Јужнокинеско Море: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с додадена Категорија:Јужнокинеско Море користејќи го HotCat
Ред 9: Ред 9:
[[Категорија:Мориња во Азија]]
[[Категорија:Мориња во Азија]]
[[Категорија:Мориња во Тихиот Океан]]
[[Категорија:Мориња во Тихиот Океан]]
[[Категорија:Јужнокинеско Море| ]]

Преработка од 03:33, 25 ноември 2016

Јужнокинеското Море

Јужнокинеското Море е најголемото море на работ на западниот Тихи Океан, кое се простира на над 2.700 км околу југоисточниот раб на копнена Азија. Двата разграноци на морето, Тонкинскиот Залив и Тајландскиот Залив се наоѓаат во југоисточна Азија. Североисточниот дел на ова море, во близина на Филипините, се наоѓа над длабок подморски басен во облик на баклава, чиј најтесен дел е познат како Јужнокинески Басен. Во неговиот северен дел се наоѓа широка област на континентален подводен гребен што се протега дури на 240 км од брегот на Кина и Виетнам и ги опфаќа Тајванскиот Проток и Тонкинскиот Залив. На југ подводниот гребен се стеснува близу до Јужен Виетнам, а потоа се соединува со Сундскиот подводен гребен, една од најголемите области на континентален подводен гребен во светот, кој се наоѓа под целиот јужен дел на Јужнокинеското Море. На овој подводен гребен се наоѓаат многу мали острови и архиепелази. Климата во Јужнокинеското Море е позната по монсуните и летните тајфуни. Годишното количество дожд достигнува дури до 4.000 мм во некои делови на Сундскиот Подводен Гребен. Риболовот и поморскиот сообраќај имаат големо економско значење. Рибите уловени во Јужнокинеското Море имаат дури 50% од животинските белковини кои во исхраната ги внесуваат жителите на Југоисточна Азија. Главни пристаништа и трговски центри крај ова море се: Хонгконг, Манила, Хо Ши Мин, Сингапур и Бангкок.