарни региони | Четемски Острови | Кермадек | Подантарктички Острови | ||||||
Територијални единици | 16 градови и 57 окрузи | ||||||||||
Белешки | Некои окрузи се протегаат низ повеќе од еден регион | Тука регионалните и територијалните единици се споени во едно | Специјална територијална единица | Места вон регионалните единици; овие, плус Четемските Острови и Соландеровите Острови, од Оддалечените острови | Земји под управа на Нов Зеланд | Држави во слободно здружение со Нов Зеланд | Нов Зеланд се повикува на правото на оваа територија, но разрешувањето е замрзнато со Антарктичкиот договор |